Естетски суд

»Nemo auditur turpitudinem suam allegans.-Никој не може да се повикува на сопственото нечесно дело (барајќи нешто).

Така исто и Грција не може да се повикува на тоа дека најголем дел од Македонија е на нејзина територија, откако ја аннектира ова територија со воена сила. Тоа е во спротивност со член 2. став 4 од Повелбата која што забранува употреба на сила. Ова норма е ius cogens. Ова е општопознато и не треба да се докажува.

Доколку Меѓународниот суд на правдата во своето мислење рече дека Западна Сахара не била terra nullius[1], a fortiori; европска Македонија никогаш не била terra nullius.

Значи, не само што Грција противправно бара промена на името и го крши правото на самоопредлување, туку од денот на стапувањето на сила на Виенската конвенција за договорно право, Грција противправно го држи и анектираниот дел од Македонија, а договорот за прекин на огнот од Букурешт 1913[2] на тој ден престанал да важи:

»Njezin članak 64, nadalje propisuje da: »Ako nastane nova imperativna norma općeg međunarodnog prava, svaki ugovor koji je suprotan toj normi postaje ništav i prestaje« Taj retroaktivni učinak novih imperativnih pravila na postojeće ugovore proteže se mutatis mutandis i na partikularna običajna pravila, na jednostrane akte država, te općenito na sva stečena subjektivna prava država.«[3]

Доколку добро го разбравме проф. д-р Денко Малески[4], тој е очајно лут на авторот на Привремената согласност:

„Денес, на 73 годишна возраст, Макферлејн е повторно замешан во контроврзен потфат: работи како лобист за укинување на санкциите на САД врз генералната власт во Судан. „Вашингтон пост“ и „Њу рипаблик“ пишуваат за договор од 1,3 милиони долари  со Владата на Судан кој му обезбедува и договор вреден 1,9 милиони со Владата на Катар за нејзината миротворна улога во регионот на источна Африка. Аналитичарите, пак, сметаат дека овој ангажман на Макферлејн е на границата на легалното, заради законските обврски секоја соработка со странска држава да биде отворена и заради забраната од бизнис-релации со режимот во Картум.“

Видете што напишал Макферлејн во Привремената согласност.[5] Во член 5 се дефинира дека постои спор за името, за да во член 21, став 2, се забрани надлежност на Меѓународниот суд на правдата.

Меѓутоа, според член 36, став 3 од Повелбата, Советот за безбедност е должен страните во спорот, по правило да ги упатува спорот да го разрешат пред Меѓународниот суд на правдата.

Бидејќи  во конкретниов случај член 21, став 2 од Првремената согласност е во спротивност со член 36, тав 3 од Повелбата, се применува член 103 од Повелбата, кој што вели дека; доколку одредбите на некој договор се во спротивност со одребите на Повелбата, ќе се применат одредбите на Повелбата.

Значи, Македонија може да поднесе тужба против Грција и за името.

Нас не загрижуваат три реторички знаци и не тераат на реторички заклучок дека се готви менување на името: 1. Мирка Велиновска лани за австралиско радио изјави дека не се работи за промена на име, туку за прекар 2. Али Ахмети, кој што е коалиционен партнер на Груески во Бугарија изјави дека го прифаќа предлогот „Горна Република Македонија“ и 3. колумната на Бранко Героски за „ќуркот за Груески“.

Во ваква ситуација, сигурно е дека подршката за ВМРО ќе се преполови. За да не се прелеат тие гласови кај СДСМ, бидејќи е најголемо зло за Макеоднија, потребно е едно македонско движење, кон коешто ќе се приклучат оние што ќе го напуштат ВМРО, како и многу од СДСМ, кои што никако не се за ВМРО но се за правото на самоопределување. Впрочем и проф. д-р Денко Малески спаѓа во нив:

„…прво, правото на самоопределување подразбира и право секој народ да каже кој е и како се вика.“[6]

ВМРО иако се претставува како движење, со промена на името ќе го загуби тој статус.

Имаме на ум неколку луѓе што ги цениме, со кои не сме комуницирале на ова тема, а би можеле да го водат тоа движење.

Со добар водач, ова движење ќе постигне голем успех на избори и ВМРО ќе мора да прави коалиција со него. Движењето треба да ги земе министерството за надворешни работи и министерството за одбрана.

Кој да биде водач?

Естескиот суд на Кант[7] вели дека тоа треба да e борец. Генералот Ангелов.[8]

Доколку ВМРО повторно го кандидира проф. Ѓорге Иванов, кој што со неговите советници проф. д-р Светмир Шкариќ, проф. д-р Димитар Мирчев и господинот Ристо Никоски и нанесоа штета на надворешната политика на Македонија (посредно и на ВМРО), Македонскиот народ треба да добие алтернатива во генералот Ангелов, кој што јасно и недвосмислено изјави дека нема промена на името и нема референдум за името.

Заради естетскиот суд, цитиран според Кант, генералот Ангелов (мислиме дека нема никакви врски повеќе со господинот Гуштеров) ќе победи на изборите за претеседател.

Но, доколку ВМРО го кандидира проф. д-р Јове Кекеноски, или м-р Зоран Ставрески, тоа се веќе добри кандидати.



[1] “U savjetodavnom mišljenju iz 1975. o Zapadnoj Sahari Međunarodni je sud razmatrao stanje u bivšem španjolskom posjedu Rio de Oro. Sud je zaključio da: »…praksa država iz toga razdoblja (u 1884) pokazuje da područja naseljena plemenima i narodima koji su imali društvenu i političku organizaciju nisu bila smatrana za terra nullius. Ona pokazuje da se, glede tih područja, stjecanje suverenosti nije smatralo izvršenim jednostrano putem »okupacije« ničije zemlje kao izvornog naslova, nego sporazumima sklapanima s lokalnim vladarima…«(p. 39, para. 80) (Vladimir Đuro-Degan, »Međunarodno pravo«, Školska knjiga, Zagreb, 2011, stranica 281.)

[2] Имаме неколку добри историчари, а особено универзитетските професори Ачкоска и Жежов, но по однос на договорот од Букурешт се во голема заблуда. Повеќе по вина на македонските правници кои се многу лоши (со исклучок на проф. д-р Татјана Петрушевска). Правниците беа должни да дадат точна правна квалификација на правното дело од Букурешт, за да можат историчарите да донесат релевантни заклучоци.

Значи, еве ја дефинитивно вистината: не се работи за мировен договор, туку за спогодба за прекин на непријателствата помеѓу завојуваните страни. Големите сили не учествуваат во склучувањето на спогодбата за прекин на непријателствата.

Овој заклучок го донесовме врз основа на учебникот по Меѓународно право на проф. д-р Данило Тирк, поранешен заменик на Кофи Анан за политички прашања, поранешен Претседател на Слоенија и најверојатно наследник на Бан Ки Мун 2016 година (во комбинација се бугарката и словакот но Тирк има предност):

 

»b) Sporazum o premirju lahko preraste v mirovni sporazum, zlasti če se izkaže, da po sklenitvi premirja mirovne pogodbe ni mogoče skleniti. Dejanski mir, ki nastane na ta način, se ne razlikuje od drugih oblik vzpostavitve miru, vendar je vsaj na začetku manj avtoritativen kot mir, ki ga vzpostavi mirovna pogodba. Druga balkanska vojna se je končala s pogodbo o premirju, ki so jo 10. 8. 1913 v Bukarešti sklenile vojskujoče se države (Romunija, Srbija, Grčija in Bolgarija) in ki ni imela narave mirovne pogodbe. Ta bi v takratnih časih zahtevala sodelovanje velikih sil.« (Danilo Turk, »Temelji mednarodnega prava«, GV Založba, Ljubljana, 2007, stran 609).

[3] Vladimir-Đuro Degan, »Međunarodno pravo«, Školska knjiga, Zagreb, 2011, stranica 9.

[4] Денко Малески, „Бебето од катран“, Култура, Скопје, 2012, страница 518.

[5] Ова е дсега необјавен недостаток на Привремената согласност. Покрај тоа, италијанскиот професор Бенедето Конфорти во својот учебник по Меѓународно право говори и за анекси на Привремената согласност, а истото го потврдува и Киро Глигоров во мемоарската книга „Македонија е се што имаме“.

[6] Денко Малески, „Бебето од катран“,Култура, Скопје, 2012, страница 290.

[7] Шопенхауер смета дека Кант ја напишал најубавата естетика (на словенечки е преведена како »Kritika razsodne moči«).

[8] “Kaj je namreč tsto, kar je celo za divjaka predmet največjega občudovanja? Človek, ki se ne prestraši, ki se ne boji, ki se torej ne umika pred nevarnostjo, hkrati pa se z vso preudarnostjo, čilo loti dela. Tudi v razmerah največje nevarnosti je ohranjena ta plemenita spoštljivost do bojevnika, samo da zahtevajo od njega razen tega še, da izpričuje hkrati vse vrline miru, blagost usmiljenje in cello primerno skrb za lastno osebo, in sicer za to, ker je mogoče v vsem tem prepoznati nepremagljivost njegove čudi v nevarnosti. Zato se lahko, ko primerjamo državnka z vojskovodjo, še toliko prepiramo glede tega, kateremu med njima gre več spoštovanja: estetska sodba odloča v prid vojskovodje.” (Imanel Kant, “Kritika razsodne moči”, Založba ZRC, Ljubljana, 1999, stran 103).