Книга за одбрана на МАКЕДОНИЈА (дел 11)

4.5 Здрав разум

„Никој, на пример, не може да се откаже од способноста за расудување:со какви награди, или закани е можно да го натерате човек да верува, дека целото не е поголемо од еден негов поединечен дел, дека не постои Бог, дека телото, кое што се гледа дека е конечно, дека е нешто бесконечно, или воопштено, да верува било што, што е во спротивност со она што чувствува, мисли, верува? (Спиноза,„Политичка расправа“).“

Уште повеќе ова важи (Спиноза) за оние дејствија, пред кои што човековата природа толку силно се згрозува, што тие дејствија и се чинат полоши од секое друго зло, како на пример, човек да сведочи против самиот себе, да се мачи, да ги убие своите родители, да не се обиде да ја избегне смртта. Вакви нешта не е подготвен да направи никој, ниту за награда, ниту под притисок.

„Доколку и покрај тоа, сакаме да кажеме дека, државата има право, односно моќ, да нареди такви работи, тоа можеме да си го претставиме само во тој смисол, како кога некој би рекол, дека човек има право да биде луд, или душевно болен: бидејќи, што друго би можело да биде право, кое што не може да обврзува никого, доколку не е душевна болест (Спиноза, „Политичка расправа“)?“

Значи, тие што тврдат дека Македонија има право да го смени името, тврдат дека Македонија има право да биде луда.

Тие пак, што тврдат дека доколку Македонија не го смени името, ќе се распадне, треба да го имаат во предвид фактот дека над 70% од Македонците не сакаат членство во НАТО и ЕУ како луди. А бидејќи правото на државата е одредена со заедничката моќ на мнозинството, сигурно е дека нејзината моќ и нејзините права се помали, во зависност од тоа колку на поголем број државјани, самата им дава причини да се здружат против неа.

Значи, најголема опасност за Македонија е да го смени името[1]. Оттука, секоја власт, што ќе го смени името, дејствува директно против државата Македонија.

Кој што не ја гледа ова опасност, навистина е ограничен или има други мотиви. Ниту  албанското малцинство, ниту незачленувањето во НАТО и ЕУ, не се толкава опасност за државата Македонија, како промената на името Македонија.

Основниот мотив на Грција да ја склучи Привремената спогодба со Македонија беше, наводната безбедносна закана на Македонија за Грција. Македонија ги прифати тие причини како релевантни и направи интервенции во Уставот за Македонското малцинство во Грција, го смени знамето, се согласи со ново привремено име, а за возврат побара Грција да не ја попречува во зачленувањето во меѓународни организации. Веќе овие отстапки, како што беше кажано, се правно ништавни, а и политички неправилни.

Државата е независна толку, колку што може да ги осугура своите интереси и да се заштити пред притисокот на друга држава и толку подредена на правата на другата држава, колку што се плаши од нејзината моќ, доколку другата држава ја попречува, да го направи тоа што сака, а исто така и колку има потреба од помош на другата држава за сопстено зачувување.

Бидејќи секому му е познато како стои Македонија во однос на Грција кога се во прашање наведените релации, порационално е да се премине на кршењето на Привремената спогодба од страна на Грција со попречување на Македонија да стане членка на НАТО, што е јасен акт на непријателска држава.

Оттука, неосновани се обвинувањата кон Македонија.

Имено, за мир е потребна согласност на вољата на двете држави, а Грција со недозволувањето Македонија да се зачлени во НАТО, кој гарантира пријателски односи помеѓу Грција и Македонија, јасно манифестира непријателство и го истакна правото на војна. За разлика од правото на мир, кое што не зависи ниту само од Грција, ниту само од Македонија, правото на војна зависи само од Грција. Самиот факт што Македонија е оставена надвор од НАТО (воен сојуз), Македонија ја прави непријател и воена цел. Некогаш ни според делата не треба да судиме за нечии намери, ама според зборовите никако. Грција  ги погази зборовите(Привремената спогодба), а според дејствијата, на овој или оној начин сака да ја уништи Македонија. Само договорот за сојузништво со САД е причина што Грција не го користи правото на војна. Се работи за силен сојузник, кој остава простор Македонија да ги искористи правните средства за да се одбрани од Грција и да стане членка на НАТО и ЕУ.

Грција, како по дефиниција, ја почитуваше Привремената спогодба толку долго, колку што постоеа причините за нејзино склучување. Македонија даде се со самото склучување на Привремената спогодба. Поради тоа, Грција ја прекрши истата. Стравот од последиците за прекршување на Привремената спогодба беше многу помал, отколку надежта на Грција дека со попречувањето на Македонија во зачленување во НАТО и ЕУ, ќе ја натера Македонија да го смени името, да оди против природното право, односно Грција цврсто веруваше дека „Македонија има право да биде луда“.

Македонија има право да бара да престане да важи Привремената спогодба, заради прекршување од страна на Грција, но под услов да не постои страв, или да постои надеж дека работите ќе се променат. Фактот што Македонија не побара да престане Привремената спогодба говори дека кај Македонија постои страв (веројатно оправдан). Фактот што Македонија поднесе тужба против Грција за исполнување на Привремената спогодба, говори во прилог на тоа дека Македонија не изгубола надеж за зачленување во НАТО и ЕУ.

Моево правно средство, што детално го образложив е најсоодветно за ова ситуација и во висок процент ја респектира реалноста. Тужбата за ништовност не е ни храбро ни кукавичко дејствие. Тоа е средство со кое што се одстрануваат од правниот промет правни дела што не смеат да постојат, што значи дека ова дејствие е во интерес на НАТО и ЕУ. Ако е во интерес, тогаш не може да биде сватен како непријателски акт. Грција, се разбира ќе го доживее како непријателски акт, бидејќи со прогласување на Привремената спогодба за ништовна, Грција ги губи сите придобивки од неа. Македонија не мора да преговара за името. Македонија врз основа на поволна пресуда на Меѓународниот суд на правдата мора да биде примена под името Република Македонија. Македонија може да ги врати во Уставот нормите за грижа за своето малцинство надвор од Македонија. Македонија може да си го врати старото знаме.

Сите наведени дејствија се неповолни за Грција и таа ќе биде доведена во позиција да ја брани Привремената спогодба што постојано ја крши и во целост да ја исполни.

Тие што мислат дека Грција како членка на НАТО и ЕУ и понатака може да не попречува, не мислат правилно, бидејќи пресудата на Меѓународниот суд на правдата  ќе биде како светилник, според кој што ќе мора да се управува и НАТО и ЕУ. Таа пресуда ќе биде, условно кажано, рес јудиката за сите евентуални идни спорови помеѓу Македонија и Грција, што значи ни гарантира успех пред сите други судови.

Начинов што го предлагам е поволен и за Обединетите нации, бидејќи тие се доведени во крајно неповолна ситуација со фактот што се гарант за исправноста и за исполнувањето на Привремената спогодба.Наместо тие да ги активираат своите механизми против Грција, Македонија им помага со ваквото правно средство, доколку се стекне со поволна пресуда, Обединетите нации само да ја спроведат пресудата, без дополнителни бројни резолуции, кои што често зависта од согласноста на волјите од многу инволвирани со различни интереси. Не ќе може да ни се префли дека не држиме збор, бидејќи Спиноза вели дека тој не е должен да му ги врати парите на тој што му ги дал на чување, туку на оној од кој што ги украл.[2]

Доколку Македонија, сама се впуштеше во „авантурата“ Привремена спогодба, не ќе имаше право да приговара дека била измамена, најмалку ќе можеше да ја обвинува Грција дека го прекршила дадениот збор. Секој ќе и речеше дека соспствената глупавост е причина што сопствената благосостојба и ја доверила на држава, на која пред се и е нејзината благосостојба. Но, учеството на Обединетите нации во Привремената спогодба не ослободува од пригооворот дека сме биле глупави, бидејќи истиот приговор ќе важи и за Обединетите нации, или уште полошо, како што наведов на почетокот, на обединетите нации може да им се префрли mala fides. И во првиот и во вториот случај, за Обединетите нации е најповолен исход, за Македонија поволна пресуда на Меѓународниот суд на правдата. Приговорите на Грција од пред 20 години, дека Македонија ја загрозува безбедноста на Грција, а со тоа и на ЕУ и НАТО членките, ги демантира времето. Напротив, се покажа дека Грција има непријателски намери.

„Колку повеќе држави склучат договор за мир, толку помал страв им предизвикува  секоја од нив на другите и се намалува нејзината моќ, да започне војна. Напротив, во тој случај е уште повеќе обврзана да ги почитува условите на мирот, значи толку помалку е независна и толку повеќе обврзана, да се прилагоди на заедничката воља на сите држави во сојузништвото(Спиноза, „Политичка расправа“).

Доколку ова логична мисла на Спиноза ја земеме како голема премиса, противењето на Грција, Македонија да стане членка на НАТО, е во спротивност со безбедносните ризици од Македонија. Според таа премиса, Македонија е многу поголем безбедносен ризик доколку остане надвор од НАТО, а со зачленувањето во НАТО Македонија е обврзана да ги почитува правилата на тој сојуз, кои што одат во прилог на Грција.

Заклучок, Грција не сака да го реши безбедносниот ризик од Македонија на единствено логичен и правилен начин, со зачленување на Македонија во НАТО, туку сака Македонија да остане безбедносен ризик надвор од НАТО, кој во даден момент ќе стане легитимна цел на Грција, а со тоа и на НАТО. И, државата Македонија ќе биде уништена.

НАТО е во позиција да го презентира овој силогизам направен со помош на Спиноза. Користа е двојна; доколку Грција одбие да го прифати овој аргумент, таа не ги почитува правилата на НАТО, што значи дека е против тој сојуз. Колкава е опасноста Грција да биде надвор од НАТО за нејзините членки, не сум компетентен да проценам, но доколку „правото е ум без страст“(Аристотел, „Политика“), примената на правото не може да оди на штета на членките на НАТО. Поверојатно е обратното. Членка што не ги почитува правилата на сојузот, прашање е колку би била пожелна за некаков друг сојуз, или во најмала рака; како ќе биде третирана во тој друг сојуз.

Кај нас имаме и еден проблем со невладините организации, одредени „интелектуалци“ и поголем дел од медиумите. За првите треба да се примени дефиницијата за невладини, за вторите дефиниција за интелектуалец, а не за формално образование и за третите дефиницијата за објективни медиуми.

„Значи, бидејќи само највисоките државни власти имаат право да управуваат со јавните работи, односно за таа работа да употребат чиновници (службеници), од тоа произлегува дека поданикот греши против државата, доколку според сопствена проценка, без знаење на врховниот совет, се зафати со некаква јавна работа, дури и доколку верува, дека тоа што намерава да го направи, за државата ќе биде најдобро (Спиноза, „Политичка расправа“).“

Се поставува прашање, дали е исполнет цитатот на Спиноза, кој што треба да се свати како голема премиса, со однесувањето на наведените, од народот сведени под заеднички именител „соросоиди“ (пежоративно).

Тие тврдат дека работаат во склад со закон, се повикуваат на човекови права, односно право на изразување и така натака, а крајната цел е да владеат наместо власта, односно да го сменат името Македонија.

Меѓутоа, доколку однесувањето на некои граѓани е во спротивност со разумот, тоа не е ништо друго, туку „право да се биде луд“, а што значи тоа, веќе беше погоре образложено. Доколку јас кажам дека со моево биро можам да правам што сакам, тоа не значи дека имам право да му наредам на бирото да џвака трева. Така исто „соросоидите“ немаат право од нас да бараат со почитување да ги гледаме и слушаме нивните нешта, што кај нас предизвикуваат смеење, или гадење. Напротив, за да не се случуваат вакви ситуации, државата треба да ги поттикнува своите државјани со страв и почитување(Спиноза).

Значи, за разумните дејствија почит, за неразумните дејствија страв. Доколку исчезнат почитувањето и стравот, со нив исчезнува и државата.

„А освен тоа, треба да се испита дали деловите пропаѓаат истовремено со целината, бидејќи би требало да биде обратно-кога ќе пропадната деловите, да пропадне и целината. Но доколку пропаднала целината, не е нужно да пропаднат и деловите(Аристотел, “Органон“).“[3]

Македонија како целина пропадна 1913 година.Пропаднаа и два од трите дела. Меѓутоа, еден дел преживеа. Прво, како република во состав на федерална држава, а веќе 20 години како самостојна држава. Затоа се настојувањата да пропадне и последниот дел.

 

 


[1] Треба прецизно да се дефинира поимот име за да се извлечат релевантни заклучоци:”Zatorej je pravilna pot odkrivanja v tem, da oblikujemo misli na osnovi neke dane definicije , kar bomo storili tem uspešneje in lažje kolikor boljše smo neko stvar definirali. Zato se bo srž celega drugega dela metode vrtela izključno okrog spoznavanja pogojev dobre definicije in nato okrog načina , kako te pogoje najdemo(Spinoza, “Razprava o izboljšavi uma”, stran 34.).

[2] “Kajti niti razum niti Pismo nas ne učita, naj se držimo vsake dane besede. Če sem, na primer, nekomu obljubil, da mu bom čuval denar, ki mi ga je skrivaj zaupal, nisem dolžen izpolniti obljube od tistega trenutka naprej, ko zvem ali posumim, da je denar, ki mi je zaupan, ukraden, temveč bom storil bolj pravilno, če se bom potrudil da ga vrnem nejegovem lastnikom. Enako je tudi najvišja državna oblast, ki je drugi obljubila, da bo storila nekaj, za kar ji pozneje okoliščina ali razum pokažeta ali se ji zdi, da ji kažeta, da nasprotuje splošnemu stanju podanikov, prav gotovo obvezna, da obljubo prelomi. Ker nas pismo uči samo nasplošno, da držimo dano besedo in prepušča posamezne primere, ki jih je potrebno izvezti, sodbi posameznika, nas torej ne uči ničesar, kar bi nasprotovalo tistemu, kar smo pravkar pokazali (Spinoza, “Politična razprava”, stran 58).”

[3] “I, sem toga, valja razmotriti dali delovi propadaju istovremeno kad i celina, jer treba da bude obrnuto,-da, kad propadnu delovi, propadne i celina.Ali, ako je propala celina, nije nužno da i delovi propadnu(Aristotel, “Organon”, Beograd, 1970, stranica 526).”