Вистина

„Вистината не е курва, која што им се беси околу вратот и на оние што воопшто не ја сакаат, туку таа е  горда убавица чија што наклонетост не знаеме дали ќе ја стекнеме и доколку и посветиме се што можеме(Schopenhauer, »SVET KOT VOLJA IN PREDSTAVA«, Društvo slovenska matica, Ljubljana, 2008, stran 16. Превел М.П.)“

По последната моја колумна, м-р Милошоски истрча во еден медиум близок до власта и продолжи во ист стил со пресудата. Медиумот го промовира во доктор, а на сајтот на парламентот ја нема таа промена. М-р Милошоски, како причина да не биде министер за надворешни работи, наведе дека немал време за семсјството. За да се докторира потребни се 180 ЕКТС, или 3.600 часа оптоварување со учење.

М-р Милошоски и нему наклонетите, досега не го побија мојот полисилогизам, а пофално е за него што не се служеше со еристика, за да ме побие.

Сега воведоа реторика, што е дозволено. По пресудата, нему наклонетите исфрлија еден скриен petitio principi во форма на ентимем(реторички силогизам).

Тие тврдат;Македонија ја склучила Привремената согласност, а договорите мора да се почитуваат.

Скриената премиса(она што не се изговара), а ми се припишува мене, гласи;тој што бара невалидност(ништавност) на договор, не почитува договор.

Заклучок:Попески не почитува договор.

Пред да  се одбранам од ентимемот што ме напаѓа, добро е моите читатели да знаат, во какви услови мислиме за најважното прашање јас и моите читатели на сајтов, а во какви услови мисли м-р Милошоски и неговите.

Ние сме како оние филозофи на Платон(»Teetet«, Plato, Beograd, 2000, stranica 138-139.), кои што секогаш имамaат време и своите расправи ги водиме удобно и во мир. Кога сакаме го напуштаме предметот на расправа и се бавиме со друг предмет на расправа. Така се случува и само еднаш месечно да расправаме. Но, кога ќе најдеме нов  доказ и тој повеќе ни се допадне од оној што ни е при рака;интензивно расправаме. Така, на почетокот беше „Стратегијата“ и ништавноста. Потоа преминавме на прејудициелна деклараторна тужба, за на крај да дојдеме до изјава за ништавност и жалба до Меѓународниот суд на правдата. Нам, не ни беше важно дали кратко, или долго расправаме, туку ни беше важно да ја достигнеме вистината.

М-р Милошоски и неговите пак, секогаш брзаат, како да ги дави вода во грло и не им дозволува да расправаат за тоа што сакаат, туку противниците(Грците, соросоидите и Црвенкоски) им стојат над глава и им кажуваат што смеат да говорат, а што не смеат, постојано мавтајќи им со Привремената и резолуциите. Така, м-р Милошоски и неговите не расправаат, туку водат борба за живот.

Значи, за разлика од м-р Милошоски и неговите, ние не сме слуги на расправата, туку секоја поединечна расправа е наш роб и чека да биде завршена, кога нам тоа ќе ни се свиди. Освен тоа, кај нас нема шефови, ниту пак ни е грижа за партиското членство, што постојано им приговара и наредува на м-р Милошоски и неговите.

Платон во „Државник“ не советува прво да ги одвоиме најголемите шарлатани меѓу софистите, од вистинските државници. На ова место мораме да застанеме и чесно да признаеме дека партијата на м-р Милошоски тоа го направи со комунистите(нецелосно) и соросоидите(Platon, »Državnik«:»-Најголемите шарлатани од сите софисти и најискусните во таа умешност. Иако е тоа многу тешко, мораме прво нив да ги одвоиме од вистинските државници и кралеви, доколку сакаме јасно да го запознаеме она што го бараме.“ Превел М.П.).

А еве уште една причина на Платон(„Држава„, седма книга), зошто м-р Милошоски може да произведе само софизам. Според Платон, човек треба да живее во склад со разумот и етиката, а особено многу да учи од животот. Доколку преживее на тој начин, на педесет години треба да се спушти во Платоновата пештера(нашиот комунизам) и да ги вади заробениците(Македонците од комунизмот).

Дали ова може да го прави м-р Милошоски со 33 години(со политика се бави од 1998, а можеби и порано)?

„-Оние пак, кои што се тркалаат во црното незнаење и малодушност ги понижува со распределување во робови(Platon, Državnik«, stranica 366).«

Токму вака не третираа комунистите нас Македонците, а сега УДБОМАФИЈАТА. Како робови. А тоа го постигнуваа со држење во незнаење.

И сега, не го прави ли тоа истото м-р Милошоски? Не не држи ли во незнаење со претставувањето на пресудата како добро?Тоа што м-р Милошоски го тврди за пресудата е исто како да убедуваш некого дека магарето е прекрасен коњ:

Сократ. Сеуште не! Но, доколку сериозно би те уверувал со говор составен за пофалба на магарето, нарекувајќи го коњ и тврдејќи дека тоа животно сосема заслужува човек да го има и тоа не само дома, туку и во војна, дека е прикладно со него да се војува, дека е прикладно за носење товар, како и за многу други работи-

Федар. Тоа сигурно би било многу смешно.

Сократ. А зарем не е подобро пријателот да е смешен, отколку да е опасен и непријателски расположен?

Федар. Се чини.

Сократ. Значи, кога вешт говорник што не знае што е добро, а што зло би нашол иста таква држава, па би ја уверувал, не составувајќи пофалба за магарешката сенка како да е коњ, туку за злото како да е добро, па ќе порача она што и се допаѓа на масата и ќе ја наговори да прави зло наместо добро, што мислиш, каков плод ќе жнее говорништвото од она што посеало(Platon, »Fedar«, stranica 112)?“

Но, јас ви ветив дека ќе го одбијам ентимемот на приврзаниците на м-р Милошоски против мојот контрасилогизам и ќе се обидам да си го исполнам ветувањето. За таа цел ќе ве потсетам дека ентимемот заклучува:Попески не ги почитува меѓународните договори.

Ова наликува на обвинението против Сократ дека не верува во боговите и дека ја расипува младината. Обвинет бил дека не верува во боговите, туку во демони. На судењето го прашал својот обвинител Мелет, дали се согласува дека демоните се богови, или деца божји. Откако Мелет одговорил потврдно, Сократ го прашал;доколку демоните се деца божји, вонбрачни, од нимфи, или од некакви други жени, кој би верувал меѓу луѓето дека има деца божји, а нема богови. Тоа би било исто така бесмислено, како кога некој би верувал дека има рожба од коњ и магарица, која што се вика мазга, а не би верувал дека има коњ и магарица.

Така и ентимемот на приврзаниците на м-р Милошоски;мене кој што верувам дека Привремената согласност е ништавен договор, ме обвинуваат дека не верувам во меѓународни договори. Тој што прави разлика помеѓу невалиден и валиден договор, многу повеќе верува во меѓународни договори, од тој што почитува невалиден договор.

И за крај, еве што советува Блатазар Грацијани(според превод на Шопенхауер), кога ќе направите грешка:

„Не терај ја глупоста докрај. Има луѓе кои мислат и кога нема да им успее потфатот, дека им е должност да работат на него, а бидејќи веќе пошле по крив пат, сметаат дека јачината на карактерот бара од нив, по тој пат да одат и понатака. Сами во себе ја окривуваат својата грешка, а пред други ја извинуваат. Така се случува, на почетокот на нивната луда работа да ги кудат како непромислени, за подоцна, кога на истата работа и понатака ќе останат, да им издадат потврда дека се навистина лудаци. Никаква обврска не наметнува, ниту непромисленото ветување, ниту погрешната одлука. Но, некои ја продолжуваат својата вистинска глупост и сакаат пошто-пото да бидат тврдоглави(Vrelo mudrosti ili pravila za život«, Čigoja, Beograd, 1997, stranica 138-139.).“

  •