Правото на самоопределување е Ius Cogens
(втор дел)

За разлика од Грција и Бугарија, Србија не ни го негира културниот идентитет и не признава како народ. Дури ствара и привид дека не ни го спори ни правото на самоопределување. Велиме привид, зашто УДБОМАФИЈАТА во најголем дел ја создаде и контролира Белград, а таа одвнатре го негира културниот идентитет и правото на самоопределување. Да потсетиме дека пишувачите на Уставот проф. д-р Љубомир Фрчкоски(близок до СДСМ) и проф. д-р Владо Поповски(близок  до ВМРО), го избришаа од Уставот она што со крв го стекна Македонскиот народ(најголема заслуга за ова имаат најстарите комунисти под влијание на Ленин и Сталин), правото на самоопределување.

Со неучествувањето при донесувањето на Уставот на албанското малцинство, посредно може да се заклучи дека и Албанија не ни го призна правото на самоопределување. Со војната што ја загубија албанските востаници, најсилно го загрозија правото на самоопределување на  Македонскиот народ. Човек со здрав разум може да заклучи дека албански востаници не можеше да има без подршка на Албанија(во колумната „Сепак се врти“, наведовме материјални докази за ова). Меѓутоа, некои информации велат дека албанските востаници се производ на УДБОМАФИЈАТА, па посредно и Белград(Словенците, односно Едо Равникар, „УДБОМАФИЈА“, тврди дека центарот на УДБОМАФИЈАТА е во Белград). За да се донесе конечен заклучок, треба да се сочека лустрацијата.

Да резимираме.

Најголем чекор кон правото на самоопределување е направен со формирањето на самостојна Македонија. За ова најголема заслуга има ВМРО.

Голем пораз на тој пат е Времената согласност, со која што е нападнат нашиот културен идентитет и правото на самоопределување. Виновник за тоа е СДСМ. Ние се сметаме за компетентни за претходниот заклучок, бидејќи направивме контрасилогизам и три просилогизми, со кои го докажуваме заклучокот.

Голем чекор на тој пат е победата над албанските востаници. За ова најголема заслуга има ВМРО.

Добар чекор е „Рамковниот договор“, со кој што на албанското малцинство му се признава правото на внатрешно самоопределување од член 27 на Пактот за граѓански слободи(некои автори го нарекуваат Конвенција за човекови права). Цитираната одредба ги штити само културните права на малцинствата и ништо повеќе. Доколку правата се злоупотребуваат, согласно член 4 од Пактот за граѓански права,  тие можат да бидат суспендирани. Ова е добар чекор и за нашите малцинства во Грција  и Бугарија;истото право што ние им го дадовме на Албанците, тие можат во матичните држави да го бараат за себе. Се чини дека ова функционира за македонските малцинства во Албанија и Косово. За ова најголема заслуга има СДСМ. Во поново време, се чини дека и ВМРО(Груески) го прифаќа овој чекор како позитивен.

Добар чекор е и воведувањето на локалната самоуправа според стандардите на ЕУ. Кај нас уште се нарекува „Територијална поделба“ и треба да сугерира поделба на Македонија, што не е точно, доколку доследно се применува правото на ЕУ. Сепак, дека ова е многу чувствително прашање, говори и фактот што Словенија, која што осум години е во ЕУ, не може да се подели на региони, што е дел од концептот на ЕУ. Најголема заслуга за ова има СДСМ.

Голем чекор на тој пат е бетонирањето на културниот идентитет на Македонскиот народ, со поставувањето на споменикот на Александар Македонски. За ова најголема заслуга има ВМРО.

Голем пораз на тој пат е пресудата на Меѓународниот суд на правдата, која ја реафирмира Времената согласност, која што ни го загрозува културниот идентитет и правото на самоопределување. За ова вината е поделена помеѓу ВМРО и СДСМ, бидејќи се испокараа кој бил позаслужен за „победата“ во Хаг.

Голем пораз на тој пат е одлуката за „разумен компромис“(за да има разумен компромис, треба да има и неразумен компромис). За ова одлука виновни се и СДСМ и ВМРО. Прв ја кажа ова одлука Бранко Црвенкоски пред да му истече мандатот, по враќањето од Словенија.

Голем пораз за Македонија на тој пат е одлуката за референдум. Правото на културен идентитет и правото на самоопределување како ius cogens, не можат да одат на референдум. За овој пораз е виновен ВМРО.

  •