Правото на самоопределување е Ius Cogens
(трет дел)

Во друга колумна, напишавме како една норма може да стане ius cogens и како правото на самоопределување стана ius cogens. Најсилен аргумент беше пресудата на Меѓународниот суд на правдата за случајот Источен Тимор од 1995 година.

Во продолжение ќе го претставиме овој пример. Овој случај е првиот случај пред Меѓународниот суд на правдата, што е воден со цел да се обезбеди правото на самоопределување[1]. Досега сеуште не е воден случај пред Меѓународниот суд на правдата каков што сугерираме ние;ништавност на меѓународен договор, заради кршење на правото на самоопределување како ius cogens.

Тимор е остров недалеку од северозападниот дел на Австралија. Со векови беше поделен помеѓу Холандија и Португалија. Источниот дел има околу 19.000 квадратни километри со околу 600.000 жители. Во 1974 година Португалија на Источен Тимор му го признава правото на самоопредлување и завзема став дека за идниот статус на Источен Тимор треба да одлучи парламент, кој треба да биде избран на општи, тајни и непосредни избори. Наскоро се формираат две спротивставени политички движења. Едното е за независност, а другото за приклучување кон Индонезија. На 07. 12. 1975. година Индонезиски трупи влегуваат во Источен Тимор. Португалија веднаш вложува протест до ОН. Он ја осудува инвазијата, но не го употребува зборот агресија. Во 1976, Индонезија го прогласува за своја 27 провинција.

Неспорно е дека на народот на Источен Тимор не му е дозволено слободно да ја изрази својата волја на плебисцит организиран под надзор на ОН. Одлуката за припојување е донесена на посреден начин, преку одлука на парламент, во присуство на инвазионите трупи на Индонезија. Се чини дека ова не ќе беше можно, доколку САД не беа непосредно наклонети кон Индонезија. Врз основа на член 55 и 56 од Повелбата, САД имаат обврска да го промовираат правото на самоопределување. Илустративно е објаснувањето на американскиот заменик правен советник Олдрич, кој вели дека тоа не значи дека однесувањето на САД била правна одлука, или одобрување на инвазијата и она што следувало. Дека спротивставувањето немало ништо да промени и поради тоа спротивставувањето нема да било во склад со најдобрите интереси на САД.

Денешниот статус на Источен Тимор им дава за право на САД дека го применуваат член 55 и 56 од Повелбата, но цената е 200.000,00 мртви, или една третина од населението на Источен Тимор. Се поставува прашање, каде е тука етиката на која што единствено внимава Британија во меѓународното право. Правото, а уште повеќе меѓународното право, е само делче од етиката. Ова значи дека САД не се во право, кога преку Олдрич велат дека го почитуваат правото, но не ја почитуваат етиката. Според она најдобрата етика(Аристотел, „Никомахова етика“), правото не може да се издвои од етиката и сеуште да се нарекува правда и правичност. Таков обид имаше во време на нацизмот, но се виде до какви последици доведе одвојувањето на правото од етиката.

Ништо поразлично не е ниту однесувањето на Европската заедница(тогаш 12 држави).

Дали со непризнавањето на нелегалната ситуација се постигнува целта на член 55 и 56 од Повелбата, или треба ефикасно делување?[2]

Во антиката Атина веднаш реагирала кога било загрозено она во што верувала и им притекнувала на помош на оние чија што демократија била загрозена. Исто се однесувала и Спарта, но во одбрана на владеење на малкумина.

Голема промена настанува кога Португалија ја тужи Австралија пред Меѓународниот суд на правдата. Главна улога во ова тужба има правото на самоопределување, но тужбата е насочена кон Австралија затоа што Индонезија не е под јурисдикција на Меѓународниот суд на правдата.

Португалија го губи спорот, заради тоа што Австралија не се противи на правото на самоопределување, туку Индонезија, која пак не е под јуридикција на Меѓународниот суд на правдата и тој не може да и суди.

Сепак, судот не пропушта да се произнесе по однос на правото на самоопределување и носи заклучоци од непроценлива вредност за Македонија денес. Португалија постапката ја започнува во февруари 1991, а пресудата е донесена февруари 1995 година.

Судот се согласува со тврдењето дека правото на самоопределување има дејство erga omnes, но нагласува дека согласноста да се биде странка пред Судот и erga omnes се две различни работи. Судот смета дека не може да  донесе пресуда против Австралија, која што учествува во постапката, која ќе се однесува на Индонезија, која што не учествува во постапката(не е ни тужена).

Меѓутоа, Судот не пропушта да каже дека без оглед на фактичката состојба(Источен Тимор е анектиран од Индонезија); Источен Тимор има право на самоопределување.

Судијата Оде пак, во издвоено мислење, се согласува со одлуката за отфрлање на тужбата, но не се согласува со причините(Индонезија не дозволила да и се суди). Тој смета дека на Португалија и недостасува lokus standi(способност да биде тужител).

Судијата Рањева смета дека правото на самоопределување е еден од основните принципи на меѓународното право, со карактеристики на целосно право erga omnes. Тој смета дека доколку Португалија ја поднесеше тужбата против Индонезија, Судот ќе имаше право да суди без оглед на противењето на Индонезија дека не се согласила да и се суди.

Во ставот на судијата Рањева го гледаме пресликано нашето тврдење(во интервјуто за „Телевизија сонце“) дека за правото на самоопределување постои actio popularis(јавна тужба), односно дека секоја држава може да ја тужи државата што го прекршува правото на самоопределување. Ова е многи корисно за Македонија во спорот со Грција.

Како што тврдевме за тужбата на д-р Дескоски, овој судија вели дека Индонезија нема никаква корист од начелото pacta sunt servanda(во однос на Австралија), бидејќи го крши правото на самоопределување на Источен Тимор.

Сидијата Скубичевски во издвоеното мислење е против пресудата. Смета дека судот можел да одлучува по тужбата кога станува збор за правото на самоопределување, бидејќи тоа е право на Источен Тимор, а не на Индонезија. Тој смета дека признавањето на анексијата го нагризува правото на самоопределување.

Народот на Источен Тимор 1999 година организира плебисцит и се самоопределува за самостојна држава. Во 2002 година станува самостојна држава, како прва самостојна држава во 21 век.

Најексплицитно правото на самоопределување е определено ка ius cogens од страна на Арбитражната комисија за подрачјето на поранешна Југославија. Ова слободно може да се протолкува како став на ЕУ, зашто сите членови на Арбитражната комисија, беа претседатели на Уставни судови на најголемите членки на ЕУ.

 


[1] Antonio Casseze, »Self-Determination of Peoples«, Cambridge University Press 1995, srpski prevod, 262

[2] Ибидем, страница 266.

  •