Правото на самоопределување е Ius Cogens
(прв дел)

Nemo plus iuris ad alium transferre potest quam ipse habet (Никој не може да пренесе на друг повеќе права отколку што самиот ги има.).

Ова важи и за ОН, кои што со Времената согласност, во чие што составување и потпишување учествуваа преку Саирус Венс, на Грција и пренесоа право да преговара со Македонија за правото на самоопределување.

Според член 1, став 2 и член 55 од Повелбата на ОН, правото на самоопределување е ius cogens и за ова најважно човеково право не смеат да преговараат ниту ОН со Македонија, а уште помалку имаат право на Грција да и пренесат право со Македонија да преговара за правото на самоопределување.

Правдата понекогаш спие, но таа секогаш доаѓа.

 Весникот „Дневник“ на 29. 05. 2012. година објави дека германскиот европратеник Кристијан Елер изјавил за „Дојче веле“ дека решението на проблемот не може да биде со кратење на правото на самоопределување.

Така, ЕУ за прв пат го прифаќа префрлувањето за неправедност, што ние во неколку колумни го направивме на сметка на ЕУ, предупредувајќи дека во преамбулата на примарното право на ЕУ стои дека одредбите на Повелбата на ОН имаат предност пред одредбите на примарното право на ЕУ. А со тоа што ОН правото на самоопределување го ставиле во член 1 од Повелбата, јасно кажале дека тоа е најважното колективно човеково право.

Значи, можеме да заклучиме дека ЕУ во правото на самоопределување гледа клуч за решавање на проблемот на името „Република Македонија“ во меѓународно право.

Се разбира дека на некој што со сто километри на час вози во погрешен правец, прво му е потребно да прикочи. Но и при најсилно кочење возилото продолжува да се движи во погрешен правец уште некое време. Кога конечно возилото ќе сопре, возачот на кој му било укажано дека вози во погрешна насока; отвора карта, ја бара целта, утврдува каде се наоѓа и скршнува во вистинската насока за да стигне до целта.

„И како што на олимписките натпреварувања венецот на победата не го добиваат најличните и најсилните, туку само тие кои што се натпреваруваат(само некои од нив можат да победат), така и во животот убавото и доброто го уживаат само тие кои што правилно делуваат.“[1]

Ние уште од 2009 се натпреваруваме со адвокатите на власта. После „Чикаго“, слободно можеме да кажеме дека венецот на славата ни припаѓа нам, а не на владините адвокати. Сега на сите им е јасно дека владините адвокати на чело со д-р Дескоски загубија од нас. Потребно е уште малку време, за сите да сватат дека ние победивме. Дека средството што ние го предлагавме за победа на Македонија, а тоа е правото на самоопределување, единствено води кон сигурна победа. Венецот на славата ни припаѓа нам.

Можеме слободно да заклучиме дека меѓународната заедница веќе е свесна за насоката по која треба да оди.

Но, не е така и со Македонија. Со Македонија владе УДБОМАФИЈАТА која што е распоредена, и во левицата, и во десницата, а таа не сака Македонија да го реализира правото на самоопределување.

И овој проблем се решава. Советот на Европа и ЕУ имаат издадено три резолуции за лустрацијата. Бидејќи УДБОМАФИЈАТА не дозволува Македонците да видат превод на овие резолуции, ние, Македонците ги упатуваме на два чисти извори. Станува збор за две жртви на УДБОМАФИЈАТА.

Првиот е др. Стојан Ристески, кој што го добил своето досие и напишал книга за своите кодоши и нивните дејствија. Ова книга(„Моите кодоши“, Macedonia prima, Струга, 2001) може да послужи како учебник за пишување добар Закон за лустрација.

Вториот е Јордан Петровски. Тој е жртва по осамостојувањето. Има добиено и „тапија“ во Канада(демократска држава) дека Македонија не е демократска држава, односно политички азил. И текстовите на неговиот сајт kotle.ca можат да се користат како учебно помагало за пишување на добар Закон за лустрација.

Без Македонците да се напијат вода од овие два чисти извори, не можат да го сватат значењето на лустрацијата. Ова пак е важно, за да се победи УДБОМАФИЈАТА, која што не и дозволува на Македонија да го реализира правото на самоопределување. Сега Македонците пијат вода од водовод(Андов, Уставниот суд, измените на Владата), наместо од двата чисти извори( д-р Ристески и Петровски).

Грција ја користи УДБОМАФИЈАТА, како што своевремено Филип втори користел одредени структури за реализација на своите интереси во Атина. Тој велел дека не постојат такви ѕидини што магаре натоварено со злато не може да ги прескокне.

Грција употреби и еден многу опасен еристички трик за своите интереси;нападни го непријателот уште додека е далеку од твојата територија.

Грција не дозволи да се расправа за правото на самоопределување во ОН. Таа ја нападна Македонија во правото на културен идентитет од член 1 на Пактот за граѓански права.

Се чини дека, доколку направи нешто добро, Груески одлично парираше на овој напад со споменикот на Александар Македонски, со што на величенствен начин го забетонира нашиот културен идентитет како народ.

Ова е битно, бидејќи субјект на правото на самоопределување е народот, во случајов Македонскиот народ. Без ова, нема право на самоопределување.

Со овој потег, Груески добро и парира и на Бугарија, која дури и поексплицитно од Грција, го негира постоењето на Македонскиот народ.

А, доколку нема народ, нема ни право на самоопределување.

 


[1] »In kakor pri olimpijskih tekmah ne dosežejo venca zmage najlepši in najmočnejši, ampak le tisti, ki tekmujejo(samo nekateri izmed teh lahko zmgajo), tako tudi v življenju lepo in dobro uživajo le tisti, ki pravilno delajo(Aristotel, »Nikomahova etika«, Slovenska matica, Ljubljana, 2002, stran 62, prevel M. P. ).«