Одбрана на правото на самоопределување од нападот на д-р Дескоски

„Лошото можеш секогаш да го славиш:
за тоа ќе имаш дури и пофалба!
Од твојата кал ќе испливаш нагоре
и ќе бидеш патрон на сите фушери. 
Доброто да го кудиш? Сакаш да пробаш?
можеш и тоа кога безобѕирно ќе се дрзнеш:
но кога луѓето ќе почувствуваат
во што е работата
ќе те фрлат во калта, кога тоа ќе го заслужиш.“[1]

Д-р Дескоски го куди доброто:

„Моето мислење е дека не постои начин за Република Македонија преку правни средства да издејствува решавање на спорот, а посебно не преку поведување на постапка пред МСП со повикување на правото на самоопределување(потенцирал М. П. ).“[2]

Дескоски досега се служеше со еристичкиот трик argumentum ad verecundiam(повикување на погрешен авторитет). Тој сметаше дека тоа што докторирал меѓународно приватно право не го обврзува да расправа со нас. Меѓутоа, Македонскиот народ, медиумите, дијаспората, студентите по право и струката, не го проголтаа овој трик на Дескоски. За разобличување на овој трик најмногу допринесе струката, односно проф. д-р Татјана Петрушевска, најкомпетентниот стручњак во Македонија за меѓународно право(дипломирала право во Скопје за 3,5 години со просек 10, магистрирала меѓународно право во Белград со највиока оценка, докторирала меѓународно право во Белград со највисока оценка, објавила над 250 научни трудови дома и во странство…).

Така Дескоски настрада од сопствениот трик. Вистинскиот авторитет проф. д-р Татјана Петрушевска како претседател на комисија, верифицира магистерски труд кој што како решение на проблемот го нуди основното човеково право, правото на самоопределување.

Откако виде дека трикот зад кој што се затскриваше не дава резултати, Дескоски се одлучи за дијалектичка расправа со нас, односно со правото на самоопределување.

„Очигледно е дека некои заклучувања се правилни, а други заклучувања не се правилни, а изгледа дека се. Со доказите се случува истото што се случува и со другите ствари, каде што постои извесна сличност, помеѓу вистинитото и привидното. Така, некои луѓе се во добра телесна состојба, а други само изгледаат дека се, затоа што се надуле и се опремиле себеси  како што племињата ги опремуваат животните кои што ги принесуваат како жртви. Некои се навистина убави, а други само така изгледаат затоа што се нагиздиле. Истотто важи и за неживите предмети. И од нив некои се од право сребро и злато, а други не се, туку само така му изгледаат на сетилното забележување. Така предметите од мешавина на сребро, олово и калај изгледаат сребрени, а предметите од жолт метал изгледаат златни(потенцирал М. П. ).“[3]

Заклучувањето на Дескоски дека „со повикување на правото на самоопределување“ не се решава спорот, претставува неправилно заклучување, кое се нагиздило за да личи на правилно заклучување.

Дескоски ја крши вистината во форма на petitio pricipi.[4] Тој треба да ја докаже својата премиса, која што ја цитиравме на почетокот.

За да бидеме поуверливи за нашите читатели дека Дескоски ја крши вистината, преку слика ќе претставиме што е petitio principi:

„За Абрахам Линколн се кажува следнава анегдота:

„Колку ноѕе има овцата доколку опашката ја именуваме нога?“-еднаш ги прашал своите пријатели.

„Пет,“ одговориле сите.

„Погрешно,“ одговорил Линколн. „Доколку опашката ја именуваме нога, потем од тоа сеуште не настанува нога(превел М. П. ).“[5]

Како што опашката не станала нога поради тоа што Линколн ја нарекол нога, така исто не е точно тврдењето на Дескоски дека повикувањето на правото на самоопределување не е начин за решавање на спорот.

„Меѓутоа, не е доволно само да се каже вистината, туку треба да се образложи причината за лагата. Имено, тоа допринесува за уверливост: доколку ни стане разбирливо зошто се чини вистинито нешто што не е вистинито, тогаш полесно и веруваме на вистината(Превел М. П. ).“[6]

Причина за лагата е тоа што Дескоски не ја докажа лажноста на нашиот контрасилогизам на еден од четирите начини кои што ги предлага Аристотел(„Органон“).

За разлика од него, ние го составивме неговиот правен силогизам:

  1. Pacta sunt servanda(договорите се извршни)
  2. Македонија и Грција имаат склучено Времена согласност, чиј што член 11 Грција не го извршува.
    ——————————————————————————————————————————
  3. Грција мора да го изврши член 11 од Времената согласност

Ние му го уништивме доказот на Дескоски на четвртиот начин(Аристотел), односно со уништување на големата премиса. Докажавме дека pacta sunt servanda нема универзална важност(на пример:сите луѓе се смртни), туку партикуларна важност. Докажавме дка доколку договорите се ништовни, тогаш големата премиса на Дескоски не важи.

Уште поубедливи сме поради тоа што; не само што му ја уништивме големата премиса, туку направивме и контрасилогизам( види колумна „Последна шанса за одбрана на името“) на кој му додадовме и три просилогизми, со што и на друг начин го уништивме правниот силогизам на Дескоски.

Што е друго така неопходно потребно, ако не секогаш да се има в рака оружје, со кое можеш да се заштитиш себеси, да го предизвикаш бесрамникот, или нападнат да вратиш назад(Цицерон)?

 


[1] Артур Шопенхауер, „Етика“, Култура, 1998, страница 43.

[2] http://www.mkd.mk/44024/makedonija/vremeto-na-nimiz-pomina-popeski-deskoski-…

[3] Aristotel, »Organon«, Kultura, Beograd, stranica 585.

[4] »Što se tiče pobijanja u kojima se ono što je u početku stavljeno radi raspravljanja traži i uzima kao priznato,-ako to primeti onaj ko odgovara, on ne treba da odobri ono šti mu se traži, i kad bi bilo verovatno, nego treba da kaže istinu(Ибидем, страница 639).«

[5] Egon Schneider, “Logik fur juristen«, Munchen, 1991, slovenski prevod tretje izdaje, stran 226.

[6] Aristotel, “Nikomahova etika«, Slovenska matica, Ljubljana, 2002, stran 237.

  •