Македонците и правото на самоопределување

„Не е тешко да се фалат Атињаните пред Атињаните, ама тешко е пред Лакедемонците(Aristotel, “Retorika, Naprijed, Zagreb, 1989, stranica 206).“

Како што Аристотел го цитира Сократ, за да ни даде средство со кое ќе ги убедиме слушателите дека пофалбата вреди, така јас ќе ви соопштам една пофалба на Србите кон Македонците.

Адвокат д-р Рајко Даниловиќ, во последната глава на третото издание на својата книга(“Upotreba neprijatelja. Politička suđenja u Jugoslaviji 1945-1991”, Javno preduzeće Zavod za udžbenike, Beograd, 2010), тврди дека македонските комунисти се бореле за правото на самоопределување. Според д-р Даниовиќ, Методија Шаторов Шарло е сменет 1940 година токму заради тоа. Заради правото на самоопределување уште полошо поминува првиот претседател на Македонија, Методија Андонов Ченто, кој што е осуден на монтиран судски процес. Во поглавјето за Македонија, како референтни автори се посочуваат д-р Стојан Ристески од Охрид и д-р Виолета Ачкоска од Охрид.Д-р Ристески веќе го спомнав во една колумна за лустрацијата, а д-р Ачкоска како референтен автор, ги потврдува моите тврдења во неколку колумни дека СФРЈ и Тито ги предаваат македонските интереси и директно влијаат да не успее правото на самоопределување на Македонскиот народ:

„Апсурдот на сето ова е, тоа што авнојска(„Титова“) Југославија беше создадена врз основите на полна рамноправност на „братските народи и народности“, на нивното неприкосновено национално самоискажување кое го подразбираше правото на самоопределување до отцепување. Се покажа дека тоа било само декларативната и пропагандната страна на стратегијата на КПЈ. Во практиката, „рамноправните народи и народности“ беа принудени да се откажат од правото на отцепување во името на „вишите“, „класни“ цели, односно своето право на самоопределување да го реализираат низ една единствена нужна опција во рамките на тогашната Југословенска федерација(Виолета Ачкоска, Никола Жежов, „Репресијата и репресираните во најновата македонска историја“, Макавеј, Скопје, 2005, страница 175-176).“

Според д-р Ачкоска;Методија Андонов Ченто не се откажал од правото на самоопределување, иако Колишевски секојдневно му испраќал во затворот човек со отчукана изјава, во која што било запишано дека Ченто се огрешил и ја признава грешката(цитираната книга, страница 177-178). Особено е трогателен делот што д-р Ачкоска и д-р Жежов го преземаат според сеќавањата на Ефтим Гашев. Дента кога излегува од затвор, Ченто му се обраќа на неформалниот лидер на ВМРО(исто така затворен во Идризово) Борислав Градишки. Му изјавува дека за ниедно зло, за ниедна смрт во Македонија не е виновен.

Според проф. д-р Ернест Петрич, поранешен Претседател, а сега по втор пат член на Комисијата на ОН за меѓународно право, правото на самоопределување е најважно човеково право(“Pravica do samoodločbe”, Založba obzorja, Maribor, 1984).

Фактот што некој може неправедно да се послужи со правото на самоопределување(бидејќи таквото самоопределување може да донесе големи зла), не ја намалува вредноста на правото на самоопределување. Тогаш, истиот приговор(Аристотел, „Реторика„) може да им се упати на сите добра, а особено на најкорисните;сила, здравје, богатство, или командување со војска. Доколку со овие предности се служиме правилно, носат голема корист, а доколку се служиме неправилно, носат голема штета.

Да го видиме примерот на користењето на правото на самоопределување на Кипар преку перото на проф. д-р Петрич(“Pravica do samoodločbe”, Založba obzorja, Maribor, 1984).

Дури и по признавањето на независноста од страна на ОН, Британија задржува две воени бази на Кипар. Стратешката важност на Кипар, го прави единствен носач на авиони кој што не може да биде потопен. Меѓународните договори што беа склучени при осамостојувањето на Кипар, дозволуваа мешање во внатрешните работи. Прва тоа го користи Грција, која што се обидува да го припои островот:”Motiv, nakana in izveden državni udar so v bistvu predstavljali element grške agresije(Ernest Petrič, “Pravica do samoodločbe”, Založba obzorja, Maribor, 1984.„Мотивот, намерата и изведениот државен удар, во суштина претставуваа елемент на грчка агресија.“ Превел М. П.).”

Турција го користи ова и со војна сила, противправно зазема 40% од островот.

Во 1570-71, Кипар станува жртва на агресија на отоманското царство и од тогаш населението почнува да се дели на муслиманско и христијанско. Околу 80% од ова население е христијанско и покажува свест за грчка народностна припадност. Нецели 20% се потомци на турски колонисти, или Кипрани што биле помуслиманчени(потурчени). По поразот од Русија, Турција за помошта на Британија и го предава на управување Кипар, за што е склучен меѓународен договор 1878. Бидејќи во првата светска војна влегува на страната на Германија, Британија 1914 го анектира Кипар.

Во 1915 Британија и го нуди Кипар на Грција под услов таа да и помогне на Србија во војната. Бидејќи Грција се колеба, Британија ја повлекува понудата и никогаш повеќе не ја повторува. Во 1923 склучен е меѓународен договор, со кој што Турција и ја признава анексијата на Кипар на Британија. Во 1925, Кипар е прогласен за британска колонија. Во 1950 година е организиран плебисцит, на кој што 95,7% од населението гласало за спојување со Грција. Кипраните избирале помеѓу приклучување кон Грција и колонијално владеење.

По неуспешните преговори помеѓу Британија и Грција 1954, Грција одлучува да го интернационализира прашањето на Кипар пред ОН. Така, Грција е првата земја членка на ОН што бара реализација на правото на самоопределување врз основа на член 1, став 2 од Повелбата. Грција го образлага своето барање со неколкуилјадното постоење на грчка свест кај Кипраните, како и плебисцитот од 1950. Го потенцира и фактот дека Кипраните учествувале на страната на сојузниците во втората светска војна.

Во 1955 грчкиот полковник со кипарско потекло, Гривас тргнува во вооружен отпор. Како реакција и турската заедница организира воен отпор. Турција пак, исто како и Грција го разбира правото на самоопределување и бара островот да се подели. Во 1960 свечено е прогласена независност на Кипар, со што се согласува и Грција и Турција. Во 1961 Кпар станува членка на ОН.

Во 1974 грчката национална гарда изведува државен удар.

Како одговор Турција воено интервенира и окупира 40% од островот.

Меѓутоа, ОН и признаваат на турската заедница само статус на малцинство и право на внатрешно самоопределување.