Ius Cogens

„Вистината не чини толку добрина на свеотв колку што изигрувањето на вистината предизвикува зла(Франсоа Ларошфуко, „Максими“, Мисла, Скопје, 2001(.“

 

Изминаа повеќе од две години откако во средствата за јавно информирање изјавив дека Врмената согласност е меѓународен договор во спротивност со ius cogens.

За да се соопшти ова вистина, потребна беше и доблеста храброст, зашто досега пред Меѓународниот суд на правдата не дошол предмет со тврдење дека некој договор е  во спротивност со ius cogens(Antonio Cassese, “Self-Determination of Peoples”, Cambridge University Press, 1995, српски превод, страница 156).Јас, не само што тврдев дека правото на самоопределување е норма ius cogens, туку тврдев и дека правото на една држава на избор на име е дел од правото на самоопределување.

И ова мое изворно тврдење никој не се ни обиде да го побие, а е од исклучителна важност за доаѓање до вистината во спорот со Грција.

Во Стратегијата за името веќе напишав дека согласно член 53 од Виенската конвенција за договорно право, за да има карактер на ius cogens една норма, таа мора да биде прифатена и призната од целата меѓународна заедница на држави.

Проф. д-р Ернест Петрич, кој што втор мандат е член на Комисијата на Обединетите нации за меѓународно право, а беше и нејзин претседател, уште во 1984 година тврдеше дека правот на самоопределување е ius cogens(»Pravica do samoodločbe«, Obzorja, Maribor, 1984, страница 64 и страница 117).

Antonio Casseze, исто така тврди дека правото на самоопредлување е ius cogens(погорецитираното дело, на страница 152-157). Ian Brownli тврди дека правото на самоопределување е ius cogens на страница 511, за на страница 582 да го докаже своето тврдење со пресудата на Меѓународниот суд на правдата во случајот Источен Тимор од 1995, кој што на правото на самоопределување му дава дејство erga omnes(“Principles of Public International Law«, Oxford University Press, 2008, македонски превод на седмото издание).

Дека ја говорам вистината укажува и фактот што италијанскиот научник и долгогодишен судија на Европскиот суд за човекови права Benedetto Conforti на страница 180 го проблематизира меѓународниот договор склучен со посредство на Америка, помеѓу Египет и Израел од 17. 09. 1978. година и Мировниот договор помеѓу Египет и Израел од 26. 03. 1979. година, попознати како договори од Кемп Дејвид(»Diritto internazionale«, Editoriale Scientifica, srl Napoli, VI ed., 2002, словенечки превод на шестото издание).

Имено, тој наведува дека со цитираните меѓународни договори е прекршено правото на самоопределување на Палестинците, бидејќи договорите содржат одредби кои што се во спротивност со правото на самоопределување, кое што е ius cogens и заради тоа се ништавни.

Меѓутоа, ова се ставови на научници и освен пресудата на Меѓународниот суд на правдата од 1995 година за случајот Источен Тимор, не се доволни за да заклучиме дека правото на самоопределување е ius cogens. Мора меѓународната заедница да манифестира волја дека правото на самоопределување е ius cogens.

Во друга колумна напишав дека правото на самоопределување потекнува од Америка, меѓутоа како политички принцип. Најголема заслуга тоа да стане право, има Ленин, а подоцна Салин кој е најзаслужен што правото на самоопределување влегува во Повелбата на ОН во 1945. Оттука, неспорно произлегува дека сите поранешни социјалистички држави го признаваат правото на самоопределување како ius cogens. Истото важи и за неврзаните земји. Впрочем тие имале и најголема корист од правото на самоопределување, бидејќи деколонизацијата е извршена со правото на самоопределување.

Од западните земји правото на самоопределување како ius cogens го признаваат Италија и Шпанија(1975) и што е најбитно за нас;Грција во 1970 година(Антонио Касезе, во погорецитираната книга, на страница 154).

Во Генералното собрание во 1970 година, при расправа за Декларацијата за пријателски односи, грчкиот делегат тврди, дека Декларацијата ќе биде важен допринос за зацврстување на меѓународниот мир и безбедност, а консензусот постигнат во врска со текстот за седумте принципи, обезбедува во голема мерка објаснување на содржината на одредбите на Повелбата кои што имаат статус ius cogens(Антонио Касезе, во погорецитираната книга, страница 173).

Разбирливо, на колонијалните држави тешко им оди признавањето на правото на самоопределување како ius cogens, но со помош на силогистика ќе дојдеме и до тој заклучок.

Имено, знаеме дека Арбитражната комисија воспоставена на Конференцијата за Југославија ја сочинуваа угледни правници(претседатели на уставните судови) од Франција, Германија, Шпанија, Италија и Белгија. Таа во своето мислење број 1 од јануари 1992 година истакнува дека правото на самоопределување е задолжително за сите страни(во Југославија).

Сепак, најсилен силогистички доказ дека западните држави го признаваат правото на самоопределување како ius cogens е пресудата на маѓународниот суд на правдата за Источен Тимор 1995, бидејќи во составот на овој суд(иако нема такво правно правило) секогаш има судија од државите постојани членки на Своетот за безбедност.

Дека Америка го признава правото на самоопределување како ius cogens, најилустративен е следниов пример.

Во 1979 година, американскиот правен советник  во меморандумот до американскиот државен секретар Ворен Кристофор, по повод советската инвазија на Авганистан, го напаѓа договорот од 1978 помеѓу Авганистан и СССР како ништавен, бидејќи е во спротивност со правото на самоопределување како ius cogens(Антонио Касезе, во погорецитираната книга, страница 154-155 и страница 174).

 

  •