Груевски и правото на самоопределување
(втор дел)

Аристотел(„Никомахова етика“) вели дека најдобра казна е спротивноста на она кон што некој се стреми. Цицерон најдобро го разбрал па предлага:

„Бидејќи законите повеќе треба се потврдуваат со пресуди, отколку со зборови, додадено е и ова: казната нека биде еднаква на вината, па секој да биде казнет со својот престап. Така, насилништвото се казнува со смрт, лакомоста со парична казна, а чезнеењето по чест со губење на граѓанската чест.“[1]

Повеќе од очигледно е дека Груевски чезнее по чест и слава, што е добро. Но, за тоа се потребни заслуги, а тој нема заслуги во спорот со Грција. Ние тоа го докажавме и тој треба да ги загуби честа и славата што ги доби за сметка на спорот со Грција.

Бидејќи докажавме дека државните универзитети и професори ја ограничуваат способноста на духот, ќе кажеме дека за почеток Груевски треба да состави, или да најде дефиниција на правото на самоопределување:

„Затоа, правилниот пат на откривање се состои во тоа, да обликуваме мисли врз основа на некоја дадена дефиниција, а тоа ќе го направиме толку поуспешно и полесно, колку подобро некоја ствар сме ја дефинирале.“[2]

Мајстор се станува, доколку учиш од мајстор. Цицерон станал најголем учејќи од Аристотел. За правото на самоопределување двајца најголеми мајстори се проф. д-р Ернест Петрич и Антонио Касезе. Првиот е втор мандат член на Комисијата за меѓународно право на ОН, а беше и нејзин претседател. Тоа никој не го постигнал досега од просторите на поранешна Југославија. Тој уште 1984 година ја напиша книгата “Pravica do samoodločbe« и го трасира патот за самоопределување на Словенија. Вториот беше повикан од Оксфорд да напише книга за правото на самоопределување и напиша книга со таков наслов 1995 година.

Тогаш, Груевски треба да ги казни проф. д-р Љубомир Фрчкоски и проф. д-р Владо Попоски, затоа што го избришаа правото на самоопредлување од нашиот устав. Казната треба да биде според рецептот што го дава Цицерон. Јавноста треба да дознае дека овие двајца професори од државните универзитети, немаат научнички способности и треба да бидат ослободени од своите обврски во науката.

Груевски не ќе може да даде некакво име на референдум, или, уште полошо, со тајна дипломатија да го промени името и го прекрши основното човеково право, правото на самоопределување. Ние како со менгеме го стегнавме со средствата што ќе ги употреби Македонскиот народ пред Одборот за човекови права на ОН(подетално во поранешна колумна, објавена на сајтов).

Груевски нека не се надева на неговото образование, за кое што е полн фалби. Тоа не се поместило ни за милиметар за време на неговото владеење:

„Оттаму потекнува тој омилен став и тој синџир на заклучоци, кој што гласи приближно вака: максимум знаење и образование, според тоа, максимум потреба, според тоа, максимум производство, според тоа, максимум приходи и среќа-така звучи заводливата формула. Образованието неговите приврзаници би можеле да го дефинираат како знаење со помош на кое човек во нужда и задоволување на таа нужда, во потполност станува современ, но истовремено владее со сите средства и патишта, за да може што полесно да добие пари. Според тоа, целта се состои во тоа да се створат што повеќе курентни луѓе, во смисол во кој што ги нарекуваме парите во промет; и според ова сваќање, народот ќе биде толку посреќен, колку што во него има повеќе такви курентни луѓе. Поради тоа, задолжителна задача на современите образовни установи би требало да биде, на секој да му се помогне, колку што тоа лежи во неговата природа, да стане курентен, да се образува така да сопствениот степен на сознание и знаење му овозможува најголема можна мера среќа и добивка. Поединецот би требало, како што тоа овде се бара, со помош на такво општо образование, да може точно да се процени себеси, како би знаел што може да бара од животот; и на крај се тврди дека постои природен и неопходен сојуз помеѓу „интелигенцијата и имотот“, помеѓу „богатството и културата“, дури и повеќе од тоа-се тврди дека тој сојуз е морална неопходност. Овде е омрзнато секое образование кое што ствара осаменост, кое што поставува цели надвор од сверата на парите и приходите и кое што е поврзано со голем губиток на време; такви сериозни видови на образование се нарекуваат со презриво име ‘префинет егоизам‘. Се разбира, од гледна точка на моралноста, која што се признава во тие кругови, се цени токму обратното, имено, брзо обрзование, како брзо би настанало суштество што заработува пари, , но истовремено добило основно образование, кое што ќе овозможи да се заработат многу пари. На човек му се дозволува само она количина на култура која што е нужна и во интерес на општо стекнување на добивка и светската економија, а само толку од неа и се бара. Со еден збор, човек има нужна претензија на среќа на овој свет, па поради тоа е потребна култура, но само поради тоа.“[3]

Е сега, доколку и Груевски е само курентен човек, тој ќе забележува околу себе само курентни луѓе. Никогаш нема да ги види оние на кои што Ниче им се воодушевува. Никогаш нема да го види решението на спорот со Грција, преку правото на самоопределување.

 

 

 


[1] „Закони“, страница 97, превел М. П.

[2] Spinoza, “Dve razpravi«, Razprava o izboljšavi uma, stran 34, превел М. П.

[3] Fridrih Niče, »Šopenhauer kao vaspitač«, Grafos, Beograd, 1987, stranica 54-55, превел М. П.