Груевски и правото на самоопределување
(прв дел)

Според Спиноза[1], државните универзитети не се наменети за да ја развиваат способноста на духот, туку за да го попречуваат развојот на духот. Спиноза вели дека во слободна република науката најубаво ќе цвета тогаш, кога на секому(кој што сака јавно да предава) ќе му биде дозволено тоа да го стори, меѓутоа на сопствен трошок и на сопствена одговорност за своето име.

И универзитетите на Груевски, не се наменети за да ја развиваат способноста на духот, туку да ја попречуваат. Ние сме доказ за тоа. Бесплатно во „Нова Македонија“, не жалејќи време и напор, докажавме дека духот најубаво цвета, кога на секому му е дозволено јавно да советува. Особено кога станува збор за најважното прашање, спорот со Грција.

Дотука, пофалба за Груевски, бидејќи како по дефиниција, се однесуваше во склад со советите на Спиноза. Така, Македонскиот народ го доби најдоброто, клучот за решавање на спорот со Грција, правото на самоопределување.

Меѓутоа, кога требаше да биде објавена најважната колумна „Последна шанса за одбрана на името“, „Нова Македонија“, долго не ја објавуваше. Дали во тоа има замешано прсти Груески, не знаеме.

Ние бевме доследни и докрај ги почитувавме советите на Спиноза. И се заблагодаривме на соработката на „Нова Македонија“ и со сопствени средства го отворивме овој сајт и продолживем да предаваме, на сопствена сметка и на сопствена одговорност по угледот на нашето име.

Тие што не следат, знаат дека Спиноза е во право. Државните универзитети ја ограничуваа способноста на духот. Особено тоа го правеа во времето на Киро Глигоров, Стојан Андов и Бранко Црвенкоски.

Кога дојде Груевски, им се заблагодари на услугите на некои професори, но не и на универзитетите, кои што постоеа за да ја ограничуваат способноста на духот(Спиноза). Така, новите професори од истите универзитети, само ја продолжија работата на своите претходници и побараа исполнување на Времената согласност, за која што ние(луѓе надвор од државните универзитети), докажавме дека е ништовна. Доказот во форма на магистерски труд, го верифицира најкомпетентниот професор по меѓународно право од државните универзитети проф. д-р Татјана Петрушевска(nulla regula sine exceptione-ниедно праило без исклучок).

Сега е време, ова колумна да одговори на прашањето; што е нејзина цел?

Бидејќи моќта му припаѓа на народот, а угледот на власта[2], ние сакаме да го придобиеме народот, а со тоа сме добиле моќ. Меѓутоа, моќта ја сакаме не за да владееме, бидејќи ние не сакаме да владееме. Ние сме како оние од седмата глава на Платоновата „Држава“, за кои што Платон вели дека по навршената педесетта година, во интерес на својата држава, против своја волја, за некое време, треба да имаат некаква моќ и некакв власт, или барем да се слуша нивниот збор.  Од друга страна сакаме да ги побиеме ставовите на Груевски за спорот со Грција, бидејќи доколку ги побиеме неговите ставови, го уништуваме неговиот углед, а ние придобиваме углед. Кога велиме да се уништи угледот на Груевски, мислиме на угледот за најважното прашање, спорот со Грција. Во другите области на владеењето е релативно успешен.

Зошто пак Груевски?

Заради тоа што тој е помало зло. Аристотел вели(„Никомахова етика“); кој избира помало зло, избира добро.

Ниче(„Волја за моќ“) вели дека ги напаѓа Аристотел и Библијата, затоа што се најдобри. Со напаѓањето на Груески, никој повеќе нема да го спомне Црвенкоски, Георгиевски, Андов и слични на нив. Една умна глава рече дека филозофирањето престана откако се појави Аристотел.

Друг аргумент ни дава самиот Аристотел: „Бидејќи сите донекаде се трудат да ги стават на проба оние кои што сметаат дека знаат.[3]

Имено, Груевски смета дека знае што е најдобро за Македонија во спорот со Грција, а ние докажавме дека не знае, со правен силогизам. Понатака, нужно е да се нападне Груевски лично[4], бидејќи тој не одговара на нашите аргументи, кои што ги побиваат неговите и постојано чека шанса да каже нешто спротивно од нашите желби како испитувачи. Таквите негови злонамерни претерувања[5], расправата од дијалектичка ја претвораат во полемичка.

Некои читатели веќе се прашуваат,од каде ни нам право вака да говориме?

Кој ќе се спротивстави на нешто лошо нека се смета за корисен граѓанин-кој не би се потрудил да и притекне на помош на државата, доколку би бил пофален со такво прекрасно слово на законот?“[6]

 


[1] “Dve razpravi«, Razprava o izboljšavi uma, Analecta, Ljubljana, 1997, stan 108.

[2] Цицерон, „Закони“, Плато, Београд, 2002, страница 89.

[3] Aristotel, “Organon«, Kultura, Beograd, 1970, stranica 609, превел М. П.

[4] Ибидем, страница 561.

[5] Ибидем.

[6] „Закони“, страница 97, превел М. П.