Титовите ликвидатори
(прв дел)

Во средината на 2009 година разбравме дека последната титова плата изнесувала 135.000,00 евра(4,5 милиони динари, односно 280.000,00 марки).Секој први му ја носеле удбашите на „Ужичка“ 15 во Белград, во две бакарни кутии 50 х 30 сантиметри (http://www.siol.net/Svet/Zanimivosti/2009/06/Zadnja_Titova_mesecna_placa_je_bila_280000_mark.aspx).

Повикувајќи се на западна литература, во колумната „Измама и предавство“(„Нова Македонија“ од 24.03.2010.) напишав дека Тито ги предал македонските интереси повлекувајќи 10 000 борци од редовите на грчките партизани. По ова предавство, Стаљин прекинува со Тито.

Во колумната „Голи оток“(„Нова Македонија“ од 27.04.2010.) напишав, дека се убиени околу 2 000 луѓе. Според западни извори;низ Голи оток поминале околу 32 000 луѓе, што е најмасовно прогонство во Европа по војната.

Европа и Америка молчат за ова злосторство на Тито.Титовите ликвидатори убиле повеќе емигранти во Европа, Америка, Канада и Австралија, отколку сите други источноевропски земји и СССР заедно (John R. Schindler – професор, експерт за меѓународна безбедност, шпиунажа и тероризам, долги години службувал во БИХ). До распадот на СФРЈ, УДБА убила 80 емигранти. На списокот на УДБА  се и 23 неуспешни обиди за убиство, 4 грабнувања, 2 неуспешни грабнувања, а четворица ги зела маглата. УДБА ги убивала своите жртви со куршум в чело. Тоа бил потпис на УДБА. Меѓутоа, Тито никој не го чепка на Запад, бидејќи тој му е корисен на Запад. Западот има двојни стандарди, кога е Тито во прашање. За споредба; месец дена пред УДБА да го ликвидира Бруно Бушиќ(1978 во Париз), бугарската тајна служба го убива дисидентот Георги Марков во Лондон. Овој светски познат „случај чадор“  го предизвикал бесот на Запад. Истрагата е уште отворена. Британската полиција и понатака го истражува злосторството и денес апси лица вмешани во случајот-32 години по убиството. Обично, ликвидациите ги извршува републичката УДБА, а понекогаш учествува и сојузната УДБА. Најмногу ликвидирани се Хрвати. Меѓу убиените има терористи, но има и такви кои не се терористи. Обично, ликвидаторите се од криминалните кругови и тешко е да се поврзат со комунистичката власт. Најкрвава „работа“, УДБА извршила во 1972, кога титовиот убиец го убил Стјепан Шево, член на Хрватското револуционерно друштво во Италија. Ликвидаторот не го убил само него, туку и неговата жена и деветгодишната посвоена ќерка Татјана.

Зошто би било сево ова важно за Македонија и за спорот со Грција?

Доколку е неспорно за Западот дека на Тито му се гледало низ прсти за грозните убиства на неговите ликвидатори, можно ли е е неговите наследници и денес заедно да играат со Западот во спорот со Грција? Македонските интереси ги предал Тито 1948, а денес наследниците на Тито треба да одработат против Република Македонија.

Впрочем, има индиции дека е можна таква разврска. Западот во сите поранешни комунистички земји што се дел од Европа направи лустрација, освен во републиките на поранешна СФРЈ. Јас во колумната „Сепак се врти“(„Нова Македонија“ од 11.11.2009.) напишав дека Британци и Американци обучувале членови на ОНА. За некои од раководството, за кои што пишував, подоцна излегоа досиеа дека биле соработници на тајните комунистички служби.

Дали Западот УДБА си ја третира како своја?

Одговорот на ова прашање е многу важен. Доколку е така, сеедно е дали е лева, или десна опција на власт во Македонија. Бидејќи, како што вели Јанша; комунистичката партија ја замени УДБОМАФИЈАТА, а таа управува со Македонија.

Факт е дека во Македонија нема превод на резолуциите на Советот на Европа од 1996 и 2006 за лустрација. Факт е дека во Македонија нема превод на Декларацијата на ЕУ од април 2010 за тоталитаризам. Факт е дека парламентот не расправаше по неа, иако власта беше во десницата.

Она што требаше да го направиме сами со лустрацијата, за нас го направија Германците со една пресуда. Врз основа на сведочења, Германците утврдија дека токму носителите на политички функции во Југославија по смртта на Тито, ги издавале упатствата за политички убиства во Германија. Според пресудата, од 1945 до 1989 во Германија УДБА убила 67 Хрвати. Според пресудата, за политички ликвидации биле одговорни носителите на политички функции во републиките.

Продолжува…

  • Musso-vtor pat

    Како млаку “опитен“ во делувањето на “службите“ засега ќе с еобидам накратко да дадам некои напомени. Имено, улогата на Јосип Броз Тито од неговто стапување на функција на “генсек“ на КПЈ па донеогвата смрт, не само во Македонија, бара длабоко проучување и вреднување. Да нема забуна, моите (досегашни) сознанија говрат дека оценката ќе биде крајно негативна. И “кавгата“ со Јосип Висарионович Џугашвили (познат како Сталин или Стаљин, сеедно) е дел од многуте игри и “фингерајки“ на Маршачот, при што, Марјане, МОРА да се каже и дане с еигнорира дека негов (Титов, де) најсилен соуграч е “товариш Беуц“ – Едвард Кардељ! Она што исто така сакам (во оваа фаза од “дебатите“) да го истакнам е фактот (кој од свои причини добро го знам и тврдам дека е така) дека она што денес (сосема се согласувам со кованицата) го нарекуваме УДБОМАФИЈА, а во бившиот систем и држава масовно се идентификуваше со УДБА (иако менуваше официјални имиња и “организациона поставеност“) беше служба која заедно со Источно-Германската ШТАЦИ (STAZI – Staatszicherheit) беа “нај активните“, па искрено кажано и најспособните “тајни“ служби во Европа (да не речам и во светот!) кои одлично играа,па “и ги играа“ и КГБ, и ЦИА и МИ. Вршеа они и услуги за нив. Тоа бе аслужби со разграната “мрежа на ликвидатори“, сосема точно кажано во текстот – регрутирани од најдолниот криминален шљам кој, токму заради “позадината“ слободно се движеше (па ис еуште се движи) низ Европа! Останатите констатции или тврдења (всушнос сите, јас само дообјаснувам) се целосно точни, но има уште мнооогу да се изнесува. А, ако немате против – и читателите и гопсодин Попески, секако, јас пак би се навратил на едно мое тврдење (ако треба ќе вложам напор и да го докажам иако “доказната постапка“ си се изведува секој ден – “само по себе“) – ЕУ(ропа) НЕ САКА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА и сака С-Х-С на овие простори. Значи пак мусаџиски упорно до крај – не би се согласил баш со терминот “двојни аршини“, туку со долгорочна цел – ниет што би се рекло по нашки – ЕУ да биде ВЕРСАЈСКА ЕВРОПА. Само, сега без елаборирање (ептен надолго и нашироко би било), тоа нема да им се “посреќи“, не дека мусаџиите така сакаат, туку дека е тоа е НЕВОЗМОЖНО. Зошто и како – во друга прилика. А владата (владеачката партија) – или ќе си “легне на брашното“, или ќе биде, ајде да бидам културан, “супституирана“. И уште ова појаснување – СДС-от, филијала на УДБОМАФИЈАТА, тешко дека би партиципирале во таква една “суспституција“.

    Thumb up 0

  • montehristo

    Значи позади убиството на Шамбевски има некое име и презиме од некој наш сограѓанин.
    А секако и на неговиот налогодавец.
    А овие си играат неправосилна лустрација.
    Значи, кој луд, кој збунет.

    Thumb up 0