Паника

Не чекав долго за да се потврдат наводите на мојата последна колумна.

Еден дневен весник близок до власта денес панично(така ја свќаме чуденката на крајот од насловот) објавува дека грчкиот адвокат Фотис Канелопулос изјавил за грчките медиуми дека привремената согласност е невалидна, затоа што грчкиот парламент не ја ратификувал и не била објавена во службен весник. Според грчкиот адвокат; привремената согласност била невалидна, не се применувала и Грција можела во секое време да се повика на своето право на вето против Македонија, без за тоа да сноси одговорност.

Основно правило во медицината е; не наштетувај.

Истото важи и во правото. На оној што бара правда немој да му наштетуваш. А дали тужбата на д-р Тони Дескоски не и наштети на Македонија. Каква е таа победа доколку грчкиот адвокат има право?

Дали јас со моите решенија врз основа на ius cogens и наштетив, или може да и наштетам на Македонија?

За да си одговорите на овие прашања, ви го нудам интервјуто што уредникот Зоран Трајчески го направи со мене непосредно пред пресудата, на емисијата “Радио спектар” за Македонското радио.

  •