Лагата е бесмртна душа на Македонскиот комунизам

Една умна глава изјави дека доколку само за пет минути беше укината,или забранета лагата, комунизмот веднаш ќе пропаднеше.

Јанша, според анкетите, идниот премиер на предвремените избори во декември во Словенија, го сврти овој постулат против словенечките медиуми: „Доколку би ја забраниле лагата во Словенија за еден ден, повеќето медиуми би пропаднале… (sds.si/news/9521).“

Доколку е вака во европска Словенија, уште полошо е во комунистичка Македонија со медиумите. Велам комунистичка, зашто највлијателните новинари се ортодоксни комунисти, а советниците на претседателот и премиерот, исто така. А доколку лагата е темелот на комунизмот, на тоа затруено дрво и плодовите се затруени.

Така се случи да имаме десна комунистичка и лева комунистичка влада.

Ова состојба во Македонија го крши вториот закон на мислењето: Законот за исклучена противречност, кој гласи; Два, помеѓу себе противречни суда, не можат истовремено да бидат вистинити.

Не може ортодоксен комунист да биде советник на десна влада. Тие две работи се исклучуваат една со друга.

На пример. Што ќе го советува Светомир Шкариќ претседателот. Само за комунизам. Тој, иако веќе 14 години Македонија ја има ратификувано ЕКЧП, тврди дека над Уставниот бил само бог и со тоа ја потврдува една од божјите заповеди на комунистичкото право, која што вели дека тоа ги третира меѓународните договори како декларации. Тој советува поништување на законот за лустрација (прочистување од комунизам).

Веќе насетувате дека сакам да ги потенцирам како најопасни правниците. Како најголеми комунистички мајстори на лагата.

Но, не е така и во Словенија, иако живеевме во иста држава. Додека кај нас претседател на Уставниот суд беше д-р Трендафил Иваноски, за кој што постои правосилна судска одлука дека бил соработник на тајната комунистичка полиција, во Словенија Уставниот суд со едногласна одлука на сите девет судии ја укина одлуката на градоначалникот на Љубјана со која што една улица во Љубјана е именувана според Тито.

Оваа одлука во Словенија се доживува како пораз на комунистите, но вас ве интересира дали е правилна.

Уставниот суд ја укина улицата именувана по Тито, бидејќи во тоа препозна симболично дејствие, со која што градската власт на Љубјана му изрече признание на некогашниот недемократски режим. Во одлуката U-I-109/10 од 03.10.2011.година, Уставниот суд посебно го потенцира почитувањето на човековото достоинство, кое што спаѓа во јадрото на Уставот. Со ова одлука, Уставниот и испрати порака на градската власт во Љубјана (комунистичка), дека со мнозинството што го има, не може да прави што ќе и текне. Иако одлуката на градските власти не крши ниеден закон, таа е во спротивност со вредностите што ги прокламира уставниот поредок.

Дека Тито е злосторник, во Словенија потврди и претседателот на здружението на борците, титовиот партизан д-р Јанез Становник.

За да не може на текстов да му се префрли невистинитост на претходниот заклучок, еве од кој постулат произлегува: „На прашање, дали тоа значи дека Тито е одговорен за масовните убиства, Становник одговори дека `никаде на светот нема војска, каде што би можело едно такво масовно убивање да се случи без знаење на врховното водство`. (http://www.rtvslo.si/index.php?c_mod=news&op=print&id=267711, превел М.П.).“

После ова, што мисли советникот на претседателот, Шкариќ, за постоењето на партијата „Титови леви сили“, која што коалицира со Црвенкоски, кој што не така одамна, предлагаше да му се подигне споменик на Тито.

Не го загрижува ли фактот дека сите девет уставни судии (меѓу кои и тројца еминентни професори) мислат дека се крши човековото  достоинство со именување на улица по Тито, а во Македонија и денес кога на власт е навоодно десна демократска опција, се глорифицира Тито.

Дали Шкариќ и другите комунисти во десната влада ни порачуваат дека ние Македонците немаме човеково достоинство и дека кај нас Тито може да се глорифицира?

Уставниот суд на Словенија најде основ за својата одлука во член 45 од Уставот кој што гласи:

Член 45
(право на петиција)

Секој државјанин има право да вложи петиција и други иницијативи од општо значење.

За да не мора советникот на претседателот да размислува и да истражува дали и во нашиот Устав има ваква одредба, јас велам има и тоа е одредбата на член 24, став 1 од Уставот која што гласи:

„Секој граѓанин има право да поднесува претставки до државните органи и другите јавни служби и на нив да добие одговор“, во врска со член 108 од Уставот.

На прашањето на Тито, комунистичките советници на претседателот и премиерот, треба да станат свесни дека и Македонците имаат право на достоинство.

Но, не само тоа. Тие се должни да превземаат дејствија и да ги советуваат претседателот и премиерот во духот на нашиот Устав, кој што не се разликува многу од словенечкиот (на неколку места е во спротивност со примарното и секундарното право на ЕУ).

Се дотогаш, тие ќе бидат само плодови на затруено дрво, поради кои што Македонија не направила ни милиметар кон напуштање на комунизмот и неговиот симбол Тито.

За  да можат судиите (во случајов, моите читатели) да донесат вистинит суд, дали Шкариќ и Претседателот на Уставниот суд на Република Словенија проф.д-р Ернест Петрич многу се разликуваат, еве еден дел од издвоеното мислење на Претседателот на Уставниот суд на Словенија, со кој што се укинува улицата на Тито:

„ 5. Последиците на тоталитаризмот сеуште притискаат бројни народи, како и европската историја.Токму заради тоа Парламентарното собрание на Советот на Европа ја потенцира потребата за осудување на злосторствата на тоталитарните режими, а со тоа и на тие режими како такви и Европскиот парламент изрази почитување на жртвите на сите тоталитарни режими.Исто така и Уставниот суд на Република Словенија, во низа одлуки ја потенцира нездружливоста на некогашниот комунистички режим со современите европски стандарди за заштита на основните човекови права(превел М.П.).“

И за крај. Знајте дека проф. д-р Ернест Петрич е на слична возраст(1936) како Шкариќ. Во СФРЈ станал професор, бил амбасадор.

  • Kuze-Internazionale

    Pocituvan Marjan,

    Imate odlicna kolumna kako i sekogas. Imam mala zabeleska sepak koja ke ja pretocam vo prasanje. Kolku i da bil los totalitarniot sistem na diktatorot Tito, ne zasluzuvaat li edno priznanie zaradi toa sto bile glavna snaga vo otklonuvanjeto na edno pogolemo zlo kako sto bile fasizamot i nacizamot? I uste nesto, ne smetate li deka barem malku Tito so toa sto zastanal pozadi makedoncite ima pridones vo konstituiranjeto na makedonskata drzava?

    Ve pozdravuvam!

    Thumb up 0

    • „Тражити код мене супротности сасвим је узалудно:све је изливено из једног комада(Артур Шопенхауер, „О среќи, љубави, филозофији и уметности“, Светови, Нови Сад, 1999, страница 8).„
      Кога би одговорил дека Тито заслужува признание, би го прекршил вториот закон на мислењето, Законот за исклучена противречност, кој што гласи:Два помеѓу себе противречни судови, не можат истовремено да бидат вистинити.
      Значи, Тито е злосторник и не заслужува никакво признание.
      Ова е логичкиот аспект на вашето прашање.
      За да не ја доведувам во искушение трпеливоста на моите читатели, само ќе потсетам на вистинитоста на тврдењето на Шопенхауер за неговото дело;кај мене, нема да најдете ниедна колумна, да и противречи на друга колумна.
      Со историски факти од западни извори докажувам дека Тито ги кодоши партиските функционери на Југославија кои што го зеле во своите редови, а Сталин сите ги ликвидира.
      Тито ја кодоши сопствената жена како неморална.
      Тито дозволува неговиот првороден син да биде затворен во поправен дом, за да се ослободи од родителските обврски.
      Тито стрела околу сто илјади луѓе по завршувањето на војната во Словенија.Тоа е систематско елиминирање на политичкиот противник.Помеѓу доказите што се најдени во „Барбара ров“, има и детски обувки.
      Прогонувајќи, затварајќи и убивајќи околу 32.000 луѓе, Тито го врши најголемиот прогон на тлото на Европа по војната(Голи оток).
      Државата на Македонија и ја направи Русија(Стаљин), а Тито беше само негов кодош.
      Додека Русија(Стаљин) беа пред победа во Грција(1948), а со тоа во најмала рака Македонците во Грција ќе добиеа автономија, Тито ги предава македонските интереси и Стаљин, повлекувајќи 10 000 борци од југословенската армија, после што Македонците и грчките комунисти ја губат војната.
      Меѓутоа, Хрватите ја добиваат Истра, која што според Словенците никогаш не била хрватска.Словенците ја приклучуваат Приморска кон Словенија.
      За сиве претходни наводи во моите колумни има докази и референтна литература од запад и од Словенија.
      Во една од посвежите колумни во која што ги побивам наводите на Велиновска, ќе најдете цитиран дел од резолуцијата на ЕУ дека нацизмот и комунизмот се едно исто.
      Во друга колумна ќе најдете цитат на Хитлер(„Мојата борба“) дека сите биле убедени дека е тој комунист.
      Значи, нацизмот е последица на комунизмот, а не причина за комунизмот.
      Значи, етичкиот аспект на вашето прашање се однесува на комунистичка Русија(Стаљин), а не на Тито.
      Меѓутоа и ова етичка дилема, релативно лесно се расчистува со помош на Аристотел(„Никомахова етика“).
      Стаљин(Русија) е најзаслужен за поразот на Хитлер, па тоа не го прави позитивен, бидејќи до 1941 година(според Хитлер, „Мојата борба“), убил 20 милиони Руси.
      Со примена на правното начелоa fortiori ratione(дотолку повеќе), логички заклучуваме;доколку Стаљин, кој што ја доби војната не стана јунак, туку си остана злосторник, дотолку повеќе Тито, кој што беше само кодош на Стаљин(во 1948 и него го предаде на сметка на Македонија), си беше и си остана само злосторник.
      Значи, нема потреба да се расчистува етичкиот аспект кон Тито, бидејќи и на здравиот разум му е јасно дека Тито бил само злосторник.
      Но, не е така, кога е во прашање Стаљин(Русија), кој што ни направи држава.Но и тука ни помага Аристотел, кој што парафразирано вели;доколку лош човек му направи добро на доблесен човек, доблесниот човек не е должен да му врати со добро, бидејќи лошиот човек му направил добро на доблесниот, знаејќи дека овој е доблесен и дека(на пример) доблесниот ќе му ги врати парите на лошиот(доколку ми позајмил пари), но лошиот, нема да му ги врати парите на доблесниот, доколку доблесниот му позајми.
      Со примена на mutatis mutandi, како и правното начело argumentum a minori ad maius(од помало кон поголемо) заклучуваме;тоа што тоталитарниот руски режим ни направил држава, не не обврзува да го величиме, или да војуваме за негово зачувување.
      Аристотел е толку голе, заради тоа што својата етика ја применувал и денес таа е најприменлива и најсовршена етика.
      Тој, во името на вистината, ќе му се спротивстави и на својот учител Платон, со кого што поминал цели 17 години:”Morda bo bolj smiselno ogledati si in razčleniti nauk, po katerem je “dobro” neka ideja.To bo zame kočljiva naloga, kajti možje, ki so uvedli ideje, so bili moji prijatelji.In vendar je pošteno in naravnost nujno, da resnici na ljubo žrtvujemo tudi svoja prijateljska čuvstva, zlasti še, ker smo filozofi.Čeprav nam je oboje pri srcu, je vendar naša sveta dolžnost, da damo prednost resnici(Aristotel, “Nikomahova etika”, Slovenska matica, Ljubljana, 2002, stran 53.„Можеби е посмислено, да ја погледнеме и да ја расчлениме поуката, според која што „доброто“ е некоја идеја.Ова за мене ќе биде незгодна задача, бидејќи луѓето, кои што ги воведоа идеите, беа мои пријатели.Па сепак, чесно е и просто неопходно, ѕа лјубов кон вистината, да ги жртвуваме и своите пријателски чувства, особено пак, затоа што сме филозофи.Иако двете ни се на срце, сепак, наша света должност е, да и дадеме предност на вистината.Превел М.П.).”
      Од ова прекрасно место потекнува надалеку познатата поговорка: Amicus Plato, sed magis amica veritas(Драг ми е Платон, но подрага ми е вистината).
      А вистината е , како што тврди Уставниот на Словенија, и Претседателот на сојузот на борци на Словенија, д-р Јанез Становник(партизан), дека Тито е злосторник.

      Thumb up 0