Книга за одбрана на Македонија

„Гледај да најдеш наклонетост кај видни луѓе. Слабичкото `да` на еден одличен човек, мора да се уважува повеќе, отколку целосното одобрување на масата. Бидејќи, од мудриот говори умереност, па поради тоа нивната пофалба ни носи неисцрпно задоволство… Платон го нарекуваше Аристотел цела своја школа(Valtazar Gracijan, “Vrelo mudrosti, ili pravila za život,Ušće, Beograd, 1997, превел М.П.).“

Моите ставови за спорот со Грција арогантно и безочно беа нападнати од повеќе професори. Нападите ги одбив, бидејќи сите беа ad hominem.

Во вистински момент ја добив наклонетоста за моите ставови на најкомпетентниот стручњак по меѓународно право во Македонија, на проф.д-р Татјана Петрушевска од УКИМ.

Ја имав и таа чест таа да биде претседател на комисијата пред која што магистрирав.Откако се разбра за нејзината наклонетост кон моите решенија за спорот со Грција, престанаа сите напади.

Очекувањата и препораките на проф.д-р Петрушевска се магистерската да ја публикувам како книга:

„Доколку утврдам дека е способен да стигне до врвот, не само што ќе го поттикнувам да се труди, туку доколку ми се чини дека е и добар човек, дури и ќе го молам(Ciceron, “O govorniku”, Družina, Ljubljana, 2002, превел, М.П.).“

Ви го соопштувам почетниот дел од одбраната на магистерската:

„Што е друго така неопходно потребно, ако не секогаш да се има в рака оружје, со кое можеш да се заштитиш себеси, да го предизвикаш бесрамникот, или нападнат да вратиш назад?

Говорот. Во него имаме најголема предност над животните. И после, кој не би сакал во говорот да се истеакнува меѓу луѓето?

Говорот, одличниот говор, е најредок меѓу луѓето. За неколку илјади години, само Демостен и Цицерон се запаметени.

Првиот, не излегувал на суд без пишуван говор.

Цицерон вели дека кој е извежбан во пишување и кога се изразува усно, говорот му личи на пишуван. Како што чамецот продолжува, иако веслачот го сопира со веслата, така и кога на местото на пиувшаниот говор ќе продолжи усно излагање, преостанатиот говор го задржува истиот ток.

Затоа, ве молам да се сетите на мојот пишуван говор, магистерскиот труд и да оцените дали овој говор го задржува истиот ток?

Да се повика на помош опасноста против опасноста, не поучува Аристотел.

Ја повикувам на помош опасноста логика, против опасноста Привремена спогодба. Зашто, како што вели божествениот Платон, доколку заради нешто друго се откажеме од логиката и логиката ќе се откаже од нас, а се што е нелогично пропаѓа.

Обрнете внимание на ова што ќе ви го кажам сега, бидејќи еднакво ве засега вас, како и мене.

Да се однесуваме како никој да не ни верува. Како оној Евреин на Ниче, кој што поради минатото на својот народ, не очекува никој да му верува. Затоа, сите еврејски научници имаат високо мислење за логиката. Евреите ги изнудуваат одобрувањата со разлози. Тие знаат дека со логиката мора да победат дури и таму, каде што кон нив постои расна и класна омраза. Ништо не е подемократско од логиката, вели Ниче. Таа не познава никаков личен углед.

Треба да му веруваме на Ниче за важноста на логиката. Човек скаран со логиката, како што самиот вели за себе. Повеќе поет и писател отколку филозоф. Треба да му веруваме зашто; „Лесно е да се фалат Атињаните пред Атињаните, но тешко е пред Лакедемонците“-вели Аристотел. Затоа не ги спомнувам Аристотел, Кант, Шопенхауер, иако тие се најдобрите логичари.

Овие се причините поради кои им посветив толку внимание на правните силогизми во пишуваниот говор, односно магистрскиот труд.

Овие се причините поради кои што логиката е главен јунак и во овој мој усмен говор.

Со логика ќе го одбраниме човековото право на самоопределување.

Има уште една причина за ангажман во одбраната на Македонија.

Шопенхауер забележал дека постоењето на единката има смисол само во однос на видот. Тој видел дека природата ги уредила така работите, што доколку единката не е корисна за видот, природата прави се за да ја упропасти таквата единка.

Секоја сличност со некои пропаднати новинари, интелектуалци и политичари Македонци, не е случајна.“

  • Musso-vtor pat

    Да не останам “покусо“. Биографиата на Д-р Татјана Петрушевска ми е одлично позната. Еве да те “прекорам“ дека заборави да споменш дека станува збор за една прекрасна – убава жена – и физички и интелктуално. Малку и да ти “противречам“.Што се однесува до твоите проѕивници – ти веќе ги победи. Сега нема потреба да ги “дотепуваш“ туку да ја манифестираш својата супериорност. Таа супериорност треба да ја покажеш пред “широките маси“, а не да ја “докажуваш“ пред своите соперници, малодушници, завиднилвци, ифрустрирани дилетанти и …и останали. Занши Марјане публицетет – со побликување на своите трудови (овој веб поратл е претесен за тоа, но не и да го прекинеш, никако!). Мислев да одам со личен маил, ама еве и вака мислам дека е адекватно, секако без да навредам (иако не сакајќи се е можно). Имено, онака мусаџиски (тоа е она да “не останам покусо“), сметам дека во сите твои идни публикации треба да се повикуваш на себе и своите ставови кои,како гледам си успеал да ги зачуваш (и докажеш) пред самиот себе (според мене најважното за една личност). Не дека имам нешто против Аристотел, Платон (добро некоја резерва имам за Платон :-)), Шопенахауер, но мислам дека со магистратурата, ја надмина потребата од (некогаш пречестото) повикување на нив. Сега е редно да одиш со она ШТО ТИ ГО МИСЛИШ И ТВРДИШ. Кој има проблем со ТВОИТЕ ставови и тврдења нека повели да полемизира или опонира со СВОИ (ако ги има) ставови, тврдења, секако и да ја докаже нивната валидност, или барем да ги аргументира.

    Очекувам да ми “опонираш“ на пишаново, но се надевам дека нема да биде тоа лична замерка. Та нели и Муссо има право да се “произнесе“…

    Thumb up 0

  • Musso-vtor pat

    Честито и од мене. И како почитувач и како “провокатор“. Искрено, очекував многу порано да стигне информацијата, чунки бев “известен за започната прпцедура“. Сега се думам како да “провоцирам“ понатаму. Авторитетот и компетентноста се потврдени. Ќе смислам нешто, само прво да ми “дојде до рака“ трудот на господинот Попески (секако магистер, не заборавам). Се надевам само дека нема лични замерки за моите коментари за “ориѓани и табиетот на (некои) ориѓани“. Уште еднаш честитки за достигнатото ниво, со едно, типично мусаџиско. прашање: Ќе има ли и “понатака“? Мислам на степен погоре? Се надевам дека амбициите не се “исполнети до крај“.

    Thumb up 0

    • Благодарам за честитките.
      Да.Ќе има уште.
      Имав многу соперници меѓу професорите и многу опструкции, но сепак победив.
      Мојот триумф го прави целосен фактот што рецензија за книгата ќе пишува најдобриот во Македонија.Проф.д-р Татјана Петрушевска. Дипломирала право за 3,5 години со просек десет.Магистрирала меѓународно право со просек десет во Белград и докторирала меѓународно право во Белград.Има објавено 120 научни трудови и предава на повеќе универзитети дома и надвор.

      Дилемата беше: Словенија, или дома?Катедрата за меѓународно во Словенија ја држеше сегашниот Претседател на Словенија и заменик на Кофи Анан во ОН, проф.д-р Данило Тирк.Го замени проф.д-р Мирјам Шкрк, која што пред извесно време беше назначена за адвокат на Словенија во постапката против Хрватска.

      Доколку продолжат опструкциите и при издавањето на книгата, тогаш книгата најверојатно ќе биде објавена во Словенија, а веројатно и докторатот, кој што веќе има околу 250 страници.
      Имено, според словенечките прописи;имам право на избор на ментор надвор од универзитетот и моја намера е да ја предложам проф.д-р Петрушевска.Во таков случај, Словенците поставуваат свој коментор и комисијата брои 4 члена.Нејзиниот состав може да изгледа вака:

      1. проф.д-р Татјана Петрушевска, ментор

      2. проф.д-р Мирјам Шкрк, коментор

      3. проф.д-р Борис Бохте, член на комисија

      4. доц.д-р Василка Санцин, член на комисија.

      Докторирањето кај Словенците значи да се знае да се триумфира над соперниците, што во голем број ги имам во Македонија.Љубјанскиот универзитет е на 38 место во Европа.Загрбачкиот на 490, а Србите и нас не нема на ова листа(„Вебоматрикс“ од Шпанија).

      Доколку Словенците не дозволат проф.д-р Петрушевска да биде ментор, тогаш докторатот ќе се случи дома, под нејзино водство и тоа, после скорешното објавување на книгата, ќе биде нов триумф над моите соперници, а во корист на Македонија:

      “Znati trijumfovati nad suparnicima i protivnicima.Njih prezirati nije dovoljno, iako je pametno.Za ovo se traži plemenitost.Najveće je pohvale dostojan onaj, koji dobro govori i o onom, koji o njemu govori rđavo.Protivniku ćeš se najbolje osvetiti onda, kad dođeš u mogućnost, da prema njemu istakneš darovitost i svoje zasluge, jer ovo dvoje najviše pobeđuje i muči one, koji zavide.Svaki novopostignuti stepen sreće još jače steže konopac oko vrata onog, koji zavidi, a slava onog, koga mrze, pakao je za njegovog suparnika:to je najveća od svih kazni, jer iz sreće pravi otrov.Zavidljivac ne umire jednom, već toliko puta, koliko puta odjekne glas o slavi onoga, kome zavidi.Njegova muka meri se prema tome, dali je slava njegovog protivnika prolazna ili je neprolazna.Ako je slava beskrajna, onda život ovoga nije drugo nego čast, a život zavidljivca ništa drugo, već večna patnja.Truba slave objavljuje jednome besmrtnost, a drugome smrt na vešalima, ako neće da čeka, dok ga sama zavist ne izgrize(Vlatazar Gracijan, “Vrelo mudrosti ili pravila za život”, Čigoja, Beograd, 1997, str.89-90, преведено на српски според преводот на Шопенхауер).“

      Thumb up 0

  • montehristo

    Честито Магистре!
    Заслужено, Макотрпно, пожртвувано како мравка во одбрана на татковината.
    Со љубов, преданост, посветеност, се успева.
    Поздрав!

    Монтехристо

    Thumb up 0

    • Благодарам за честитките.
      Благодарам за подршката што ја добивав и што ја добивам од вас.

      Thumb up 0