Јас, комунистка
(втор дел)

До неодамна имаше таа многу поубав трик „Фати го дрвото за корен“, тврдејќи дека името е цена за членство во ЕУ и НАТО, ама откако ја фати дијаспората на дело со „прекарот“ за Македонија, го напушти ова тврдење.

Дека СДСМ и Велиновска играат за иста цел(болеста комунизам), говори и трикот лажна дилема(англиски false dilemma). Описот на овој трик изгледа вака:две можности прикажуваме како единствени кои што можеме да ги избереме, иако во стварност ги има повеќе. Пример може да биде:или си со мене, или си против мене. Варијанта од ова дилема е она што го пласира СДСМ:„Или ќе станеме членка на ЕУ и НАТО, или ќе пропаднеме. “Ова лажна дилема, многу лесно ја побива Велиновска со својот текст, бидејќи и ЕУ и НАТО имаат многу проблеми, а Велиновска ги слика со хиперболи. Освен тоа, постои и трета можност.

Но, доколку се постави дилема:или членство во ЕУ и НАТО, или застој во демократизацијата на Македонија, тогаш Велиновска има проблем да ја уништи ова вистинска дилема.

Мене, не може да ми се префрли дека околу 70% од граѓаните не сакаат влез во ЕУ и НАТО со променето име, бидејќи и самиот спаѓам во нив. Од друга страна, покрај Јанев сум втор што направил правен силогизам како Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО без да го промени името. Но, Владата и Велиновска, не сакаат да го применат. Повеќе сакаат да кукаат, особено Велиновска.

Меѓутоа и за кукањето има лек:

„Во стварност, ние долго кукаме или се жалиме, само тогаш, кога ќе се понадеваме дека со тоа ќе делуваме на други, или самите себе ќе се поттикнуваме на невиден напор.Но и децата и возрасните добро знаат како да се задоволат, штом јасно ќе увидат дека стварите се онакви, какви што се…(Шопенхауер, „Светот како волја и претстав“, прв том).“

На ова голема премиса, одлично одговара однесувањето на Владата. Како што фатени слонови, со денови се борат и беснеат, се додека не увидат дека тоа не води кон ништо и тогаш наеднаш спокојно го подметнуваат вратот, така и Владата по Букурешт беснееше и вложи тужба за исполнување на Привремената согласност, а сега, кога виде дека тоа беснеење со тужбата никаде не води, кротко ја подава главата за „прекарот“ што го подготвува Велиновска.

Уште не е  доцна. Наместо слоновско беснеење, она што го предложив во колумната „Последна шанса за одбрана на името“.

Невозможно е да не се сеќавате на Јуруј Густинчич. Беше, според многумина, најдобриот новинар во СФРЈ. Беше допсиник од Лондон и Њујорк, а пишуваше и за најугледниот неделник НИН. Ортодоксен комунист, како и Велиновска, но Велиновска не му беше ни до колена. Татко му на Голи оток, брат му излегува од партија уште за време на СФРЈ, но тој и денес  си е комунист. Годинава наполни деведесет години, но уште работи за телевизија Словенија и пишува колумни за најпродаваниот неделник во Словенија.

Дури и овој најпознат комунистички новинар во својата колумна „Јас, комунист“, за комунизмот говори само во минато време. Најдалеку оди со изјавата дека не треба да се срамат бившите комунисти. Но, признава дека сите се срамат во Словенија.

Кога би знаел македонски, не само што би се утешил со текстовите на Велиновска, туку би помислил дека овој вампир(комунизмот) има свој замок во Македонија и редовно им ја пие крвта на Македонците.

Толку се сожалив на следното ламентирање над комунизмот на Густинчич, што помислив да му преведам неколку текстови на Велиновска, со број на кликнувања, како и со позитивни коментари:

„Навистина, откако ја нема `партијата`, се чини како никогаш да ја немало. Бројни нејзини, некогаш активни членови одат наоколу како идеолошки свежо бојадисани месечари. Луѓе без минато. Или пак, за тоа минато зборуваат таинствено.

Партија?Во неа, во најдобар случај залутале. Не, не биле долго… Кај нас има  дури и странка за која што други мораат да кажат, дека е наследничка на партијата. Сама тоа никогаш не го вели(http://www.mladina.si/tednik/200238/clanek/jurij38/, превел М.П.).“

Но, Густинчич не би бил најголем, доколку и денес не отиде чекор пред сите. Тој за разлика од Велиновска, која што го довикува вампирот(комунизмот), тврди дека тој успешно се размножил. Не, туку дека:„Европа, едноставно е преполна со бивши комунисти, кои што енергично и надарено го длабат патот за глобалниот капитализам и тука и таму, јавноста весело ја потсетуваат, дека глобализмот во стварност прв го опишал Маркс во Комунистичкиот манифест(истата колумна, горната референца).“

Од цитатот на најголемиот комунистички новинар во СФРЈ произлегува дека Велиновска многу назадувала, или поточно останала во минатото. Според комунистот Густинчич;глобализмот е на Маркас, а ЕУ ја водат комунисти.

И?Што правиме сега госпоѓо Велиновска. Вие тврдите дека Западот е гнил и кај и да е ќе даде душа, а најголемиот комунистички новинар вели дека глобализмот бил марксизам и дека Западот е цврсто в седло, затоа што го водат комунисти.

Меѓутоа, не е само Западот, не е само името, не е само обрзованието, не е само економијата. Велиновска знае се и пишува за се и доколку ги читате само нејзините текстови, добивате впечаток, дека таа ја води државата.

„По стрмен, каменлив и нерамен пат
шест коњи в горештина, ко секојпат
ја влечеа поштенската кола по нагорнината.
Слегоа сите:мажи, жени и попот здрав,
зашто крцкаа тркалата покриени со прав.
И долета една мува во горештината
и со брмчење почна тие коњи добри
да ги апе, мислејќи дека ги бодри
и дека таа тркалата ги движи,
кацна врз носот на коларот полн со грижи;
и кога колата не запре,
а патниците си врвеа напред,
мувата на себе си ја припиша таа слава.
Скока ваму, скока таму, фрчи, прета,
како сержантот кој во бојот лета,
борците ги сили, за победа да дадат и глава.
Но, во општата несреќа, во таа драма,
мувата се жали дека дејствува сама,
дека на коњите не им помага никој,
попот, глеј, во требник чита стихој,
а една дама пее со весел глас,
божем за песни е време во тој тежок час!
Тогаш и таа својот глас го дигна
и во ушите на патниците почна да дува.
И кога по многу труд колата на врвот стигна:
`Да здивнеме најпосле-рече гордата мува-
со мака ја дотерав горе вашата спрега,
еј, господа коњи, па платете ми сега.`

Многу луѓе така во трудот наш
се мешаат непоканети и глуви,
но тие здодевни, ко досадни муви,
треба да се тераат секогаш (Лафонтен, „Басни“, Поштенската кола и мувата, Матица македонска, Скопје, 2002).“

  • Musso-vtor pat

    Хе, хе, ова со Ла Фонтен е мошне духовито. Па и ефектно. Се обидувам (и се смеам) Мирка да си ја замислам како мувата…. Имам “проблем“ со идентификација на коњите….

    Thumb up 0

    • Велиновска во текстот „Нов Армагедон за Европа“, на 16.08.2011. година предвиде победа на Либија:

      „Завчера, врвни и вистински независни европски аналитичари прокоментираа дека „политичарите, премиерите на европските држави што бараа бомбардирање на Либија, денес, соочени со стравотната бламажа на НАТО, сега ќе се натпреваруваат кој прв да му баци рака на Гадафи…“

      Овој став на Велиновска не издржа ни една недела.
      Вчера, 22.08.2011., властодржецот(како што го нарекува Велиновска) Гадафи беше поразен.

      Денес 23.08.2011., на Велиновска не и пречи дури и во насловот да ја признае својата лоша анализа:„Нато го порази Гадафи, а ја загуби битката за доминација“.
      Меѓутоа, во нејзин стил, употребува еристички трик metabasis eis allo genos(префрлување на друго подрачје).Таа тврди дека НАТО ја загубил доминацијата.Ова воопшто не беше предмет на нејзината статија.
      Доколку аргументирано и се докаже дека и тоа не е вистина, таа ќе ви побегне со друг еристички трик.

      Thumb up 0

    • Musso-vtor pat

      Е Марјан, морам да ти “реплицирам“. Какви бе еристички трикови на Мирка! Па таа е дневно политичко пискарало (додуша најчитано во Мкаедонија и зато ја ословив неколу пати со “прво перо во мак-џурналимот“ – факт е дека е најчитана). Овдека, ако сакаме да бидеме сериозни, а не мусаџии, треба подлабоко да го изанализираме и профилот на “просечниот Македонец“. И самиот гледаш дека цела една генерација (онаа на Мирка и пред неа, а делумно и нашата) е “ментално силувана и деформирана“ (вреди да се читаат колумните,особено расказите на Алек Русјаков!). Она што мене вистински ме нервира и ми оди на живци (иако умеам да се контролирам) кај актуелнава власт е тоа што, и покрај еден куп укажувања, па и на писмено доставени, никако да сфатат дека приоеритет не е ниту НАТО, ниту ЕУ, ниту… многу други работи, ами еден од ОСНОВНИТЕ ПРИОРИТЕТИ Е ОБРАЗОВАНИЕТО! Марјан, ти си тоа што си токму заради ОБРАЗОВАНИЕТО кое сам си го стекнал. Паролите во стилот “знаењето е сила – знаењето е моќ“ имаат убаво и точно значење, но кое фајде кога се само пароли!? Кое знаење Марјане? Знаење од историја? Знаење од основите на правото, секако и функционирање на државата? Знаења од еккономијата – со она аинфантилна небулоза дека “берзите се показатели на економски развој“!? Знаење – поточно познавање на етиката, логиката. Па ете и самиот ги разоткриваш “етиката и логиката“ (!?) на Мирка Велиновска, Биљана Ванковска… Намерно самоовие двете ги псомнувам и тоа затоа што втората е УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОР(!?), првата е џурналистички “агитпроп“ и тоа перфиден иако провиден. Весниците се таа “лесно дигестлива“ – во смисла лесно прифатлива информација со целосно отсуство на критичко размислување и “голатање на вистини“ во стилот “што је баби мило – то јој се и снило“. Токму заради отсуството на наставна методологија која ќе ги учи децата како да учат, како да анализираат, а пред се’ да се “себеспознаваат“(па и да ги индоктринираат вопозитивна смисла), зарди она “вежи коња где ти газда каже“ – демек – како јас (професорот, наставникот – квази-афторитетот) ќе ти кажам (читај наложам), да зарди то аи уште многу другипропусти, паролата останува само парола. Барем да се обидат да им кажат на децата што е тоа моќ. СПоред спотовите, испаѓа дека моќ е ако си богат бизнисмен, сопруга на министер, политичар….

      Thumb up 0