Јас, комунистка
(прв дел)

„Кога болеста е смртна, тогаш смртта е лек (португалска поговорка).“

Русија ја примени ова поговорка за комунизмот и се спаси и денес е повторно голема.

Чешка дури и донесе закон со кој што го прогласи комунизмот за злосторнички и денес е водечка земја од поранешните комунистички земји. Се сеќавате на оној гуру за економија Џефри Сакс?Јанша во Словенечкиот парламент го цитираше, укажувајќи дека Чешка според Сакс оздравела од комунизмот, бидејќи прва направила лустрација и се ослободила од комунизмот.

Меѓутоа, Мирка Велиновска и денес тврди дека е комунистка(на една телевизиска емисија сама изјави дека е „комуњара“) и дејствува во склад со тоа.

„Тешко на оној болен кој верува дека е здрав (италијанска поговорка).“

Доколку Велиновска верува дека е здрава(а не е, боледува од комунизам), тешко неа. Ова лична жртва е прифатлива, бидејќи е нејзин избор.

Но кога болен човек од комунизам ќе го советува Македонскиот народ, тогаш тешко на тој народ. Сите совети се нездрави и народот може да се разболи.

Иако над 90% од државјаните на Македонија сакаат во ЕУ и НАТО, Велиновска упорно и упорно советува против ова желба. Нема никаков успех, што значи државјаните не се болни од комунизам, но нејзиното постојано повторување на комунистичките нездрави совети, ме натера да делувам превентивно. Имено, таа го користи еристичкиот трик argumentum ad nauseam(аргумент до повраќање), при што после илјада пати повторени комунистички симптоми, народот може да помисли дека тоа е здравје, а не  болест. Еве опис на овој еристички трик на словенеките професори д-р Брегант и д-р Везјак:„Понекогаш соговорникот го повторува своето тврдење до изнемоштеност, се разбира, не поради тоа што во него е многу убеден. Тактиката е мизерна, ама неверојатно ефикасна, доколку има кондиција и доколку има наивна публика. Смета на следното:доколку на неговите погрешни тврдења не му одговараме повеќе, доколку не го отфрламе повеќе, ќе се прогласи себеси за победник во расправата. Од фактот што никој повеќе нема да го отфрла, ќе заклучи дека неговото тврдење е вистинито.

Патот дотаму е долг и повраќањето се однесува на нашата реакција и отпор, на кој што смета. Во основа реторичкиот трик е едноставен и темели на бесконечно повторување(argumentum ad infinitum) на истиот. Од самиот факт, дека некој го повторува своето погрешно тврдење, сепак не произлегува, дека тој е нешто повистинит. Особено не, доколку тоа го прави, откако веќе бил одбиен и сега се надева, дека тврдењето со повторувањето ќе стане важечко(“Zmote in napake v argumentaciji, Vodič po slabi argumentaciji v družbenem vsakdanu”, Subkulturni azil, Maribor, 2007, str.99,превел М.П.).“

„Поговорката доаѓа од разумот, а разумот од поговорката (чешка поговорка).“

Разумно е Владата да донесе закон со кој што ќе го прогласи комунизмот за злосторнички режим, како што направи Чешка. Вака, државјаните со право ќе сметаат дека Велиновска го говори она што Владата го мисли, бидејќи опозицијата ја смета за наклонета на Владата.

Значи, државјаните со право ќе сметаат дека Владата е болна од комунизам. Во ситуација кога имаме наследници на ортодоксните комунисти во партијата СДСМ, уште една комунистичка партија(и тоа на власт) е премногу, дури и за една Македонија, која што не боледува од комунизам. Може да се разболи.

„А имаше еднаш закон во Македонија, маж кој што не убил ниеден непријател, да мора да носи огламник на глава… (Aristotel, “Politika”, Globus, Zagreb, 1988, sedma glava, превел М.П.).“

Македонци!Има ли поголем непријател од болеста комунизам за Македонија?

Има ли Македонец во парламентот што има храброст да предложи закон со кој што болеста комунизам ќе се упокои во Македонија?

Текстовите на Велиновска се симптоми на болеста комунизам, кои што можат да се третираат само палијативно(до упокојувањето на комунизмот). Да го земеме за пример претпоследниот текст на Велиновска „Нов Армагедон за Европа“. Таа уште во насловот прави опсана махинација, која што Шопенхауер(„Еристичка дијалектика“) ја квалификува како еристички трик број 26.

Имено, овој трик се употребува кога аргументот што сака да го употреби противникот, подобро може да се употреби против него. На пример противникот вели:„Тоа е дете, затоа мора со него поблаго да се постапува. “Реторзија:„Баш затоа што е дете, мораме строго да го воспитуваме, за да не му се всадат лошите навики.“

Така и насловот на Велиновска како аргумент, може подобро да се употрби против неа. Поимот „Армагедон“ е последна битка помеѓу Господ и Сатаната. Значи, според Велиновска;Европа е Сатана, а нејзиниот Комунизам е Господ. Меѓутоа, како што кажав, комунизмот е веќе упокоен како Сатана(Русија, Чешка и цел комунистички свет…), така да аргументот Армагедон може подобро да се употреби против Велиновска. А Европа е таа што го упокои комунизмот, што ќе рече Европа е Господ, а комунизмот е Сатаната.

Велиновска во текстот му пркоси на правното начело Si duo faciunt idem non est idem(Кога двајца ќе сторат исто, не е исто):„Значи, од неодамна, по настаните во Велика Британија и заседанието на британскиот парламент, цел свет знае дека она што важи за Британците не важи за Арапите и Балканците.“

Е па не важи.Кога двајца британски полицајци силно удираат со гумени палки опасен насилник кој дава отпор при апсење и кога двајца опасни криминалци удираат британски пензионер со исти такви палки, за да го  совладаат неговиот отпор и да извршат  кражба не е исто.

До вакви погрешни заклучоци се доаѓа секогаш, кога се заклучува од последицата кон причината, како што прави Велиновска.

Велиновска го применува успешно еристичкиот трик број 23(Шопенхауер, „Еристичка дијалектика“) во следниот комунистички симптом од нејзиниот текст:„Многу е незгодно кога на довчерашниот светски авторитет ќе му падне чаламот. “Велиновска во својата долгогодишна препирка со своите сопартијци од СДСМ, ги натера тие да ја глорифицираат ЕУ и НАТО, што се разбира е сосема неосновано. ЕУ и НАТО се само најдобри решенија моментално за Македонија, но се далеку од идеални. Значи, нејзините сопартијци го проширија своето тврдење за ЕУ и НАТО над вистината и стрпливата Велиновска, сега успешно ги побива тие претерувања на СДСМ. Меѓутоа, судијата(народот) заборавил дека Велиновска ги побива претерувањата, а не вистинитото тврдење дека ЕУ и НАТО се најдобри решенија за Македонија и почнува да верува дека Велиновска ги побила вистинитите тврдења дека ЕУ и НАТ се најдобрите решенија за Македонија, а не претерувањата на нејзините сопартијци од СДСМ за ЕУ и НАТО.

Од последново мое тврдење можете основано да заклучите дека улогата на наследниците на комунистите(СДСМ) е да ја компромитира западната демократија, а ортодоксните комунисти на чело со Велиновска да поентираат против западната демократија. Кога доволно ќе ја искомпромитираат западната демократија, со здружени сили ќе ни го понудат стриот вампир, комунизмот.

Одредени евробирократи се невнимателни, други неинтелигентни па не внимаваат на своите изјави кога ја опишуваат ЕУ и нејзините цели. Велиновска тоа вешто го регистрира и со еристичкиот  трик 25(Шопенхауер, „Еристичка дијалектика), ствара привид дека побила одредени ставови на ЕУ. Суштината на овој трик е што некој изјавува нешто, без претходно макотрпно и стрпливо да истражува. Така на пример изјавата дека сите преживари имаат рогови изгледа вистинита, но со еден збор може да се побие. Камила. Така стрпливата Велиновска ги начека неинтелигентните евробирократи со Норвежанецот, кој што уби стотина млади луѓе. Кој ќе им верува сега на претставниците на ЕУ дека се ненасилни и со демократски методи ги решаваат конфликтите во општеството? Кој ќе се сети дека комунистите на Тито извршиле најголемо прогонство по војната во Европа и според Дедиер низ Голи оток поминале 32.000 луѓе, а околу 2000 не се вратиле. Кој ќе се сети дека комунистичките водачи на СФРЈ ликвидацијата ја сметале за сосема легитимно средство и по Европа, Америка, Канада и Австралија испоубиле стотина луѓе, без обвинение, без судење.

Многу е опасен ентимемот на Велиновска за кредитниот рејтинг на САД: „…и така да обезбедат континуитет на времето кога САД и ЕУ имаа ААА+ кредитен и политички рејтинг и жареа и палеа низ светот како загадочна `меѓународна заедница`. “Овој ентимем е производ на една агенција која и го намали рејтингот на САД. Но, Велиновска не ни кажува дека против ова агенција се води истрага. Дека во САД се наоѓаат скоро половина од свестските резерви на злато. Дека САД и ЕУ имаат просек околу 20.000,00 евра БДП по глава на жител, а Македонија околу 2.000,00 евра. Овие две величини се неспоредливи, а таа дрско му свири реквием на Западот. Абсурд.

На крајот од својот текст, Велиновска го исфрла најопасниот комунистички симптом, односно еристичкиот трик број 35(Шопенхауер, „Еристичка дијалектика“). Овој трик се вика „Фати го дрвото за корен“. Шопенхауер вели дека успехот на овој трик е загарантиран, бидејќи им се обраќа на интересите на слушателите. Шопенхауер го дава примерот со свештеникот кој брани една филозофска догма. Му даваме до знаење дека таа е во непосредна спротивност со основната догма на неговата црква и тој го напушта своето тврдење како вжештено железо.

Така и Велиновска прашува:„Ќе влегуваме ли  во тоа друштво?“, убедена дека доволно го испердашила(со нејзин речник) Западот.

Но, после разобличувањето на нејзините еристички трикови со овој мој текст, одговорот и не е  толку тежок, колку што нејзе и се чини. Таа очекува публиката да и поверува дека Западот само што не се распаднал и дека е спротивно на интересите на Македонија да влезе во такво друштво, зашто и таа ќе пропадне со Западот. Значи, го фаќа дрвото за корен, односно го плаши народот со пропаст на гнилиот Запад. Исто, како и во ѕвездените мигови на комунизмот, Велиновска вели:„Америка и Енглеска, биќе земље пролетерске“. Многу неоригинално и бајато.

Продолжува…

  • Musso-vtor pat

    Дека ќе оставам коментар – тоа сигурно! Всушност ќе дбатирам со Марјан Попески. На тема Мирка Велиновска!? Ма ни случајно. Можеби патем ќе ја споменам, но само заради тоа што мојот (секако “неадекватен“) коментар на нејзиниот “армагедон“ не беше објавен. Инаку, во едно сосема ќе се согласам со Марјан – Мирка е непоправлива комуњара и во вчерашниот (мислам од петокот) коментар,кој (кој знае од која причина) беше сепак објавен мислам дека (максимално учтиво за еден мусаџија) и’ обајснив дека има ненадминливи фрустрации од своето минато кое је формирало како личност и во кое и она била агитпроп, и дека, следствено на тоа, и не очекувам да се смени – со оглед на тоа дека возраста и е таква, кава и е, а се разликува од генерацијата на Марјан и Муссо (ние сме сепак една иста генерација, мислам со Марјан), генерација која, иако игнорирана, е таа која имала прилика и можност да спореди две политички (и економски, Марјане) опции, можела (и морала) да направи јасна дистинкција помеѓу доброто и лошото и која, над се, ИМА ОБВРСКА да земе активно учество во расчистувањето со минатото и неговите (за жал големи) рецидиви во сегашноста. Во неколку наврати имам искажано “дека имам разбирање“ за Киро Глигоров кој целиот свој активен живот го минал во еден систем кој му донел поприлично благодети и го афирмирал (вака или онака, сеедно) како личност, но сум нагласувал дека такво “разбирање“ никако не можам да имам за тајфата на Б.Ц. (кој инаку е една-две години помлад од Марјан и мене, но генерациски може да се “изедначиме“, па затоа и ги третирам и тврдам дека се НЕПРИЈАТЕЛИ на државата во која живееме, а во која Марјан, Муссо и многу други (генерациски, де) имаат вложено – што интелектулано, што со труд, што со средства – материјалини, финаисиски (од различни аспекти).

    Сега за сега толку како еден вовед за иден коментар – дебата, која би требало да уследи после завршувањето на сите излагања на господинот Попески за она што го започнал. Молам, да се има пред вид дека ќе има и несогласувања во ставовите, но не од аспект на “комунизмот“ (мора во наводници – такво нешто никогаш не постоело освен, можеби во некој Израелски кибуц), кој одамна е докажан како промашена концепција, туку повеќе од историски и политички аспекти на она што се нарекува ЕУ. НАТО е друга прикаска, но и за тоа ќе дебатираме. За да не бидам загадочен, иако веќе одамана сум се изјаснил, јас правам голема дистинкција помеѓу ЕУ, НАТО, САД. Тоа не е едно те исто, па како што ни Мирка не е во право кога става знаци на равенство, така нема да се согласам ниту со “едноставаната теза“ дека ЕУ и НАТО, иако не идеално, сепак биле најдобро решение!

    Тука, почитуван Марјане, стварно ќе дебатирам, а воведов (опширен) беше токму за да не стане забуна дека јас споделувам ставови на Мирка Велиновска и комуњарите, скраја било. Тоа никако, освен што тврдам, а се надевам дека ќе ми биде усвоена или барем “третирана доказната постапка“ дека ЕУ онаква кава е, и кава е замислена, е многу лошо решение за Македонија. И тоане само политички, туку ОСОБЕНО економски. Секакои од спект нанашиот национален идентите, за кој, прости Марјан, јас не би се пазарел и не би резгледувал никакви “алтерантиви“, ако некого не го бендисувале моето, твоето – нашето битисување. Ќе се обидам како компарација (не сум вешт адвокат) да го користма битисувањето на еврејската држава наречена Израел бидејќи, верувам, ќе се уверите колку сличности и блискости имаме со нив и дека можеме многу да научиме (и примениме)од нивната голгота за создавање држава, секако и на нивните грешки. Токму и од нивни врвни политиколози сум “подучуван“ да се огледаме на нивното искуство и да не ги правиме нивните грешки.

    Се надевам здравјето и времето ќе ми овозможат подетално да се искажам и дебатирам. Само напоемна – доколку има читатели антисемитски расположени, жалам ама нема да ги поштедам. Доколку пак некому тоа пречи, молам “навремено“ да ми биде укажано, да не го арчам бадијала веб просторот на marjan.mk.

    Thumb up 0