Грчка лажга

„Има маскирани лажги што претставуваат толку убава вистина што човек би испаднал глупав кога не би се фатил на нив“ (Франсоа Ларошфуко, „Максими“).

Таква е грчката лажга со кршење на Привремената согласност, со блокирање на нашата интеграција во НАТО и во ЕУ. Како што грешат жените што сакаат да имаат деца, кога повеќе се интересираат за деца, отколку за мажи, така и Македонија греши кога повеќе се интересира за НАТО и за ЕУ, отколку за меѓународното иус цогенс.Едо Равникар („УДБОМАФИЈА“, Љубљана, 1994), вели дека откако напишал за „Генекс“ во контекст на УДБОМАФИЈАТА, застанал и чекал да почнат да пливаат лешеви. Но дури после му станало јасно дека народот не знае што е „Генекс“ (удбашка фирма). Така и мене ми стана јасно дека народот не знае што е иус цогенс. Аристотел вели дека човекот размислува во слики („Спис за душата“). Па еве една слика за иус цогенс. Грк и Македонец се договараат, Гркот да му даде милион долари на Македонецот. Овој има 15 години да ужива во трошењето и потоа треба да се обеси. Македонецот се изнауживал 15 години, ги потрошил сите пари, дури направил и солидна мала фирма што му носела пристојни приходи. Бидејќи не се обесил, Гркот го потсетил на договорената обврска. Овој не сакал да се обеси. Гркот не може да го тужи и да бара судот да му наложи да се обеси. Доколку ја направи таа глупост, тој ќе биде обвинет за кривично дело поттикнување самоубиство и ќе заврши во затвор.

Така и Македонија: иако со Привремената согласност е договорено да се обеси (компромис), правото на самоопределување е иус цогенс и има дејство ерга омнес (спрема сите), па како што судот ќе ја одбие тужбата на Гркот што дал милион долари за самоубиство и ќе биде ставен во затвор, така и Грција, доколку ја тужи Македонија за да си го смени името, ќе биде одбиена.

Иус цогенс во меѓународното право се појавува за прв пат во 1969 година во Виенската конвенција за договорно право, која стапи во сила 1980 година. Сé ми се чини дека светот по најголемата кланица, Втората светска војна, сфати колку е битно меѓународните договори да се правични, па некои меѓународни норми ги прогласи за иус цогенс, односно норми за кои не може да се преговара.
Поучен пример е Версајскиот договор, на кој Хитлер („Мојата борба“) гледа вака: „Ако таквото политичко угнетување и економскиот грабеж траат 10-20 години, тие би можеле да ја уништат и најсилната држава. И токму на тој начин, целта на Франција би била постигната“.

Таквото тврдење денес е афирмирано во британски учебник за дипломатија од највисока класа: „Грешките направени во Версајскиот мировен договор, Харалд Николсон делумно му ги припиша на американскиот претседател Вудро Вилсон заради тоа што донел одлука лично да учествува на тоа ‘историско фијаско од прв ред’“ (Џ.Р.Бериџ, „ДИПЛОМАТИЈА теорија и практика“, српски превод, Белград, 2008, страница 254-255).

Поминаа 20 години, а Македонија сé уште не е уништена, што ги надмина сите очекувања. Но лажгата од почетокот на текстов и долгото јаже ја поттикнаа Владата да го употреби јажето. Поднесе тужба за исполнување, наместо тужба за ништавност поради прекршување на иус цогенс. Бидејќи Виенската конвенција нема одредби за дејството на иус цогенс, судот не внимава по службена должност на ништавноста, туку Македонија треба да вложи прејудициелна деклараторна тужба за ништавност на Привремената согласност. Така ќе биде спасена честа на тие што ја вложија тужбата и задоволена суетата на десната влада. Доколку победи мојата прејудициелна тужба: спас за Македонија и опрост за тужбата на Владата. Доколку загуби мојата прејудициелна тужба, продолжува тужбата на Владата.
Според Едо Равникар („УДБОМАФИЈА“, Љубљана, 1994, страница 428), Европа е живо заинтересирана да ја уништи УДБОМАФИЈАТА. Поради тоа, УДБОМАФИЈАТА „плива помеѓу Сцила и Карибда“, мора да фати таква рамнотежа, за Европа да дојде во Македонија со нејзино посредување. Ова е најголемата слабост на УДБОМАФИЈАТА, која Македонија треба да ја искористи. Како прво, треба да и се каже на Европа дека: „Кој поставува кози за градинари, тоа не го прави поради тоа што се поправиле, туку бидејќи му е потребен нивниот know-hov (Едо Равникар, „УДБОМАФИЈА“, Љубљана, 1994, страница 461).“

Значи козите во градината Македонија се оние од „Генекс“. Во левицата, сите се такви. Но видете колку ги има во десницата. Тие се оние што се обидуваат да и се додворат на Европа, сметајќи дека е неморална како нив, и прво со Привремената согласност 1995 година, а сега со тужбата, ја нудат Македонија како курбан за нивните филистерски потреби и навики. Во оваа нехигиенска постапка, оние од „Генекс“ внесоа млади луѓе, чија македонска волја не е оштетена, но се ставени во заблуда со лажгата.
И за крај: најкратко логички да го докажам овој текст.

Тужбата на Владата ја крши логичната доследност во форма на игноратио еленцхи (непознавање на спорната точка). Оваа грешка ја прават оние што немаат чувство за тоа што е најважно. Владата смета дека најважно е Грција да не ја попречува Македонија во зачленувањето. Јас сметам дека најважно е иус цогенс. Доколку сум во право дека правото на самоопределување важи ерга омнес, тоа значи по пресудата на Меѓународниот суд на правдата ќе мора и членките на ЕУ да нé признат како и оние 129 држави.

Објавено во Нова Македонија на 24 јануари 2011

  • montehristo

    Здраво Марјан,
    Мислам дека жената многу добро знае дека мажот кој таа го бара се наоѓа во Белград.

    Поздрав

    Thumb up 0

    • Едо Равникар тврди дека центарот на УДБОМАФИЈАТА е во Белград.Тој на страница 31 вели:„Јас сметам поинаку.Имено, дека корумпираната власт се одстранува со динамит, а не со стручни совети.Добар динамит пак е, да се покаже што таквата власт во стварност прави(„УДБОМАФИЈА“).
      После овој цитат, доволно е во Македонија да се преведе ова дело, кое што како динамит ќе ја разнесе секоја корумпирана власт.

      Thumb up 0

    • George

      Во другите коментари видов дискусии околу оваа тема, па бидејќи Марјан тврди дека ‘судот не внимава по службена должност на ништавноста’ се прашувам како да го видиме овој случај со тој на Србија – Косово? Со други зборови, зошто судот не би можел да се произнесе дека тужбата е примена, судот ја разгледал, но дека нема предмет?
      Кога сме веќе овде, дали доколку судот продолжи (т.е. Македонија не го послуша советот на Марјан), се можни следниве резултати: (1) Нашиот јужен сосед е виновен, бидејќи го попречил членството на Македонија во организации во кои соседот е член. Прашања: какви се правните последици од овој резултат? Какви би можеле да бидат политичките последици од овој резултат? (2) Нашиот јужен сосед е исто толку виновен колку и Македонија, бидејќи евентуални негови аргументи против Македонија би биле признатие. (3) Нашиот јужен сосед не е виновен. Истите прашања би ги поставил во однос на резултатите број 2 и број 3.
      Дали ова се исцрпни резултати или има и други можни?

      Во другите дискусии, посебно при статијата „Заблуди…“, дебатата е за тоа дека кривицата лежи внатре кај нас, дома. Но, дали е така? Јас би се сложил дека нам слогата ни е потребна, можеби најпотребна, покрај разрешувањето со минатото (т.е. лустрација), но што да правиме кога имаме работа со шизофренични и расистички противници? Не ми верувате? Еве ви линк на писмо кое го испратиле до ОН:
      http://modern-macedonian-history.blogspot.com/2011/02/macedonians-sent-letter-to-un.html

      Од една страна се две личности во ден момент, што јас го нарекувам ‘квантен-хуманизам’, до кој човештвото се уште не стигнало, а јужниот сосед претендира дека веќа стигнал на тоа ниво, а од друга страна дека народот таму е 100% ‘хеленски’? Колку ниско треба да спадне човек за да може ова да го тврди? Што стана со сите оние народи, етнички групи, кои живееа на територијата на Македонија сега во склоп на Хеленската Република до 1913? Исчезнаа ли? Ако да, кога и од кого? Зарем не е тоа геноцид? Ако пак не исчезнаа, како тоа да додјеме до 100% чистота? А што правиме со доселениците, преку половина милион луѓе, од Турција, кои ништо заеднико немале со јужниот сосед, освен што биле христијани? Зборувале турски, се однесувале како турци, храната, обичаите, музиката, се било турски. И сега некои лудаци тврдат дека тие не само што се 100% чисти хелени, туку во исто време и 100% чисти Македонци!
      Како колеги на блогов, како човек да се избори со против ваков нарав, кога се бори со една рака врзана на грб?
      Доста прашања за сега. Се надевам дека ќе можам да одвојам некој момент за дебата, прашања и одговори.

      Thumb up 0

    • Има само два совршени правни силогизми во корист на Македонија:

      1. ius cogens на Марјан Попески и

      2. ultra vires игор Јанев.

      Меѓутоа, антибиотикот „сумамед“ и „ампицилин“ немаат исто дејство.

      Госшподинот Јанев 20 години повторува ultra vires и никој не успеа да му го уништи.
      Јас веќе 10 месеци ги одбивам сите напади на ius cogens.

      Највидлива разлика помеѓу Јанев и Попески е во тоа што Јанев побива резолуција на Генералното собрание на ОН која што нема правно обврзувачко дејство, а Попески побива договор(привремената помеѓу Грција и Македонија) кој што има правно обврзувачко дејство.

      Сократ се чудел;како можат луѓето, откако ќе дојдат до вистината, да ја напуштат и да дозволат разни трикови и софизми да ги влечат наоколу како робови.Некои велат дека тие и немале знаење, туку мнение и затоа дозволуваат да бидат влечени наоколу како робови.Но, Аристотел(„Никомахова етика“) вели дека и онојшто има само ммнение, за себе мисли дека има знаење.
      Да скратиме;науката за науките, односно Логиката која што ја создал Аристотел, односно силогизмот(доказот) е средство што не дозволува да не влечат наоколу како робови.
      Јанев има правен силогизам и никој не може да го влече како роб наоколу.Попески има правен силогизам и никој не може да го влече како роб наоколу.Згора на тоа, правниот силогизам на Попески е и контрасилогизам за правниот силогизам на Владата.Поради тоа Владата ја шетаат како роб наоколу.Последните изјави на Владата во целост ја потврдија последната колумна „Заблуди во спорот со Грција“.Во таа колумна е кажано(Кант, „Логика“) дека тие на кои што ќе им ја одстраниш заблудата, доколку продолжат со своите причини;стануваат недостојни за секаква поука.

      Уште поубаво тоа го вели Шопенхауер(„Светот како волја и претстава“, Белград, 1981, том први, страница 338):

      „Наиме, сваки човек је уствари интуитивно, или in concreto свестан свих филозофских истина, али довести те истине у његово апстрактно знање, у рефлексију, јест посао филозофа који даље нити има шта да чини, нити може.“

      Попески и Јанев со правен силогизам и со прецеденс( судски пример)ги доведоа правничките вистини во корист на Македонија во апстрактното знаење на Македонците.Попески и Јанев ниту имаат што да прават повеќе, ниту можат.

      Thumb up 0

    • Адресата на која што ме упативте ја посетив.
      Тврдењетое многу опасно и паметно.Меѓународното право ги штити правата на автохтоните народи.

      Значи, спротивно на вашето тврдење, тврдењето на грците е паметно и опасно.

      Но не и за мојот правен силогизам.Голема премиса за мојот правен силогизам е член 1 од Повелбата, односно основното колективно човеково право, кое што му припаѓа само на народ.

      Правото што го истакнуваат на посочената адреса во однос на правото што го истакнувам јас е како на правото на живот да му го претпоставиш правото на слободно изразување.

      Thumb up 0