Дрскоста на Милошоски

„Кукавицата прв го крева стапот (узбекистанска поговорка).“

Ова е првиот од трите дисјунктивни члена на големата премиса, за прстот на Милошоски.

Иако е млад и нема животно искуство, тој сепак сака да се служи со поговорки. Се сеќавате на „бабиците“ во Словенија. Млад човек не личи да се служи со поговорки, бидејќи она што го кажува поговорката, не е веројатно дека го искусил.

Да заклучам, првата можност е Милошоски да се исплашил, па веднаш го подигнал стапот за да се заштити.

Втората можност е Милошоски да заклучил дека Македонскиот народ е исплашен од Грција, а особено Владата.

Доколку е така, тој правилно заклучил дека на Владата и недостасува природната доблест храброст.

Според Аристотел(„Никомахова етика“, глава трета) доблеста храброст е средина помеѓу пороците страшливост и дрскост. Според него стравот е очекување на зло. Стравот го чувствуваме пред сиромаштија, срам, болест, запуштеност, смрт. Во секој од наведените случаеви, невозможно е да се биде храбар. На пример пред срамот и не треба да се биде храбар. Во секој случај пак, не смееме да се плашиме од сиромаштија и болест, доколку тоа не е резултат на лошотилак.

Според Аристотел, храбар човек е тој „…кој што не се плаши од убава смрт и од ништо што може да предизвика таква смрт;тоа пак, во прв ред е војна опасност(„Никомахова етика“, трета глава).“

За храброста е важно, таа да се покаже во одбрана. „Храбриот маж не познава страв во границите на човечката издржливост. Инаку и тој се плаши од страшни работи, меѓутоа само толку, колку што треба и колку што му налага здравата памет од племенити причини;имено тоа е целта на доблеста(Аристотел, „Никомахова етика“, трета глава).“

Од досега кажаното, произлегува дека Милошоски со покажување на дрскоста, не постапил доблесно, туку порочно.

Меѓутоа, помеѓу порокот страшливост(кукавичлук) и порокот дрскост, постои не мала разлика. Според Аристотел, поголемо зло е страшливоста од дрскоста, бидејќи е поголем отклон од храброста. Дрскоста повеќе личи на храброста. Таа во страшни ситуации се појавува пред храброста. Дрскиот се обидува да го имитира храбриот:храбри се на збор и се јуначат а „…кога ќе настане вистински страшна ситуација, се скриваат(Аристотел, „Никомахова етика“, трета глава).“

Значи, дрските пренаглуваат, сакаат да се покажат уште пред да настапи вистинска опасност, а кога таа ќе се појави, тие откажуваат. За разлика од нив „…храбрите се во дејствувањата одлучни, а претходно се однесуваат мирно(Аристотел, „Никомахова етика“, трета глава).“

Дали е можно Милошоски да не знае со каква опасност се соочува?Така, Аргивците не се разликувале многу од храбрите кога удриле, мислејќи дека се борат со граѓаните на Сикион, но кога сватиле дека се борат со Спартанците, веднаш побегнале(Аристотел, „Никомахова етика, глава трета).

Но, постои едно објаснување, кое што постапката на Милошоски ја оправдува во целост. Ова, само во случај јас добро да сум ја разбрал „Никомахова етика“. Ова го велам, бидејќи еден арапски филозоф 50 пати ја прочитал „Метафизика“ и не ја разбрал.

Имено, Аристотел вели дека кога човек длабоко заглибил во порок, најдобро е веднаш да тргне во спротивен правец. Во друга крајност. А крајноста на страшливост е дрскост.

Значи, можно е Милошоски да заклучил(правилно) дека нашето живеење под СХС и СФРЈ, беше постојано контролирано од најлошите, најмалодушните, најстрашливите, кои што свесно и несвесно ги проектираа сите пороци врз Македонскиот народ.

Доколку Милошоски сакал веднаш да започне процесот на искоренување на порокот кукавичлук од Македонија, тогаш неговата дрска постапка е сосема оправдана. Обичните луѓе ги следат повеќе постапките, отколку зборовите на политичарите, а Милошоски се погрижи и за метафора со „средниот прст“, која што масата подобро ја разбира, отколку тешкиот поим дрскост.

Последниот дисјунктивен член е дека Милошоски сака да предизвика неколку шлаканици од Америка и ЕУ врз Македонија, за да може да го оправда „прекарот“ на Мирка Велиновска, стокмен за Македонија.

Ова последново е злобно и лошо, а нема ни потреба за тоа.

Доколку се употреби мојот контрасилогизам и и се достави изјава за ништавност на Привремената согласност на Грција, ние во целост го почитуваме Кант, кој што вели дека има само војна состојба(природна состојба) и правна состојба(„Метафизика морала“, Графичар, Нови Сад, 1993).

Доколку Грција не одговори во рок од 12 месеци, Македонија ќе вложи жалба до Меѓународниот суд на правдата(а не како што направи Милошоски и неговиот тим, тужба за исполнување на Привремената согласност).

Со тоа Македонија докажува дека во целост ги познава и почитува цивилизациските придобивки(Кант) и дека прави се за да се воспостави правна состојба.

Доколку Меѓународниот суд на правдата одлучи дека не ни е ускратено правото на самоопределување како норма ius cogens, тогаш Македонија треба да прифати име што најмалку, или воопшто не го загрозува културниот идентитет на Македонците. Како такви имиња во една колумна ги наведов „Република Македонија(Скопје, главен град на Република Македонија)“ и „Горна Македонија“.

Фактот што Милошоски ја напушти функцијата министер и не го сочека исходот на неговата тужба, може да значи и дека не им верува повеќе на „адвокатите“ што ги имаше ангажирано.

Набргу ќе видиме, кој од дисјунктивниве судови е точен.

За да биде поинтересно, ќе оставам читателите да уништат два од трите члена. Членот што ќе остане ќе биде мала премиса. Кога ги има двете премиси, лесно е за заклучок.

  • Musso-vtor pat

    Ајде мусаџиски: Абе Марјан, умееш да ме “изнервираш“.
    Мора наводници, Муссо тешко се вади од колосек, се нервира, а најмалку се разбеснува, иако има(м) обичај да “провоцирам“ за некои други да се нервираат – ама оние злонамерните “читатели“. Елем, јас сега не би се замарал со Милошоски и неговите стравови. Ќе се “занимавам“ со Марјан Попески, магистер на правно – политички науки. Ќе “дебатирам“ на тема страв. Всушност ќе “мудрувам“. Имено, прашање: Од кого Марајне велиш дека се плаши Милошоски – демек владата – поточно владеачката гарнитура?

    Ајде со потпрашања. Дали се плаши од… да речеме ЕУ? Или можеби се плаши од … да речеме Америте? Глупави прашања, знам. Една влада, еден (или сите – сеедно) политичар може, треба, па и мора да се плаши! За што да се плаши? За свјот опстаниок, како политички, така и голо-егзистенцијален!
    Но суштината е – ОД КОГО ДА СЕ ПЛАШИ?

    Јас нема да се повикувам на Аристотел или било кој друг мислител, а ќе ги “опфатам“ сите. Значи погоре споменатите (историјата докажала, не мора Муссо да докажува) треба да се плашат од НАРОДОТ. Или ајде подобро кажано од оние кои им дале “моќ и власт“. Затоа не гледам за какви “шлаканици“ од јабанџии треба да се дебатира. Мирка може да си ламентира што сака. Секако дека е најчитаниот новинар во Македонија, ама и она, како и Дарко Јаневски си имаат голем проблем како со историјата, така и со логиката. Не дека даваат неточни податоци, туку катастрофално погрешно ги толкуваат и анализираат. Тоа само покажува на кои ниски гранки е паднат и македонскиот “џурнализам“. Рака на срце јас пак и не помнам некои јаки џурналисти од Македонија, но може и да не сум во право, да не помнам најдобро (малку веројатно) – за оние од минатото, за сегашниве – гарантирам.

    Елем, Антонио Милошоски, тука се соглсуваме нели, покрена (како министер, а и претставник на власта) една, за мене инфантилна, процедура која, со право Марјан ја оквалификува како што ја оквалификува, која ме “разлути“ (всушност разочара) ама и ме стави во ситуација да се смеам – “како Мали Ѓокица замишља спољну политику и меѓ(џ)ународно право“.

    Како правник, па и “малку повеќе од тоа“, јасно ми е дека Марјан ќе се придржува до “коректни рокови и процедури“. А може ли да бидеме едноставни? Професорот Игор Јанев (како и секој правник) оди со теза за “советодавно мислење од суд“. Мене барање совет од суд не ми оди во глава кога, исто како и господинот Јанев, и јас сум видел дека на Македонија, на некој начин и’ е испоставен дополнителен услов – односно флагрантно е прекршена Повелбата на ООН. А суд, според мене пресудува и не е консултантска организација за “давање мислења“.Но и без тоа, и лаик можеше да види и сфати дека IUS COGENS (откако ќе научи – прочита што е тоа) е еден вид СУПЕРИОРНО ПРАВО без кое не би ни постоеле ОН.

    Што е спорно да се обратиме директно до СБ на ООН или на Генералното собрание и без “советодавни мислења“ со едноставно барање да се испочитува Повелбата на ООН, да се почитува начелото на Ius Cogens? Да се напише дека како меѓународно-правен субјект никого не загрозуваме, дека “причините“ наведени од Елиниќани се безпредметни и нелогични, а може и да додаеме дека меѓународното право не признава copyright на име на држава, а и дека името на држава не е Trade Mark (како Coca Cola на пример), дека не се регистриа во ниеден меѓународен регистер освен оној “регистерот на ООН“, а во кој Република Македонија (како име) не постоело до нашето “пројавување“ и не создава никаква конфузија, како политичка, така и географска особено кога и географијата е неспорна – Република Македонија и географски е Македонија.

    Страв од што Марјан?
    Дека ќе не нападанат?
    Ќе не бомбардираат?
    Па малку ли во историјата (досега) бевме напаѓани, убивани, колени, палени, бесени?
    Па еве пак постојме – Пиреј, што би рекол Петре М. Андреевски.
    Од што да се плашиме?
    Имали место за страв?
    Има, ама страв од нашите деца и идните генерации – страв од проклетството кое може да си (им) го навлечеме. Проклетството кое едни генрации наши предци (со право или не, сега е сосема неважно) ни го оставија, а кои сме должни да го прекинеме – ние, оваа наша – моја и твоја, генерација Марјане. А тој страв е дека “ровја ќе не отепа“ (па и до седмо колено што би рекол Претседателот) ако смениме било што од она што сме.

    Марјан, се ти е на место освен она со “алтернативите“ ако “некои не се согласеле“ со нашето ПРАВО ДА СЕ ВИКАМЕ КАКО ШТО САКАМЕ ДА СЕ ВИКАМЕ!

    Јас владата ја имам критикувано како “обезмадена“ (максимално учтиво колку можев да се изразам). Да, кажано ми е дека тоа “ги вреѓало“, на што им имам одговорено, не со кревање на “среден прст“ туку со она уличарско “баш ме заболе дали вам тоа ви пречи и ве навредува“. Тоа што повлекле доста добри политички потези (во некои сфери) никако не ги оправдува во нивниот “наводен страв“, особено ако изговр за “стравот“ е рекација на меѓународната јавност!? Каква бе меЏународна јавност? Битно е што кажува НАРОДОТ, Да, Марјане, народот е тој од кого може и мора да се плашат политичарите. Ајде да видам политичар кој ќе му покаже “среден прст“ на народот! Мислиш дека има таков? Има(ше) еден на кој многу не му сече(ше), ама тој е заминат во политичко упокоение иако со “твојот о`ридски градоначелник“ уште се препелкаат како пијани бишки во батак.

    Thumb up 0