Дали ќе се раздени

„Јас своето ќе го откукурикам, а дали ќе се раздени не е моја работа(Осетска поговорка)“

Според авторот на тужбата д-р Дескоски и поранешниот  министер за надворешни работи м-р Милошоски, пресудата од Хаг била голема победа против Грција на патот кон ЕУ.

Меѓутоа, Македонците не мислат така, според „Нова Македонија“ од 24.12.2011. година. Околу 50% не мислат така, а 13% од нив сметаат дури дека сме и подалеку. Околу 39% сметаат дека сме поблиску, а околу 11% не знаат.

Ова е порака до поранешните комунисти(СДСМ) и новите комунисти(ВМРО ДПМНЕ), кои што во славењето на победата се трудат да докажат кој бил позаслужен.

Кога велам „нови комунисти“, тоа го велам условно, имајќи го во предвид фактот дека на важни позиции се, или беа:Михајло Маневски и сопругата, Светомир Шкариќ, Павле Трајанов, Владо Попоски, Благородна Дулиќ, Љубисав Иванов, Ристо Никовски, Димитар Мирчев и многу други. Името „нови комунисти“ уште повеќе си го заслужуваат заради релациите и пишувањето на влијателните новинари ортодоксни комунисти, како Мирка Велиновска и д-р Драган Павловиќ Латас.

Македонците со анкетата им порачуваат дека не дозволуваат да бидат изманипулирани.

Ваквиот резултат дава поттик и понатака да се советуваат Македонците.

За старите и новите комунисти, уште пострашно од анкетата за „победата во Хаг“, одекнаа две вести од Грција, после кои што на сите им стана јасно дека „победата од Хаг“ е всушност „пораз од Хаг“, а д-р Дескоски и м-р Милошоски исчезнаа од малите екрани.

Се работи за следниве две вести што дојдоа од Грција.

Според првата, грчкиот адвокат Фотис Каелопулос за грчките медиуми тврди дека привремената согласност е невалидна затоа што грчкиот парламент не ја ратификувал и не била објавена во службен весник. Според него;привремената согласност не се применува во Грција и Грција можела да стави вето и да не одговара за тоа.

Втората вест од Грција е дека Грција ќе ја раскине Привремената согласност, врз основа на одредба од самата привремена согласност. После ова, Грција ништо не ја спречува да и става вето на Македонија.

На овие две вести, „победата“ на д-р Дескоски и м-р Милошоски не може да им парира и тие едноставно исчезнаа од малите екрани. Им преседна и „победата“ и славењето по разни телевизии.

Конечно, Грците со последниве две вести им порачаа;престанете да се фалите со незнаење(претходно тоа им го кажаа шефот на НАТО, САД и ЕУ). Тие послушаа и престанаа да се фалат со своето незнаење. А колкаво е нивното незнаење ќе ни каже Претседателот на Словенија проф. д-р Данило Тирк(»Temelji mednarodnega prava«, GV Založba, Ljubljana, 2007, stran 237-241). Според проф. Тирк, во многу познатиот спор помеѓу Данска и Норвешка што се однесуваше на Источен Гренланд, за Меѓународниот суд на правдата одлучувачко било тоа што норвешкиот министер во разговор со данскиот дипломат се откажал од барањето што се однесува на тоа подрачје со изјава, дека Норвешка нема да се противи Данска да ги шири своите интереси на Источен Гренланд.

A fortiori ratione(дотолку повеќе). Доколку меѓународниот суд на правдата само врз основа на еднострана правна работа(изјавата на министерот), одлучил во корист на Данска, како може тој ист суд да одлучи во ситуација кога д-р Дескоски и м-р Милошоски тврдат(во тужбата) дека привремената е валидна и дека треба да се изврши. Иако јас со контрасилогизам докажав дека не е така.

Кој сум јас во однос на шефот на државата, премиерот и министерот за надворешни. Само тие тројца се релевантни во меѓународното право, а тие се одлучија за pacta sunt servenda на д-р Дескоски.

Внимавајте добро на ова што ќе ви го кажам сега, затоа што е од исклучителна важност. Според Претседателот на Словенија проф. д-р Данило Тирк:Па сепак, секоја држава може да бара, другите држави да воспостават, доколку тоа е некако можно, статус кво анте(член 69 од Виенската конвенција за договорно право)(Vendar pa lahko vsaka država zahteva, da druge države vzpostavijo, če je le mogoče, status quo ante(69. člen DKPP), »Temelji mednarodnega prava, stran 271).«

Овој цитат одлично кореспондира со ставовите на проф. Погачник(Dr. Miha Pogačnik, dr. Ernest Petrič, “Izbrane teme mednarodnega prava«, Evropska pravna fakulteta, Nova Gorica, 2010) за actio popularis(јавна тужба).

Проф. Погачник смета дека сеуште нема таква тужба, а проф. Тирк иако не ја именува така, посочува норма која што тоа го дозволува. Во прилог на моето мислење дека постои акцио популарис(покрај материјалното право што го посочува Проф. Тирк) одат неколку факти. Во 1967 година Грција беше тужена од скандинавските земји за кршење на човековите права на своите граѓани(Florence Benoit-Rohmer, Heinrich Klebes, »Le droit du Conseil de L’Europe«, Conseil de l’Europe, Strasbourg, 2005, словенечки превод, страница 51). Што е ова ако не акцио популарис(Врз основа на ова тужба Грција беше исклучена во 1969 од Советот на Европа). За време на блокадата од страна на Грција, скандинавските земји ја тужија Грција. Нашите, на врат на нос, ја склучија Привремената согласност и тужбата стана беспредметна. Во 1971, Ирска ја тужи Британија за кршење на човековите права на нејзините државјани и победи. На Британија не и помогна ни тоа што веднаш ги укина законите со кои што ги прекршуваше човековите права.

A fortiori ratione(дотолку повеќе). Доколку е дозволена акцио популарис за кршење на човековите права пред Европскиот суд за човекови права, уште повеќе е дозволена акцио популарис пред Меѓународниот суд на правдата за кршење на основното колективно човеково право, правото на самоопределување(ius cogens), од кое што произлегуваат сите други човекови права.

И која е користа од ова што го кажав?

Па, доколку сум во право(а тоа го тврди и проф. Тирк, но не спомнува термин акцио популарис), дека постои акцио популарис за ius cogens, тогаш сосема доволно ќе беше Македонија да им го претстави мојот контрасилогизам за ius cogens на скандинавските земји и тие ќе поднесеа тужба за ништавност на Привремената. Мислам дека тоа ќе го направеше и Русија, па дури и Америка и Британија.

Јас, имам етичко и стручно право да ви го соопштувам ова, бидејќи пред неполни две години со мојата „Стратегија“(објавена во „Нова Македонија“) докажав дека тужбата е лоша. Но, не само тоа, туку и предложив победничко решение врз основа на ius cogens. Иако бев игнориран, подоцна, за да ја поправат грешката, им предложив(колумна во „Нова македонија“), да вложат прејудициелна деклараторна тужба врз основа на ius cogens. Пак не прифатија. До ден денешен, ниту д-р Дескоски, ниту м-р Милошоски, не се ни обидоа да ги побијат моите аргументи, а јас нивните ги побив на јавна сцена(„Нова Македонија“).

Бидејќи се работи за најважно прашање за Македонија, по заклучувањето на постапката пред судот им понудив ново решение во колумна за „Нова Македонија“. „Нова Македонија“, долго не ја објавуваше мојата колумна „Последна шанса за одбрана на името“, па јас ја повлеков колумната. Од „Нова Македонија“ ми беше речено дека баш тогаш сакале да ја објават, но јас си останав на повлекувањето. Така настана овој сајт и овде првпат прочитавте дека им предложив на д-р Дескоски и м-р Милошоски да вложат изјава до Грција врз основа на ius cogens. Истовремено предложив да го известат Меѓународниот суд на правдата за изјавата, бидејќи таа содржи аргументи што и даваат прејудициелен карактер во однос на тужбата на д-р Дескоски и м-р Милошоски и Меѓународниот суд на правдата ќе застанеше со постапката по тужбата на д-р Дескоски и м-р Милошоски.

Доколку Грција не одговори во рок од 12 месеци, предложив Македонија да вложи жалба до меѓународниот суд на правдата врз основа на ius cogens. За сево ова им посочив и меѓународно право(Виенска конвенција за договорно право), кое што е lex specialis во однос на правното начело што го применија д-р Дескоски и м-р Милошоски, а познато е дека lex specialis derogat lege generali(специјалниот закон го дерогира општиот закон).

Пак ароганција.

Откако Грците им порачаа да не се фалат со своето незнаење, тие исчезнаа од малите екрани и престанаа да се фалат со „победата“.

Пред да продолжиме, да резимираме кои решенија беа можни. Во спорот со Грција досега се понудени три решенија, а јас(за полесно помнење) ќе ги именувам најкратко со латински.

Првото е најстаро. Негов автор е д-р Јанев и јас ќе го именувам ultra vires.

Второто е на д-р Дескоски и јас ќе го именувам pacta sunt servanda.

Третото е најново, мое е и јас ќе го именувам ius cogens.

Ultra vires на д-р Јанев, исто така го побива pacta sunt servanda на д-р Дескоски, но тој го игнорираше и го игнорира и овој факт.

Користа од двете вести од Грција е во тоа што д-р Дескоски и м-р Милошоски престанаа да се фалат со своето незнаење и им оставија простор за натпревар на мојот ius cogens и ultra vires на д-р Јанев.

Мојот ius cogens го побива, и првото, и второт тврдење што дојдоа деновиве од Грција.

Во ова прилика;за тврдењето на грчкиот адвокат.

Значи;македонски, против грчки адвокат.

Грчкиот адвокат ја крши логичната доследност во форма на ignoratio elenchi(непознавање на спорната точка) и затоа неговите аргументи се неприфатливи.

Имено, точно е дека Грција не ја ратификувала привремената согласност. Точно е дека таа не е објавена во службен весник. Точно е дека таа не може да се применува во Грција пред судовите и другите органи.

Меѓутоа, тоа не е спорна точка. Спорна точка е:дали однесувањето на Грција(Ова само хипотетички. Да не испадне дека сум контрадикторен и му помагам на д-р Дескоски.) е меѓународен деликт.

Грчкиот адвокат по втор пат ја крши логичката доследност, сега во форма на metabasis eis allo genos(префрлање на друго подрачје).

Имено, тој не префрла на друго подрачје, кога вистинито тврди дека Привремената е неважечка во Грција.

Меѓутоа, во конкретниов случај не е важно дали Привремената е важечка во Грција, туку дали таа е важечка за Меѓународниот суд на правдата. Па и студент по право знае дека за меѓудржавни спорови не се суди воГрција.

Овде ги молам читателите да обрнат внимание на следново. И грчкиот адвокат и јас тврдиме дека Привремената е невалидна. Но, разликите помеѓу нас се огромни. Тој тврди дека е неважечка во Грција, а јас тврдам дека е неважечка пред Меѓународниот суд на правдата. Тој тврди дека привремената е неважечка поради тоа што е во спротивност со домашното право(Грција), а јас тврдам дека е неважечка затоа што е во спротивност со меѓународното право. Јас тврдам дека Привремената има највисок степен на невалидност(ништавност) бидејќи е во спротивност со ius cogens, што значи дека е ништавна ab initio, или ex tunc, а тој не го тврди тоа, бидејќи доколку јас сум во право, Грција ќе мора да врати се што зеде(промена на Устав, знаме, грижа за своето малцинство…) и не ќе смее да се преговара за името, бидејќи правото на самоопределување е норма ius cogens и има дејство erga omnes(према сите, според пресудата на меѓународниот суд на правдата за Источен Тимор од 1995), што значи и за Грција.

Но, да се вратам малку назад во побивањето на грчкиот адвокат.

За да биде валиден меѓународниот договор, доволно е државите да го регистрираат во Секретаријатот на ОН. Доволно е да го потпишал шефот на државата, премиерот или министерот за надворешни.

Ние, толку силно го почувствувавме ова, па доволно е да ви го посочам примерот Окта. Во овј случај дури и Уставниот го поништи договорот(законот за ратификација) со Грците, па пак загубивме на меѓународна арбитража. Овој луксуз на Уставниот нас не чинеше 50 милиони долари(ги плати Ставрески), содржавјаните на грчкиот адвокат заработија, па оттука малку зачудува да прави грешка и да тврди дека нератификацијата може да има влијание на валидноста.

И за крај, ова сакам со посебно задоволство да ви го соопштам и затао повторно ќе го цитирам проф. Тирк. Но, пред тоа сакам да укажам за оние што не се правници, дека Комисијата за меѓународно право е тело на ОН од околу 40 најдобри правници на светот, кои што де факто го создаваат меѓународното право, а се состануваат три пати годишно во траење од 12 недели. Професор Петрич од Европскиот правен факултет од Љубјана и Претседател на устаниот суд на Словенија, е член и поранешен претседател на Комисијата за меѓународно право.

Ова комисија подготвува новини што одат во прилог на мојот ius cogens, па ќе ги цитирам според Претседателот на Словенија проф. Тирк:„Посебните одредби(член 40 и 41 од нацртот) се наменети на последиците од сериозни прекршувања на когентните норми на меѓународното право. Сериозни прекршувања се сторени во случај на систематско неисполнување на когентните обврски. Во такви случаеви сите држави имаат право(значи, не само тие што се непосредно засегнати) две обврски, кои што дејствуваат дополнително, кон сите други релевантни правила на меѓународното право:(1)обврска да соработуваат со легитимни средства , за окончување на таквите прекршувања(2)обврска, да не ја признаваат положбата, која што е предизвикана со сериозно прекршување како легална и да не даваат никаква помош, со која што таквата положба и понатака би се одржувала(“Temelji mednarodnega prava«, stran 293).“

Ова одлично се вклопува и со мислењето на оксфордскиот учебник на Иан Браунли, што ни го преведе Груески, а д-р Дескоски и м-р Милошоски не го читаат.

Ова нека послужи како вовед за наредна колумна, во која што ќе го побијам и второто тврдење на Грците.

Имено, едно поглавје од учебникот на Иан Браунли се вика:«4. EX INJURIA NON ORITUR JUS(Ian Brownlie, »Principles of Publik International Law«, OxfordUniversityPress, 2008, македонски превод на седмото издание, страница 509).«

Ова поглавје нема превод, што говори за важноста на латинската максима(правно начело) што ја употребил Иан Браунли, за да го потенцира значењето на ius cogens и потребата секој правник да ја знае, кога се во прашање последици од ништавна спогодба, каква што е Привремената.

Во наредната колума, во која што ќе го побивам второто тврдење на Грците, ќе воведам нова латинска максим(правно начело), која што стои уште поблиску до конкретниов случај и ius cogens.