Дрскоста на Милошоски

„Кукавицата прв го крева стапот (узбекистанска поговорка).“

Ова е првиот од трите дисјунктивни члена на големата премиса, за прстот на Милошоски.

Иако е млад и нема животно искуство, тој сепак сака да се служи со поговорки. Се сеќавате на „бабиците“ во Словенија. Млад човек не личи да се служи со поговорки, бидејќи она што го кажува поговорката, не е веројатно дека го искусил.

Да заклучам, првата можност е Милошоски да се исплашил, па веднаш го подигнал стапот за да се заштити.

Втората можност е Милошоски да заклучил дека Македонскиот народ е исплашен од Грција, а особено Владата.

Доколку е така, тој правилно заклучил дека на Владата и недостасува природната доблест храброст.

Според Аристотел(„Никомахова етика“, глава трета) доблеста храброст е средина помеѓу пороците страшливост и дрскост. Според него стравот е очекување на зло. Стравот го чувствуваме пред сиромаштија, срам, болест, запуштеност, смрт. Во секој од наведените случаеви, невозможно е да се биде храбар. На пример пред срамот и не треба да се биде храбар. Во секој случај пак, не смееме да се плашиме од сиромаштија и болест, доколку тоа не е резултат на лошотилак.

Според Аристотел, храбар човек е тој „…кој што не се плаши од убава смрт и од ништо што може да предизвика таква смрт;тоа пак, во прв ред е војна опасност(„Никомахова етика“, трета глава).“

За храброста е важно, таа да се покаже во одбрана. „Храбриот маж не познава страв во границите на човечката издржливост. Инаку и тој се плаши од страшни работи, меѓутоа само толку, колку што треба и колку што му налага здравата памет од племенити причини;имено тоа е целта на доблеста(Аристотел, „Никомахова етика“, трета глава).“

Од досега кажаното, произлегува дека Милошоски со покажување на дрскоста, не постапил доблесно, туку порочно.

Меѓутоа, помеѓу порокот страшливост(кукавичлук) и порокот дрскост, постои не мала разлика. Според Аристотел, поголемо зло е страшливоста од дрскоста, бидејќи е поголем отклон од храброста. Дрскоста повеќе личи на храброста. Таа во страшни ситуации се појавува пред храброста. Дрскиот се обидува да го имитира храбриот:храбри се на збор и се јуначат а „…кога ќе настане вистински страшна ситуација, се скриваат(Аристотел, „Никомахова етика“, трета глава).“

Значи, дрските пренаглуваат, сакаат да се покажат уште пред да настапи вистинска опасност, а кога таа ќе се појави, тие откажуваат. За разлика од нив „…храбрите се во дејствувањата одлучни, а претходно се однесуваат мирно(Аристотел, „Никомахова етика“, трета глава).“

Дали е можно Милошоски да не знае со каква опасност се соочува?Така, Аргивците не се разликувале многу од храбрите кога удриле, мислејќи дека се борат со граѓаните на Сикион, но кога сватиле дека се борат со Спартанците, веднаш побегнале(Аристотел, „Никомахова етика, глава трета).

Но, постои едно објаснување, кое што постапката на Милошоски ја оправдува во целост. Ова, само во случај јас добро да сум ја разбрал „Никомахова етика“. Ова го велам, бидејќи еден арапски филозоф 50 пати ја прочитал „Метафизика“ и не ја разбрал.

Имено, Аристотел вели дека кога човек длабоко заглибил во порок, најдобро е веднаш да тргне во спротивен правец. Во друга крајност. А крајноста на страшливост е дрскост.

Значи, можно е Милошоски да заклучил(правилно) дека нашето живеење под СХС и СФРЈ, беше постојано контролирано од најлошите, најмалодушните, најстрашливите, кои што свесно и несвесно ги проектираа сите пороци врз Македонскиот народ.

Доколку Милошоски сакал веднаш да започне процесот на искоренување на порокот кукавичлук од Македонија, тогаш неговата дрска постапка е сосема оправдана. Обичните луѓе ги следат повеќе постапките, отколку зборовите на политичарите, а Милошоски се погрижи и за метафора со „средниот прст“, која што масата подобро ја разбира, отколку тешкиот поим дрскост.

Последниот дисјунктивен член е дека Милошоски сака да предизвика неколку шлаканици од Америка и ЕУ врз Македонија, за да може да го оправда „прекарот“ на Мирка Велиновска, стокмен за Македонија.

Ова последново е злобно и лошо, а нема ни потреба за тоа.

Доколку се употреби мојот контрасилогизам и и се достави изјава за ништавност на Привремената согласност на Грција, ние во целост го почитуваме Кант, кој што вели дека има само војна состојба(природна состојба) и правна состојба(„Метафизика морала“, Графичар, Нови Сад, 1993).

Доколку Грција не одговори во рок од 12 месеци, Македонија ќе вложи жалба до Меѓународниот суд на правдата(а не како што направи Милошоски и неговиот тим, тужба за исполнување на Привремената согласност).

Со тоа Македонија докажува дека во целост ги познава и почитува цивилизациските придобивки(Кант) и дека прави се за да се воспостави правна состојба.

Доколку Меѓународниот суд на правдата одлучи дека не ни е ускратено правото на самоопределување како норма ius cogens, тогаш Македонија треба да прифати име што најмалку, или воопшто не го загрозува културниот идентитет на Македонците. Како такви имиња во една колумна ги наведов „Република Македонија(Скопје, главен град на Република Македонија)“ и „Горна Македонија“.

Фактот што Милошоски ја напушти функцијата министер и не го сочека исходот на неговата тужба, може да значи и дека не им верува повеќе на „адвокатите“ што ги имаше ангажирано.

Набргу ќе видиме, кој од дисјунктивниве судови е точен.

За да биде поинтересно, ќе оставам читателите да уништат два од трите члена. Членот што ќе остане ќе биде мала премиса. Кога ги има двете премиси, лесно е за заклучок.

Read More

Титовите ликвидатори
(втор дел)

Словенечката ревија „Репортер“ од 10.03.2011. година наведува дека за да ја намалат штетата поради политичките убиства, комунистите формираат комисии. Во една таква седел и денешниот Претседател на Словенија проф. д- р Данило Тирк:

„Заради ликвидациите во странство се обликувала посебна комисија, а главна задача на комисијата била , да дадат политичка оценка за тоа, дали странските истражувачи во случај на конкретна ликвидација, можат да докажат било каква поврзаност со тогашниот комунистички режим во Југославија. Целта на таквите комисии била да ја минимизира политичката штета. Таква комисија, во која што беа вклучени само припадници на тогашната СДБ, била формирана и во случајот на политичко убиство на директорот на „Ина“, Стјепан Ѓурековиќ.При терористичкиот напад во Великовец сигурно имала сосема иста улога и комисијата за малцинства и иселеници, со која што претседаваше сегашниот претседател на државата д-р Данило Тирк.“

Read More

Титовите ликвидатори
(прв дел)

Во средината на 2009 година разбравме дека последната титова плата изнесувала 135.000,00 евра(4,5 милиони динари, односно 280.000,00 марки).Секој први му ја носеле удбашите на „Ужичка“ 15 во Белград, во две бакарни кутии 50 х 30 сантиметри (http://www.siol.net/Svet/Zanimivosti/2009/06/Zadnja_Titova_mesecna_placa_je_bila_280000_mark.aspx).

Повикувајќи се на западна литература, во колумната „Измама и предавство“(„Нова Македонија“ од 24.03.2010.) напишав дека Тито ги предал македонските интереси повлекувајќи 10 000 борци од редовите на грчките партизани. По ова предавство, Стаљин прекинува со Тито.

Во колумната „Голи оток“(„Нова Македонија“ од 27.04.2010.) напишав, дека се убиени околу 2 000 луѓе. Според западни извори;низ Голи оток поминале околу 32 000 луѓе, што е најмасовно прогонство во Европа по војната.

Европа и Америка молчат за ова злосторство на Тито.

Read More

Привремената согласност не може да се раскине

„Од криво дрво нема прав стап(германска поговорка).“

Од ништавната Привремена согласност не можете да направите разумен компромис.

Изминува втората година откако во една колумна во „Нова Македонија“ го цитирав Шопенхауер: „Ниедна вистина не треба да се плаши од друга. Измамата и заблудата, напротив  мораат да се плашат од секоја вистина(„Светот како волја и претстава“).“

Охрабрен што ни по толку време никој не ја оспори вистината што тогаш ја соопштив, денсе сакам да ви соопштам друга вистина.

Read More