Титовите ликвидатори
(втор дел)

Словенечката ревија „Репортер“ од 10.03.2011. година наведува дека за да ја намалат штетата поради политичките убиства, комунистите формираат комисии. Во една таква седел и денешниот Претседател на Словенија проф. д- р Данило Тирк:

„Заради ликвидациите во странство се обликувала посебна комисија, а главна задача на комисијата била , да дадат политичка оценка за тоа, дали странските истражувачи во случај на конкретна ликвидација, можат да докажат било каква поврзаност со тогашниот комунистички режим во Југославија. Целта на таквите комисии била да ја минимизира политичката штета. Таква комисија, во која што беа вклучени само припадници на тогашната СДБ, била формирана и во случајот на политичко убиство на директорот на „Ина“, Стјепан Ѓурековиќ.При терористичкиот напад во Великовец сигурно имала сосема иста улога и комисијата за малцинства и иселеници, со која што претседаваше сегашниот претседател на државата д-р Данило Тирк.“Веројатно не сте пропуштиле да забележите дека нашиот претседател( и неговата свита) во д-р Тирк гледаат како во икона, а неговиот глас за него е „глас божји“.

Претседателот на Словенија, д-р Тирк лани го одликува Томаж Ертл, шеф на словенечката УДБА во 1979.. Човекот кој што врз основа на политички насоки, организира и води меѓународна терористичка акција  со поставување бомба во музејот во Великовц, Австрија(http://www.sds.si/news/5986).

Словенците се прашуваат; како можел нивниот претседател да одликува шеф на терористичка организација?Да, Уставниот суд на Словенија во пресуда утврди дека УДБА е терористичка организација.

Типичен титов убиец е Винко Синдичиќ од Хрватска, кој што наводно денес мирно живее во Хрватска(Bogdan Sajovic, “UDBA”, Karantanija, Ljubljana, 2006).Велам титов убиец, бидејќи според “Der Spiegel”, кој што се повикува на пресуда на покраинскиот Врховен суд во Минхен од 2008 година, со која што е завршено судењето за убиството на Стјепан Ѓурековиќ од 1983, судиите утврдиле дека Тито лично одлучувал за нарачаните убиства на дисидентите.

Се укажува на тоа дека титовиот убиец е лице кое што во татковината има одреден углед во околината во која што живее. Надворешно, убиецот дава впечаток на успешен и угледен човек. Обично е сопственик на ресторан, или занаетчиска работилница. Тоа е убава завеса, зад која што може да се крие високиот животен стандард. Добри одела од познати марки, добри автомобили, патувања, техничка стока. Сево ова беше оправдувано во очите на обичниот човек со мислата, „па тој е приватник и добро заработува и може да си го дозволи тоа“. Овој впечаток го засилуваат службениците на власта, со потенцирање на неговиот имиџ на „капиталист“. Особено тоа го прават општинските службеници и даночници. Така титовиот убиец дури се претставува како човек од другата страна. Малку сомнителен за службената линија на партијата. Титовиот убиец важи во околината за угледен приватник, кој што повремено оди на терен, каде што му е се подготвено, тој ја „завршува работата“, ги прима парите и се враќа дома.

Единствен фатен и осуден титов убиец е Винко Синдичиќ. Него го апсат Британците во 1988 во Шкотска. Никола Штедул бил познат член на хрватската Емиграција. Неговата група планирала вооружени дејствија во Хрватска. Кога Никола Штедул поминал покрај паркираниот автомобил на Синдичиќ, шетајќи го кучето, Синдичиќ нешто го прашал. Прашаниот се завртил кон него, а овој го истрелал првиот куршум од пиштолот со придушувач. Првиот куршум го погодил во вилицата, а наредните три во градниот кош. Убиецот уште два пати притиснал на петлето и го погодил Штедул в глава. После тоа побегнал со автомобилот кон Единбург. Убиецот веќе седел во авион, кога Британците дошле и го уапсиле. За убиецот е несреќна околност што Штедул преживеал и покрај шесте куршуми. Во текот на судската постапка, докажано му е дека е мајор на УДБА. Британците му ја докажуваат вината и го осудуваат на 15 години за обид за убиство. Наводно Синдичиќ го извршил и најсуровото убиство над Шево, жена му и ќерка му(Bogdan Sajovic, “UDBA”, STR.102).

Синдичиќ одлежал десет години.

По излегувањето, се дал во лов на довчерашните „соборци“. Како заштитен сведок, им помогнал на Германците да го осудат на доживотна робија Крунослав Пратес за убиството на хрватскиот емигрант Стјепан Ѓурековиќ, директор на „Ина“. Тој помогнал да се уапси удбиниот агент Лука Секула. На Германците им донел во багажникот еден таков, веројатно очекувајќи награда. Германците повеле против него постапка за грабнување.

Колку им давал Тито на своите убијци ако самиот земал 135.000,00 евра месечна плата?

Крај.

  • Musso-vtor pat

    Марјан, една мала забелешка – да речеме “критика“ до адвокат. Па нормално дека криминалците, особено од калибарот на удбашки ликвидатори, знаат како да се “испазарат“. Што мислиш, Аркан што “работеше“ низ ЕУропа, освен “вообичаените“ пљачкашки походи? Онака како потсетување, не дека беше (или е) само он…“Генерал“ Готовина – независно од Хашката осуда, милиш ли дека он бил (или е) “цвеќе за мирисање“? Гадни луѓе се тоа. Делуваат опасно (само кога се во глутницаили кога ќе наидат на некој кој им се плаши или нема шанса да им врати), но во карактер се најобични (прости ми на изразот) “пизди“ и кукавици, а ако те “наимирасаат“ (а имаат осет за тоа!) дека не им се плашиш или дека може и ти нив “да ги здрвиш“, итро се обидуваат да ти станат пријатели. Искуство, “брачед“, искуство…Многу твои колефи адвокати, имаат “такви пријатели“. Затоа и ломотев едно време (иако се немам повлечено) за адвокатите, етиката на (некои) адвокати, професионалноста… Не дека ја мразам таа професија, напротив многу ја почитувам особено кога се обавува ои склад со професионалните и (секако) етички стандарди.

    Thumb up 0