Соросоиди и македоноиди (TUTTI KOMUNISTI)
(прв дел)

„Кога големите луѓе стануваат малодушни од постојани неприлики, тоа ги снашло поради силните амбиции а не поради снажниот дух…(Франсоа Ларошфуко, „Максими“, Мисла, Скопје, 2001).“

За сите Македонци, Македонија е  најголема работа. Бидејќи Црвенкоси беше, а Груески е премиер на Македонија, некако им следува она „големи луѓе“ во очите на Македонците.

Но, веќе долго, лицето на Црвенкоски е измачено и на него се гледа трајна болка. Тој е малодушен, заради своите амбиции, а еден Папа изјавил(според Шопенхауер) дека за се што ни се случува, самите сме криви.

Меѓутоа, во последно време и лицето на Груески не изгледа весело и задоволно.

Дијаспората(„Македонска искра“) повеќе од три месеци ја има обесено на насловната страна мојата колумна „Последна шанса за одбрана на името“, потсетувајќи  го што треба да направи.

Дијаспората(Комитет за демократизација на Македонија од Канада) поднесе иницијатива во парламентот да се прифати мојата „Стратегија“ за името. Според нив;тоа ќе било тест, дали Груески е предавник, или патриот.

Дијаспората заклучи од „прекарот“ на Велиновска и од заградите на Неделкоски, дека нема разлика помеѓу соросоидите и македоноидите.

Дијаспората во Австралија(радио), врз основа на „Викиликс“ тврди дека црвените линии на Груески биле:Република Македонија(Скопје), Македонци, македонски(наводно ова било речено во разговор со американскиот амбасадор Филип Рикер).

На Груески му одѕвонуваат во ушите овие мои зборови:„Доставете и на Грција изјава за ништавност на Привремената согласност.Доколку Грција не одговори во рок од 12 месеци, вложете жалба до Меѓународниот суд на правдата.“

И едниот  и другиот, не се ништо без соросоидите и макенодоидите.

Двјцата се послужија со еристички трик што го дефинира Шопенхауер, и едни на дугите си ставија погрдни имиња.

Соросоидите беа наречени така заради предавничките и анационалните ставови. Најистакнати членови на соросоидите се Героски, Ризаов, Секулоска, Јованоски и други.

Македоноидите беа наречени така(според Велиновска, нејзините колумни „Еј закочите бре мало, попадосмо“ и „Текила герила, опозицијата се антиквизира“), заради нивната неразумност, и примитивност. Најистакнати членови на македоноидите се Велиновска, м-р Павловиќ Латас, Неделкоски, Никоски и други.

Заеднички именител и за едните и за другите е комунизмот.

Најсилен доказ дека постои идентитет е фактот што здушно удираат по дијаспората и ја  задушуваат. Дијаспората е огледало во кое што тие ја гледаат својата грдотија.

Меѓутоа, сороосоидите се поразени. Откриено е дека нивниот финансиер е кодош и со нив е готоово.

Сега,  дијаспората треба да ги порази македоноидите.

Јас ги побивав ставовите на македоноидите ad rem, а не како што прават тие, ad hominem. Со колумна во „Нова Македонија“ докажав дека Никоски не може да препознае знаење. Со колумна на мојава страница докажав дека Велиновска се служи со еристичка дијалектика(забранета, бидејќи нема никаква доказна вредност). Со колумна на проф. д-р Ванковска и докажав дека не ја загубивме војната 2001. Дури и направив и совршен правен силогизам. Со колумна на м-р Павловиќ Латас му докажав дека во научно дело пишува невистини за  водачот на демократската опција во Словенија.

Моите побивања на ставовите на македоноидите датираат од 2009 година, а мојата „Стратегија“ е објавена  во 2010 година. Но, тогаш сметав дека прво треба да се порази поголемото зло, соросоидите, а  само по исклучок ги побивав македоноидите.

Еве еден таков случај против македоноидите Дарко Јанески и Миленко Неделкоски, каде што јас настапив под псевдоним.

Дарко Јанески објави на 03.12.2009. година текст под наслов „Марш на толеранција во Швајцарија за минариња“, каде што ги обвини Швајцарците за кршење на човекови права. За да избегнам субјективизам, предлагам да ја прочитате неговата колумна.

Еве како јас ги побив неговите ставови.

Продолжува…