Затвореничка дилема

Нека дели светлост оној што ја има, а за неа нека се натпреварува оној, кому му треба: првиот со воздржаност, а вториот со внимание (Валтазар Грацијан „Извор на мудроста“).

Во дипломатијата често се применува моделот „затвореничка дилема“ (проф. д-р Живорад Ковачевиќ, „Меѓународно преговарање“, Белград, 2004). Двајца затвореници заедно направиле крупно злосторство, но може да им се докаже вината само за извршеното помало кривично дело, кое влече казна од година. Обвинителот е сигурен дека сториле друго тешко кривично дело, за кое би добиле уште девет години. За жал, нема докази. Заради тоа, тој ги издвојува во посебни ќелии и ги става во иста ситуација на избор, за да ги натера да признаат. Доколку обајцата признаат, ќе им биде простено полесното кривично дело, но не и потешкото и ќе бидат осудени на девет години. Доколку само еден признае, тој ќе биде ослободен, а другиот ќе добие десет години. Доколку двајцата ја порекнат вината, ќе бидат осудени само за полесното кривично дело и ќе добијат по една година. Бидејќи луѓето сме себични, првиот затвореник размислува: „Што и да направи другион, за мене е подобро да признам. Доколку тој не признае, ќе бидам ослободен. А, доколку тој признае, јас можам да добијам десет години, доколку јас не признам“. Вториот доаѓа до истиот заклучок и двајцата признаваат, од страв од одлуката на оној другион и двајцата ќе бидат осудени на девет години.

СДС и ВМРО се криви за ПЈРМ, но сега се обвинети дека ги продале името и идентитетот. Ги ставиле во одвоени ќелии и овие размислуваат себично, СДС ќе признае и обратно. Така, СДС веќе призна и се сложи со „Северна“, а ВМРО исто така призна и дава сигнали за „Вардар“.

Јас со воздржаност поделив малку светлост со „Стратегијата за зачувување на името“, објавена во „Нова Македонија“ и предложив Америка и ЕУ да бидат затворени во две посебни ќелии заради кршење на меѓународното ius cogens, но нашиве затвореници или се преплашени, или зеле лоши адвокати, или не зеле адвокати, па им доделиле адвокати по службена должност.

Сепак, јас ќе си ја довршам мојата теза, сега со нови затвореници. Во едната ќелија е Америка, а во другата ЕУ.

На Америка и велам дека е виновна што Македонија е примена како ПЈРМ и дека и следува една година, бидејќи тоа е спротивно на членот 4 од Повелбата на ОН и судската практика на Меѓународниот суд на правдата. Истото и го велам и на ЕУ. Потоа одам кај Американците и им велам дека се автори на Привремената спогодба, која е спротивна на ius cogens и налага трајна промена на името и идентитетот, а за тоа дело се добиваат девет години. Одам во ќелијата каде што е ЕУ и нејзе и го велам истото. Во наизменичните посети во ќелиите, поттикнат од говорот на телото на затворениците, станувам посамоуверен и им соопштувам нови обвинувачки докази. Според член еден став еден од Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права:

(1) Сите народи имаат право на самоопределување. Врз основа на ова право, тие слободно го обезбедуваат својот економски, социјален и културен развој.

За да нема дилема, Меѓународниот суд на правдата во случајот „Источен Тимор“ 1995 година одлучи дека правото на самоопределување е ius cogens.

И Арбитражната комисија за подрачјето на некогашна Југославија и теоријата се единствени:

„Арбитражната комисија, начелото на самоопределување го означи како ius cogens на меѓународното право. На овој став му се придружија и видни теоретичари и стручњаци по меѓународно право (проф. д-р Вера Клопчич, ‘Европски правни стандарди за малцинска заштита, остварување и дилеми на развојот’, Љубљана, 2006)“.

Ние, пак, го искористивме правото на самоопределување како Македонци и никој немаше забелешка на тоа, бидејќи правото на самоопределување е основно колективно човеково право, од кое произлегуваат сите други колективни и индивидуални човекови права (проф. д-р Војин Димитријевиќ и други, „Меѓународно право на човековите права“, Белград, 2007). Консеквентно на тоа, правото на идентитет е исто така колективно културно човеково право и е исто така ius cogens. До овој заклучок доаѓам со примена на правното начело argumentum a maiori ad minus (заклучување од поголемо кон помало).

На пример, кој има право да бара поништување на спогодбата за наназад, тој има уште повеќе право да бара поништување за нанапред, љуи потест плус, потест минус (проф. д-р Марјан Павчник, „Аргументација во правото“, Љубљана, 2004).

Доколку Македонците имаа право да се самоопределат и да речат оваа земја е наша, тие уште повеќе имаат право да речат: овој е нашиот идентитет.

И на Америка и на ЕУ уште им реков дека Европскиот суд за човекови права веќе ја казни Грција за кршење на културните права на Македонците во Грција, во предметот „Сидиропулос и други против Грција“, па со примена на правното начело a fortiori ratione (дотолку повеќе), тој ќе ја казни Грција за кршење на културните права (идентитет) на Македонците во Македонија.

Бидејќи Европскиот суд за човекови права не ги зеде предвид приговорите на Грција, заклучувам дека ова одлука на судот може да се користи како  res iudicata (пресудена работа) во евентуалната апликација против Грција, што ја предложив во колумната „Противнапад“, објавена во „Нова Македонија“. Повеќе од очигледно е дека Европскиот суд за човекови права ја сметал за ништавна одредбата на која се повикува Грција. Во спротивно, судот би морал да одлучи по приговорот на Грција, бидејќи прашањето за надлежност на судот е од прејудициелно значење.

Значи, судот заклучил како и јас во „Стратегијата за зачувување на името“: quod nulum est, nulum producit effectum (што е ништавно, нема никакво дејство).

Под притисок на моите аргументи, Америка и ЕУ признаа и им беа изречени казни од под девет години.
Меѓутоа, набрзо дојава на бел коњ претседателот Ѓорге Иванов и ги „помилува“. Ние влеговме во ЕУ и во НАТО и среќно си живеевме.

Објавено во Нова Македонија на 17 септември 2010

  • Musso

    Еве го мојот коментар кој е постиран (но сеуште не и објавен, ако воопшто и биде) во Нова Македонија.

    Марјан, пред да го прочиоташ маилот кој (ќе) ти го пратам, малку доцнам – ама ќе одгoворам, да ја продискутираме оваа “истражно – судска“ постапка.

    Имено, во “симулацијата“ утврди и “успеа“ да докажеш вина и на обајцата “строители на тешкото кривично дело“. Ете успеа да издејствуваш и максимална (или објективна, релана, заслужена) казна “од по девет години“. Но, пријателе, што правиме со штетата? Пример: обвинетите се осомничени и за физички напд и нанесување телесни повреди на едно лице, и воедно за кражба на (да речеме) две илјади денари , од истото тоа лице – кое ќе го идентификуваме како жртва на двете кривични (криминални) дејствија. И ете признале и кривичниот суд им “отфикарил“ по девет години. Но тоа е казна која им следува по основ на сторрено кривично дело, а врз основа на обвинение покренато од јавниот обвинител.

    Но што правиме сега со “жртвата“ – оштетеното лице? Кај него постои штета. И тоа голема и повеќекратна, па можеби и ненадоместлива штетата (амери би рекле severe and irreparable damage).

    Прво, оштетен е со кражбата на двете илјади денари (кои обвинетите ги прокоцкале, испиле, изеле, а немаат што да им се земе). Покрај таа штета следува и штета – трошоци за лекување (оштетениот немал “сино картонче“ и си платил неколку стотини евра за лекување. Натаму, оштетениот – жртвата додека била на лекување изгубила добивка – приход, дсоход кој би го оставрила дококу не била нападната, не и биле одземени двете илјади денари, не изгубила три недели болничко лекување и две недели домашна нега. Натаму, од менталниот стрес – напад, физчки повреди, страв, уплав… жртвата е и натаму “деловно способна“ но не може (подолго време или трајно) да “стопанисува“ и сега оставрува (да речеме) 25% помалку доход одошто би остварувала кога не би се случил “криминалниот настан“. Кој и како ќе ја надомести оваа штета. Најверојатно ќе ме “посоветуваш“ дека во практиката, треба да се покрене приватна тужба со барање за надомест на штета, користејќи како доказ пресуда дека окривенниет се правосилно огласени за виновни.

    Сега има две варијанти каде и во двете, виновниците за кривичното дело (најверојатно, иако кај нашите судови не е секогаш така), ќе бидат здолжени да ја надоместат сета (можна и докажана) штета, а првата варијанта (1) е со “извршител од нивниот имот или сметки“ да се надомести штетата, а втората (2) (скоро по правило доминантна) е варијантата сторителите да немаат нити имот нити парични средства и нема што и од каде да им се наплати. Мислам дека во вторава (најчеста) варијанта, судот може да им “отфикари некоја година фазла“, но и тука ќе се појави некој претседател кој и не мора да е Ѓорге Иванов, а ни Бранко Црвенковски, и по повод некој “празник“ да им “плесне“ по едно помилување или скратување на казната “због заради доброг владања“.

    И сеа шо?

    Што со жртвата која е ДЕБЕЛО (а можеби и ТРАЈНО) оштетена и која на крајот го добила “од трите подолгото“ – некаква “сатисфакција“ дека виновниците се откриени и со нив е постапено “согласно Уставот и законите“, а од надоместокот на штета која можеби во вакоев еден “хипотетеичен“ пример е преку 50-тина илјади евра, пари кои жртвата едвај може да ги заработи за период од 10 години и тоа под услов да има примања (нето) од околу 500 евра месечно.

    Е, Марјан, сега што е според тебе побитно или поефектно (или позначајно за жртвата): дали “сатисфакцијата“ дека ја “откривме Америка“ односно виновниците се казнети (а секогаш ќе дојде “прецеднико на бел коњ да ги помилува“), и/или на жртвата да и’ се надомести штетата од преку педестина илјади евра, па макар виновниците да бидат осудеи и условно на “шест месеци“?

    Место за дебата нели?

    ОК, каснам со мојот одговор, а на истото место може и да ја продолжиме дебатата, ако е доволно интригантна.

    П.С.

    Жртвата, и покрај “ќотекот што го изела“ и без да бидат казнети виновниците не го изгубила својот “личен опис“ – идентитет, а и да го “подизгубила“ има естетски хирурзи демек оние кои “пластичари ги викаат“ и кои можат целосно да го вратат “личниот опис“ ама и на жртвата да и креираат комплетно нов (за пари , разбира се). Овдека сигурно ќе се “налепат“ оние ки “би ја искористиле приликата“, кога се веќе тепани (можеби и онадени) како и изобличени од ќотек, да се стекнат со нов “личен опис“, доколку “виновниците“ (или некој за нив) потфралт некое евро фазла за да не бидат гонети за надомест на штета, што пак може да им обезбеди статус “на добро-владајуќи момци“ што однапред “гарантира“ поблага казна, или дури и ослободување од казнено – кривичното гонење, што нема да биде ништо необично кога се има подебело купче на пари на рсполагање.

    Thumb up 0