Трговија

„Филозофијата лесно триумфира над злото од минатото и она (за) во иднина, ама сегашното зло ја надвладува неа („Франсоа Ларошфуко, „Максими“).“

Кога се разбра за должничкото зло на Грција, кое што денес изнесува над четиристотини  милијарди евра, некои земји на ЕУ, гневни заради лажните извештаи што биле доставувани до ЕУ, преку своите медиуми и порачаа на Грција да ги продаде островите за да се раздолжи.

Грците навредено одбија.

Во Словенија, сите се сложија дека Грција нема да ги врати силните милијарди што ЕУ ќе и ги даде. Зошто тогаш ЕУ и дава толку милијарди на Грција, прашуваше словенечката јавност? Немаше логично објаснување, па некако природно беше, да се обвини капитализмот и шпекулантите.

Меѓутоа, пострпливите, направија компарација со платата што ја добива еден словенечки работник и еден грчки работник. Оваа анализа покажа, дека грчкиот народ, во целина, имал убав стандард и убаво живеел. Бројките беа во прилог на грчкиот работник (скоро двојно), а сега тој словенечки работник кој што работел грижливо, штедел, се пензионира подоцна од грчкиот, треба да издвои околу четиристотини милиони евра за Грција во наредните три години. Додуше, во форма на заем, на кој што Грција дури има обврска да плати еден процент повеќе, отколку што тоа ќе ја чини Словенија, ама компетентните Словенци му рекоа на народот дека е тоа лага и дека Словенците уште сега треба да се простат од тие пари. Народот стана гневен. Синдикатите нервозни.

Се јавија други пожарникари со теза дека го спасуваат еврото. Гневот не се стиши.

Други рекоа дека се работи за Европа. Ни тоа не помогна.

Излезе министерот за финансии и рече дека Словенија само и ја позајмува на Грција својата кредитна способност. Никого не го убеди.

Во првата половина на мај, лидерот на опозицијата на Словенија Јанез Јанша, учествуваше во телевизиска емисија. Во присуство на поранешниот министер за финансии професор Макс Тајникар, поранешниот гувернер и сегашен министер од економска област Митја Гаспари и уште еден на кој не се сеќавам, Јанез Јанша изјави нешто, што според мене, јавноста го прифати како добра причина.

Парафразирано кажано, Јанез Јанша рече дека ЕУ и дава милијарди на Грција заради Аристотел и Платон. Ниту учесниците, ниту новинарот ја коментираше ова изјава.

Колку што ги следам работиве, словенечката јавност не ја коментира ова изјава. Како да ја прифати и како да го изгасна пожарот што се закануваше да ја изгори и Словенија.

Што може човек да заклучи од досега кажаново.

Се обидов да си помогнам со условно заклучување и го направив следниов дисјунктивен суд:

Или ЕУ е премногу великодушна и од благодарност кон Аристотел и Платон за денешна ЕУ ги даваат милијардите, или Грците направиле трговија, па наместо островите ги продале Аристотел и Платон како робови, кои што и онака се остарени и за ништо не служат (подолу ќе стане јасно, зошто би можеле така да размислуваат Грците).

Да беше ЕУ толку великодушна и благодарна кон Аристотел и Платон, не ќе ја малтретираше Македонија дваесет години. Значи ги купиле како робови. Евтино. Нешто што не може да се плати со пари е продадено така евтино.

А Грците, како се испазариле? Ќе имаат ли право во иднина да ги нарекуваат Аристотел и Платон Грци?

Овој детаљ од пазарот, многу ме интересира, заради тоа што Република Македонија не смее да се нарекува Република Македонија. Барем колку што ми е мене познато, во Грција досега Јанез(односно Јоргос), не изјавил дека ја купил Македонија.

Диоген Лаертие не известува за една историска личност, која е истовремено поучен пример. Аристип имал се што човек може да посака. Убав бил, паметен и богат. Ученик на Сократ и во голема милост кај владетелот Дионизие, со многу пријатели. Ја уживал и наклонетоста на најубавата хетера Лаида, за која што Демостен потрошил цело богатство.

Но, Сократ и Платон не биле воодушевени од него, а вториов често го критикувал.

Во случајов е најбитен настанот, кога некој му го донел својот син да го учи, а Аристип побарал награда од 500,00 драхми. Кога таткото на детето му префрлил дека за таа сума ќе купи роб, според Лаертие, овој му одговорил:„Купи, па ќе имаш два.“

Но, што доколку таткото се премислил и му платил на Аристип 500,00 драхми?

Аристип, според Лаертие, учел дека е подобро да пропаднат парите заради Аристип, отколку да пропадне Аристип заради парите.

Доколку е така, станува јасно, зошто денешниов Грк вели, подобро да пропадне еврото заради Гркот, отколку да пропадне Гркот заради еврото.

  • montehristo

    Во превод:
    Подобро Македонија да пропадне заради Комунистите, отколку Комунистите заради Македонија.

    Thumb up 0

    • montehristo

      Онака преносно: Слушај ме Ќерко, Сети се Снао.
      Ама на снаата изгледа не и работи кликерот баш толку добро.

      Thumb up 0

  • ТРГОВИЈА! Адекватно избран термин. Елада која инаку и Грција ја нарекуваат, јасно кажува дека некои си “скопјаниос“и ја “крадат историјата“. И додека сите нормални се чудеа како тоа се “краде историја“, елиниќани од петни жили напињаа да покажат и докажат дека некои си “агли скопјаниос“ мора да се уништат зашто ако опстојат, ќе нема на што елиниќани да “прават пари“. И ете се покажа дека биле “во право“. Скопјани, кои себеси фајромци се нарекоа, сеуште преживуваат, па каде преживуваат, уште и се силат дека немаат намера да се откажат од самите себе и тоа баш сега кога ЕУрозаебанцијата секој ден се повеќе тоне во финансиска бездна, а на елиниќани им се неопходни неколку стотоини милијарди еура. Ај каде “агли скопјанионс“ прават проблеми, туку и Бугарите станаа Еуропајаци, а Албанците се НАТО-сила. Каква врска има сето ова со проблемот на Словенија што го има со Грција? Е па има. Додека Бугарија беше “кандидат“ за “вол кој сака да стане Јупитер“, а Албанија неможеше ни да сонува за НАТО, Еуропајацаите каде и Словенија беше веќе членка, имаа една ајдутска манипулација коај се нарекуваше ФАРЕ (PHARE) додека Словенија беше “корисник на тие средства“, за подоцна да го исмислат она рабојничко крадење ЕУропајачки буџетски пари – Cross-Border cooperation.
    На име ФАРЕ кој наводно на фајромот (којзнае за што?) му “обезбедувал“ околу 3 милијарди еура коџомнити во фајром инвестирани, се слеваа во џебовите на елиниќани. Ама од тоа “фарето“ уште десетина милијарди наменети за Бугарија завршуваа кај елиниќани, а и околу 5 такви милијарди еура одеа кај елиниќани иако беа книжени на конто на Албанија. Логично прашање како тоа било можно односно што праеле владите на овие змеји?

    За елинската влада знаеме што правела, ама што правеле другиве влади? Одгворот е НИШТО, освен што за свои “персонални потреби“ на квази елитите кои си ги градеа им обебзедуваа по 1-2%, и по 8-10% за бриселските “контролори“. Сега, 1-2% е мал процент, ама тој процент за преобразените комуњари – ортодоксни копуци во овие земји, вклучително и фајромија во апсолутен износ изнеусваше десетици милиони еура! Секако помните дека никако не ви беше јасно кои се тоа тешки милиони еура што доаѓаа во Македонија која самите фајромија си ја нарековме и како тиа милиони не биле доволни за “реформирање на комуњарската администрација“? Она ФАРЕ (PHARE) сатана малку “незгодно“ оти оригиналното име означуваше Poland and Hungary – Aid for Reconstruction of their Economies, а парите се наменуваат за некакви си источни, западни и не знам какви Балкани, па измислија Cross-Border Cooperation демек како меѓугранична соработка – и тоа во време кога меѓуграничната соработка помеѓу Елада и фајромија беше реализирана со ЕМБАРГО кое не било легално, ама пошто е од земјата на Аристпотел и Платон, според тврдење на елиниќани, морало да ст ретира како да го нема, а и во фајромијата иамше “државотворови“ кои се офајдуваа (во милиони еура) од тоа ембарго, па никој не ги есапеше милијардите кои завршуваа кај елиниќани.
    Додека Словенците мислеа дека свршиле работа со влегувањето во “друштвото на богови на чело со Јупитер“ и (неспорно) паметното откачување на ММФ, елиниќани им се правеа богови, оти, нели Олимп – седиштето на боговите било во Елада, па иако имаат национален производ еднаков на нула (во споредба со словенечкиот) си доделуваа боговски плати (во администрацијата) пензии, стимулации за земјоделски производи и тутун(!?) кои скоро и да не ги произведуваа, или нешто и произведуваа, ама сигурно во 10 пати помали количини одошто прикажуваа. Така Словенците помилија дека е доста со конзерватизмот и деницата па си избраа власт во склад со декларираните ЕУропајачки “левичарски“ бирокретенски “вредности“ која за да опстане мора да раскажува прикаски пеземени од елиниќанста (лажна и фалсификувана) митологија. Арно ама мора да се задолжат 5 милијарди еура од кои најмалку 3 за елиниќани, а за кои Мрајан Попески, како и Јанез Јанша, сватиле дека елада нема намера да ги врати, а што “индуктивно“ логички кажува дека ќе треба да бидат платени од словнечките граѓани чијашто просечна плата е помала од грчката просечна пензија!
    Едни други на С, ама Словаци, не Словенци, нешто немаа баш многу слух и осет за “солидарност со боговите“, не се замараа со читање на Аристотел и Платон, а Демостен им звучи како клингонец од “Ѕвездени патеки“, па едноставно рекоа НЕ, на бриселските ЕУроазаебанти. И сеа шо? Е па ништо, има октроисани (корумпирани или лесно поткупливи) влади во класата држави кои се третираат како “волови кои сакаат да станат богови“, незгодниот Кашински (оној од Полска) го сменија со “проевроспки“ биселски послушник, а Чехот, кај и да е ќе го “легнат на брашното“. Ама остана фајромот. Клети фајромци сега се сетија “име и идентитет да не даваат“, а за бељата да биде поголема прават и “антиквизаторски“ споменици кои инаку елиниќани реадо би ги трампале за некоја милијареда еура. Пиљара и искомпомитиран “медиумски магнат“ од типот на Керим-Ага не вршат работа, а и досегашните проценти кои им се даваа не ги сработија. Комунистите – колумнисти слабо се снаоѓаат, а главниопт “фајромотворец“ има шанси да се добере до власт 9во фајромија) од едвај 8%. Капак на сето е “некој си Иванов кого Дорис Пак никогаш не го сретнала“, а кој пак “случајно станал прецедник“ и спомнува разум! А како може “двојна формула“ да биде разум? Како тоа да го сфати Геро, Чом, Ива (алијас Биљана), косоварот Сашо О. Како експертот, бивши НАТО-вец, пропали кандидат за прецедник и (жали боже) професор на политички науки (!?) Нано Ружин да убеди “неразумни фајромци“ дека Албанија добила 3,5 милијарди еура затоа што станала членка на НАТО и дека таму има бум и економски процват незабележани ни во елада? Може да проба да ги убеди Словенците?

    А да, ќе заборавев, темата е ТРГОВИЈА, односно по елиниќански – продавање мадиња за бубрези. Арно ама на елиниќани мадињата (добро, може и турскиот збор – ташаци) им се исушија од многу врескање на воени паради, а фајромци “им го украдоа Александрос“ со мегалос (мудакис), Демостен – галамџијата, одамна (преку 23 века) е богу на исповед, а Јоргос, кај и да е, се спрема да демисионира – нема што да продава, а дури ида му преостане нешто, нема кој даму го купи, следствно и нема кој да му плати. А Аристотел и Платон не се на продажба. Ако за се има Master Card, сепак филозофијата (науката и мудроста) е бесценета – нити се купува, а уште помалку продава – за пари!

    Thumb up 0