Паулијанска тужба

Со паулијанска тужба се побиваат правните дејствија на должникот.
Одредби за паулијанската тужба има во Законот за облигационите односи, член 269-274.
Одредби за паулијанската тужба има и Законот за стечај, член 172-188.
Во Словенија, паулијанската тужба најчесто се применува во стечајната постапка, од страна на стечајниот управник (преку адвокати), доколку утврди дека е оштетена стечајната маса.
Со тужбата се побиваат правните дејствија што ги превзел должникот со цел намалување на својот имот и оштетување на доверителите.
Правно дејствие е секое дејствие кое што има одредени правни последици-правна последица на правно дејствие може да биде, било престанување на обврските, било настанување на обврски. Под правно дејствие се подразбира и пропуштање на тие дејствија. Предмет на побивање во стечајната постапка може да биде секое правно дејствие, кое што се однесува на имотот на должникот.

Превземете овде Word верзија од
Паулијанската тужба спремна за пополнување.