Како се поднесува жалба до Европскиот суд за човекови права

Да ја натераме владата да ги почитува човековите права. Масовно поднесувајте апликации за прекршување на човековите права. Тоа е најефикасен инструмент, македонската влада да биде натерана на суштински промени.

Read More

Договор за продажба на користен подвижен предмет (член 442-539 од ЗОО)

Овој договор е уреден со Законот за облигационите односи. За неговата важност не е задолжителна писмена форма, но во пракса, најчесто се склучува во писмена форма. Во случај на продажба на користен автомобил, други прописи налаггат писмена форма на овој договор.

Read More

Договор за дело (член 619-648)

Договорот за дело е уреден со Законот за облигационите односи (член 619-648).
Со договор за дело вршителот на работата (претприемач, изведувач на работи) се обврзува да изврши определена работа, како што е изработка, или поправка на некој предмет или извршување на некоја физичка или интелектуална работа и слично, а нарачувачот се обврзува за тоа да му плати надомест.
Со член 647 од овој договор се воспоставува залог и хипотека по сила на закон, во корист на вршителот на работата, кој обично е подизведувач во градежништвото, или занаетчија, кој што го менува местото на престојот и нема можност за водење парници, па законодавецот решил специјално да го заштити.

Read More

Договор за асигнација (член 1059-1073)

Договорот за асигнација е уреден со Законот за облигационите односи (член 1059-1073).
Со асигнација едно лице, упатувач (асигнант) овластува друго лице, упатеник (асигнат), за негова сметка да изврши нешто за определено трето лице, примач на упатувањето (асигнатор), а него го овластува да го прими тоа извршување.

Read More

Тужба за раскинување на договор (член 476 од ЗОО)

Купувачот, кој што за недостатокот благовремено и правилно го известил продавачот има право да бара раскинување на договорот.

Read More

Тужба за штета заради помала површина на недвижноста (член 476 од ЗОО)

Купувачот, кој што за недостатокот благовремено и правилно го известил продавачот може:

  1. да бара од продавачот, недостатокот да го одстрани, или да му предаде друг предмет без недостаток (исполнување на договорот),
  2. да бара намалување на цената и
  3. да го раскине договорот.

Во секој од наведените три случаеви, купувачот има право на надомест на штета.

Read More

Тужба за враќање на платената цена (член 472 и член 492 од ЗОО)

Купувачот мора во известувањето за недостатокот точно да го опише недостатокот и да го повика продавачот да го прегледа предметот.
Доколку продавачот во примерен рок не го поправи, или не го замени предметот, купувачот може да го раскине договорот, или да ја снижи цената и да бара оштета.

Read More